1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Помош за очајни домаќинки

Дискусија во 'Дом' започната од blond, 27 јануари 2011.

  1. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.683
    Кој ти е крив што си ќутела толку време дека знаеш за смесава, сега не се важи :P

    Иначе е врв и за инстантно белеење на забите. Значи, не за секојдневна употреба, туку само ко за на прв состанок на пример (пазете само ко Рос да не се направите), за по забави, свадби и слични настани :makeup:
     
  2. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.751
    Пол:
    Женски
    Се продаваат по маркетиве едни средства баш за обезбојување на алишта ,но и поскапи се околу 200 денари,па не знам колку се исплати .
     
    На Doozy му/ѝ се допаѓа ова.
  3. kikav

    kikav Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    2.034
    Практичните совети се секогаш добредојдени за во секое домаќинство и за во секоја кујна...

    Пире со лимон

    Како да го подобрите вкусот на пирето? Додадете малку наренсана кора од лимон или поголемо парче лимон кое по готвењето ќе го извадите. Додека ја рендате кората на пирето внимавајте да не ја изрендате белата кожичка од лимонот која е горчлива.

    Необичен спој

    Ако често печете риба во рерната, обидете се крај лимот за печење да ставите едно лонче во кое предходно сте ствиле една лажица вино и портокал исечкан на кругчиња: рибата ќе има необичен префинет вкус, а мирисот нема да се шири по станот.

    Исчистени ореви

    За полесно да ја отстраните тенката внатрешна кожичка од оревите или бадемите, оставенте ги неколкку часа во млеко или топла вода во која предходно сте додале малку сол. Потоа кожичката ќе се одлепува со минимален напор.
     
    На MissDior му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.096
    Допаѓања:
    155.661
    Не мор,додавам само дополнителен начин за изигравање на домаќинлук,па онда следи еден добар маникир и ништо не пипкаш по дома! :D
    А што се однесува до белење заби,не препорачувам на оние кои имаат бели поломби. Не знам дали беше до смесава,ама на мајка ми и падна пломбата после тоа и ме мразеше цела недела,иако тврдеше дека не! :D Затоа не го препорачав,совеста некако не ми дава,ама ако проба уште некој или Ана стручно да ни објасни,во ред! :D
     
  5. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.683
    Ај уште еден натпис за содата, се извинувам однапред што е на српски.

    Čudo zvano soda bikarbona

    Natrijum bikarbonat, koji se popularno zove soda bikarbona ima veoma široku primjenu: u kuhanju, pranju, liječenju, kozmetici… Možete je nazvati i prahom sa čudotvornim dejstvom, jer je utvrđeno da čak pomaže i u liječenju teških oboljenja, kao što je rak. Donosimo vam par primjera njene upotrebe.

    •Koristite je za začepljene odvode. Naspite 100 grama sode u odvod, a zatim prelijte sa najmanje pola litre vrele vode. Za još bolji efekat, koristite sodu i alkoholno sirće.
    •Može se koristiti i umjesto omekšivača za rublje.
    •Soda bikarbona će ublažiti neugodni miris kante za smeće. Naspite sodu u kantu i ubacite novu vreću za smeće.
    •Frižider ili zamrživač čistite vlažnom krpom i sodom bikarbonom. Nakon toga isperite čistom vodom.
    •Ona će, takođe, upiti i mirise iz vašeg frižidera. Naspite je u posudu i ubacite u frižider te je promiješajte s vremena na vrijeme. Mijenjajte je svaka dva mjeseca.
    •Možete je koristiti za čišćenje kade, umivaonika i WC školjke.
    •Čak je dobra i za pranje posuđa. Dodajte malu količinu vodi za pranje, a od nje nećete imati alergijsku reakciju kao što se zna desiti sa pojedinim deterdžentima.
    •Plastične posude u kojima skladištite hranu ćete najlakše očistiti sodom bikarbonom.
    •Isto tako, njom možete očistiti i sve šerpe, tave i tepsije.
    •Čišćenje rerne ne mora biti noćna mora! Naspite sodu i malo vode te ostavite da odstoji preko noći. Ovo će vam pomoći da sledeće jutro lakše očistite rernu.

    •Ubodi komaraca mogu biti veroma bolni. Međutim, riješićete se bola, ako na ranu nanesete pastu koju ste napravili od vode i sode bikarbone.
    •Soda bikarbona je dobra i za liječenje opekotina – stavite malo sode na vlažnu krpu te prinesite na opekotinu.
    •Soda bikarbona će vam pomoći i da se riješite neugodnog mirisa iz obuće: dovoljno je da je samo pospete po obući.
    •Da biste dobili svjež dah, isperite grlo sa pola čaše vode i prstohvatom soda bikarbone.
    •Možete je koristiti i kao dezodorans ispod pazuha – nanesite malo sode ispod pazuha i znojenju je kraj.
    •Da omekšate kožu, dodajte 60 grama soda bikarbone u vodu koju koristite za kupanje.
    •Možete je koristiti čak i za čišćenje lica. Pomiješajte je sa vodom (potrebno je da se formira pasta) te isperite lice. Imaćete osjećaj da vam je lice veoma čisto.
    •Ona neće naškoditi ni vašim kućnim ljubimcima: akvarijum ili korpa za mačke ili pse će biti osvježeni, ako ih čistite sodom bikarbonom.
    •Ne kosristite cvjetal ili druge hemikalije za biljke: ako u dvije litre vode stavite jednu kašiku sode bikarbone i svako toliko zalijevate svoje biljčice, one će brže i ljepše cvjetati.

    Извор
     
    На kravce, Artemission и sunfemina им се допаѓа ова.
  6. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.349
    Фурна од шпорет ако се чисти вака како што кажува во натписот, не ми се верува. Секакви пени пробав за фурна, нашприцај, остави да одстои и пак рибај, и пак не се извади се. На стаклото најтешко ми е да тргнам загорена дамка. Само еден гел досега ми ја има светнато целата како нова, ама киселина е некоја, со страв ја премачкувам и гледам да не капне кај не треба или да не отиде по гумата од страните. Ќе пробам со сода, баш да видам, ама чисто ми е сумливо дека има таква сила во неа. :^)
     
  7. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.847
    Дечки, на надворешниот дел од машината за садови се појави флека, изгледа како да е од лепак и земав да ја забришам и само направив да се познава уште повеќе. Не се чисти ни со средство за мрснотии. Чаре?
     
  8. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.683
    Немој така негативно уште непочната :wasntme:

    Види, не знам какви ти се дамките на рерната, ама мене ми ги исчисти :) Јас плус, после отстојувањето цела ноќ со сода, ја светнав и со алкохолен бел оцет.

    Ако ова не ти помогне, се знае што - фамозната „хидроген 3% + сода“ паста, која можеш од старт да ја пробаш, не мора она претходното, да не ти се дуплира работата.

    Баш пробај и кажи :)
     
  9. LaChiquita

    LaChiquita Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2010
    Пораки:
    592
    Допаѓања:
    476
    Имам плахар со лизгачки врати од медијапан но во црна боја. На него ужасно се познааваат прсти :(
    Никако не можам да го исчистам како што треба. Пробав со политура, со Пронто, со обчно средство за стакло...само се размрчкува и никако да ми се изедначи површината. Кога внатре свети струја ништо не се познава, ама на сонце... :@
    ајде хелп за ова
     
  10. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.084
    Допаѓања:
    101.740
    Пол:
    Женски
    Со средство за стакло со поголема концентрација на алкохол, Спин и Арф ми се најдобра опција и се разбира со памучна крпа, не со магични и не знам ти какви специјални за прашина, оставаат или влакна или замачкуваат. ;)
    Среќо, пробај со Смак, малку е појак, или со Арф, но нека биде од оние кои се за чистење на рерни и шпорети, тие се најјаки, Смак Диграсер, тој мене ми е за се. Ако не успееш со средства обиди се да ја дешифрираш флеката од што е па да ја исчистиш, ако е лепак можеби отстранувач на лак за нокти без ацетон.
     
    На Srekicka му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.096
    Допаѓања:
    155.661
    Абе едно глууупо прашање. Со ова смесава можам да исчистам бела кожа?! Некако се појавија жолти дамки, флеки... Јас мислам дека ќе ја оштети,ќе ја разјаде,ама што знаеш па... Или дајте некоја алтернатива.
     
  12. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.280
    Лилит, кај ќе чистиш на полноќ, легни си чедо, касно е :D
     
  13. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.096
    Допаѓања:
    155.661
    Сеси,на нервна база ми е,ќути,остај! :D
    Ме нервираат тачкиве, ми ги попречуваат чакрите за креативно размислување! :D Ќе фатам со коректор ќе ги избелам!
     
  14. feferona

    feferona Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    166
    Допаѓања:
    94
    Имам едно фустанче од свила, па за првпат се решив да го носам и ко за беља го залепив со пегла. Мислам лепење со пегла од прв степен (не остана парчето на пеглата) :lol: ,само на светлина може да се примети, па некој совет не е на одмет.
     
  15. homealone

    homealone Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    1.286
    Допаѓања:
    361
    Пол:
    Женски
    не ми текнува ништо друго освен да пробаш да го офарбаш со боја за облека во некоја потемна боја па да не се приметува
     
    На feferona му/ѝ се допаѓа ова.
  16. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.340

    Изгорено си е изгорено и ништо не го поправа :(
     
    На feferona му/ѝ се допаѓа ова.
  17. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.349
    Во ниедна аптека мене не ми продаваат хидроген. Не чувале тоа веќе некоја година, нели лондон 2005, да не купи народ за бомби да прави. Нема, освен ако ја прашам ветеринарката да ми даде ако се смилува во едно шишенце.
    Оваа смесата што е за фарби пише содржи хидроген пероксид. Ама не пишува колку процентен е. Знае некој?Не за чистење, оти `евтино` ќе ми се фане така, туку да пробам за ноктиве по совет на Лилит, од црвениот лак ко на пушач од две пакли на ден ми се станати.
     
  18. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.683
    Не не, тебе ти треба САМО Хидроген Пероксид 3% (тој што е за чистење рани, најчесто се наоѓа во First aid kit-от), и е различен во јачина од хидрогенот за боја за коса. Пази да не направиш некаква беља на кожата/ноктите...
     
    На imelda му/ѝ се допаѓа ова.
  19. cecilia

    cecilia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    1.195
    А може ли некој да сумира:
    како се подготвува смесата и за што се може да се користи?
    please? :wasntme:
     
  20. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.683
    Хидроген пероксид 3% (за чистење на рани што е) се меша со сода бикарбона (соодност нема, се става онолку колку да се направи смеса како паста). Ако сакаш поретка, за да ја истуриш некаде без да ја размачкуваш - ставаш помалце сода и тоа е :)

    Иначе се користи за СЕ` - од чистење во домот, до дезинфицирање на играчки, чистење на овошје/зеченчук (уништувало 99% од бактериите и прсканото), ете Лилит предочи и за чистење на жолтилото од ноктите, за белеење на забите (ова само инцидентно, не секојдневно)....и за се` друго за кое ќе ти треба смеса за чистење :lol:
     
    На cecilia и sunfemina им се допаѓа ова.