^ Не бре, какво разјадување, чисти ненормално - испробана техника А под чистење мислам на се` - од кујна (се` во кујна, сите апарати, подот), ВЦ (и таму се`), до се` на што му треба дезинфекција Го чистам и штофот на мебелот, чисто за дезинфекција (или со смесава, или со вода и сода, како ќе ми дојде), играчките на малата, столчето за хранење (иако е дрвено)....и.....ако ми текне уште нешто ќе допишам Нема штета НИКАКВА од оваа смеса, освен можеби на заби, ако пречесто се употребува, и на нокти (нека каже Лилит дали има некакви последици) и толку. Мада, не ми се верува да има на нокти, со оглед на тоа што чистам со неа без ракавици, па ништо не ми станало до сега.....
Исто и кај мене. Само јас си најдов една волнена крпа и го бришам плакарот само со неа и со ништо друго. Не користам никакви средства бидејќи само повеќе ми замачкуваат.
Феминки помош, сабајлево се извалкав од крв. Не бев во можност веднаш да ги исперам фармерките. Со што да ги исчистам, за веднаш знам дека се става во ладна вода, но ова веќе е засушена крв.
Пак во ладна вода накисни ги, нека постојат подолго време. После нормално испери ги, не би требало да има ништо. Барем јас имам доста искуство со перење фармерки со крв Јас за овошјето и зеленчукот читав друг трик - и тоа лани летоска кога низ Западна Европа беше актуелна епидемијата на ешерихија коли. Најдобар начин за чистење на овошјето и зеленчукот, прво да се испрскаат со 3% хидроген, да постојат така, да се измијат и после пак да се испрскаат со алкохолен оцет. Повторно да постојат и да се измијат, гарантирано се уништуваат 99% од бактериите. Ако може и со сода супер, ама јас мислам дека ќе се разјадат иако Моира вели спротивно. Треба да видам изгледа
Како да извадам стврдната мастика од дрвен мебел, без притоа многу да го оштетам? Пробав само да ја тргнам, и кога повлеков посилно излезе, но ми останаа траги на мебелот и мал дел од мастиката кој што со ништо не можам да го извадам. Anyone?
Да го пробаш ова со путерот http://www.kafepauza.mk/zivot/kako-da-izvadite-mastika-od-kosa/ или читај овде... http://answers.yahoo.com/question/index?qid=20090113135528AA5ohgN http://www.ehow.com/how_6404512_remove-gum-wood.html
Да ја поминеш со мраз ,односно да го држиш малку мразот на самата мастика и откако é се стврдне многу лесно ќе ја извадиш.Мразот можеш да го ставиш во кесичка за да не го натопи мебелот.
Јас ти препорачувам на рака...... Со сосема малку млака вода и некој "благ" детергент. Јас имам јакничка/палто од скај и кога го купив ми кажаа, одржувај го само со влажни марамици, со бекутан масло или со влажна крпа со млака вода.... Во машина внимавај, центрифуга... повисока темпаратура.... да не се излупи и испука скајот..
Фала ти, го исправ со млака вода и Ариел - колку е благ не знам, мислам дека не се излупи ама уште не можам да видам дали избледе многу бојата. Како и да е мораше да се испере, а за хемиско немав ни време ни пари во моментов.
Купив денес една блуза, црна е и на неа имаше залепено една најлонска етикета со бројот/големината на блузата. Кога ја одлепив етикетата остана трага од лепакот на блузата. Не знам што да и правам, а да не ми остане флека. Мислев да ја ставам во фрижидер за да се стврдне лепакот, па можеби полесно ќе излезе, но не бев сигурна, па ја оставив така во ладна соба да се стврдне. Сте имале ли вие вакво искуство, што да и направам?
пробај со пегла загреана и врз лепакот стави весник и со загреаната пегла настапи го лепакот можеби ке испадне
бидејќи со цимерките планираме свечено да ја пуштиме машината за перење па да ве прашам дали сивите алишта ги ставате заедно со црните или како?
Јас, да. Фармерки на пример перам само со фармерки... затоа што ги перам на 60., а вака од шарениве црни со сиви и кафеави ... така темни бои на 40, а останатите розеви, зелени, жолти се на куп и на 30 степени. Имало во Тинекс некои ленти кои се ставале во машина за перење кога се перат шарени алишта и демек што и да ставиш едно од друго не примале боја. Ги има некој користено?
Деновиве моиве ме пречекаа со одлука дека готвењето ми го препуштаат на мене. Е сега проблем е што готвиме на шпорет на дрва, а мајка ми сака во секој можен момент да биде чист. Без флеки, без истечено од ручекот Има ли некој начин да го зачистам дур е топол? Она го чисти речиси секое утро, кога готви внимава да не го извалка ама јас не сум толку спретна домаќинка.
Врел шпорет не се чепка. Арно ама, за хитни случаеви, една жичка за стругање ќе сврши работа да извади запечени флеки од јадење дури е уште топол. Само претпазливо. И во иднина, чекор по чекор има усовршување во се па се надевам Марамке ќе нема потреба да трзаш по врели шпорети и прскање ручек. Инаку ако ти е за утеха на сите ни се случува. Мене најмногу ме нервираат мрни дамки од кога ќе пржам нешто кои прскаат на ѕидот. Среќа е специјална мрсна боја па само со пребришување со влажно крпче завршува приказната. Инаку бравос за Марама, домаќинка мома. Дај да пратам стојници од ваму авионски да те земам комшика да ми си кога си вредна дама
Купив памучна блуза која ми е малку широка.Како да ја намалам (стеснам), освен со шиење? Да се здебелам, да ја потполнам Или да пробам во врела вода?