може на пеглањето со пегла со пареа да ја испеглаш и сиринат ада ја претвориш во должина ме разбираш?или дај на некоја искусна пеглачка што имаработено во конфекција ке ја среди со пеглата
Кујна без сол не е комплетна кујна. Но, освен за готвење, солта може да се искористи и за различни трикови во домаќинството. Малку ќе ви солиме памет, па ќе ви кажеме неколку од нив: - Наједноставен начин да ја исчистите нечистотијата од спанаќот или марулата е да ги измиете во сад со солена вода. - Ако внатрешноста на вашиот прозорец ја пребришете со сунѓерче потопено во солена вода, ќе спречите прозорецот да ви фати мраз во зима. - Ако масен сад пред да го миете го посолите, полесно ќе ја отстраните маснотијата. - За да го решите проблемот со пегла што ви лепи додека пеглате, на лист хартија ставете сол и прејдете по него со пеглата. Повторете го тоа по потреба. prevzemano od kukuriku
Навистина не знам што е проблемот. Преку едно перење, кога ги вадам алиштата воопшто не мирисаат на чисто. Пробав да ставам помалку/повеќе омекнувач и прашок, ефект нема никаков, пробав со повеќе/помалку перења, пак ништо.Менувам програми, пробувам на различни комбинации на степени и плавења, ма ништо не помага. А машината нема ни 1 година како ја имам. Што може да е проблемот? Значи, од прилика преку едно перење се случува ова. Алиштата не се средно валкани што ги ставам. Ениуан??? Еве денес пуштам прва машина-мирис неодолив, втората тура-мирис на отстојано, неперено. А иста програма, исто прашок, исто омекнувач. Што може да е?!?!? Ме иритира веќе многу!
И јас го имам истиов проблем, не ми има текнато да прашам, исто и јас ке му ставам омекнувач и прашак и после кога ги вадам ми смрдат?!
Ако гумата на вратата од пералната нема фатено мувла па од неа да мириса, тогаш ви се враќа вода во машината па затоа ви мирисаат алиштата. Или има некоја пречка во цревото за одвод или ѓубре во филтерот. Напред на машината, обично доле на десната страна има капачка. Ако ја тргнете ќе видите дека има нешто што може да се одврти. Не одвртувајте без некоја тепсија под него, или стари крпи што нема повторно да ги употребите, обично истекува околу пола литро до литро вода која не да смрди туку траане на канализација Исчистете од одвртката замотани влакна од коса, текстил, па и некоја ситна паричка или нешто такво може се заглавило па затоа прави проблем.
Таа работа на маж се дава! Сигурно ме пцуваш и отвараш џамови ако веќе си ја одвртела таа затката Инаку дефинитивно вода се враќа назад, ако онака самата машина не мириса од гумата, а по тоа што кажуваш не е од нешто во барабанот. Само се надевам дека е ради ѓубре/блокада работа, оти прилично ти е нова машината, греота е уште сега пумпата или нешто такво проблем да е.
^Значи нема ќубре во филтерот, го проверив. А вода ептен малце истече, дали 200-300грама така да ич не те пцувам Нема фатено мувла внатре, значи мора да е нешто до одводот. Утре ќе земам нешто за прочистување на цевките, ете забележав дека и кога ќе пуштам вода во вц, споро тече водата, па можеби цевките се нешто запушени. За секој случај ќе ја пуштам машината да изврти едно 2-3 часа на 95 степена, без алишта внатре (или само некое парталче, колку да не е празна). Друго прашање, што ставате против молци??? Редовно проветрувам кебиња што имам вишок, но забележав 2-3 малецки црвчиња , нафталин не доаѓа во предвид Тие на Раид, корисни се?
Весници бе мами, најдобра заштита против молци се, а не мирисаат. И плодови од див костен исто така. А во овие миризлививе средства немам нешто доверба, бидејќи и покрај нив, пак може да се појават молци. Машината задолжително еднаш месечно да ја пушташ на самочистење. Така не би требало да мириса.
јас го имам истиот проблем. излезе дека гумата кај вратичката била мувлосана, а освен тоа и проблем со пумпата. сега сум без машина, чекам да ми ја поправат. Па ќе ти кажам дали пак ќе ми мирисаат алиштата грозно или не.
озбилно ова со веснициве помага? јас приметив под душекот на спалната мали црвчиња. шубе ми е да ставам раид баш таму каде што спијам. викаш помагаат весниците? ако е успешно, одма одам и купувам се што има по трафикиве да не треба некој посебен весик да купам - Вести или Утрински, или па може било кој? (мала шала, да се насмееме). А ова со машината заборавив да пишам дека може да се прочисти со сода бикарбона, а машината на 95 стапени. јас и покрај тоа што вака ја чистев еднаш месечно, пак ми мувлоса гумата
Оставајте ја отворена вратничката од машината после перење, природно да се исуши, никако не ја затворајте веднаш оти така ќе ви створи мувла. Блонд, и нас така ни правеше претходната машина, и искрено, заради тоа купивме нова. После 2 недели, свеки викнале сервисер да ја види (кај нив ја имавме префрлено, да не ни смета на нас ) и типов само ја ресетирал и пак била ко нова Се побркала нешто електрониката, тогаш паѓаше многу струјата.... п.с. Бејбимама, за кревет - стриктно Вест, и тоа стриктно само средната страна, иначе нема да има ефект врз молците
И од лаванда и нане бегале молци. Јас си правам од сушена лаванда од бавчата, ја врзувам во топчиња со скинати хулахопки па и ги рециклирам така и си ги закачам на куките од по некоја закачалка. Додуша јас го правам ова за да ми мириса во плакарите на лаванда, а молци не сум имала па да знам стварно бегаат ли од ова. А гледам по овие домаќинските продавници ќесички од лаванда се продаваат ко за од молци, за кој не знае или нема време и нерви да си направи сам. Весник Вест тука нема да користиме средна страна(гола жена има? ) па мора да се снаоѓаме на друг начин. Од нафталин не молци, и јас ќе избегам од дома!
За молциве, т.е веснициве, проверено е и од мајка ми и од свекрва ми. И јас мразам нафталин, лавандата нема ефект, барем не кај мене. Во ќебињата немам ништо ставено, на нив си пишува дека содржат заштита против молци (поим немам каква), ама произведени се на времето, во бивша СФРЈ Како и да е, кога ќе одиме во странство (ако одиме) јас ќе си ставам весници. Нема врска какви се, ама најубаво црно-бели што значи ништо од средната страна на Вест Инаку, овие на Раид ми се супер за алиштата... ама кратко траат, штета. Баш ова на бор што мириса, на камфор, ептен убав мирис има. А за гумата на машината, јас редовно ја бришам со сува крпа после секое перење, како што си пишува во упатството и ја оставам вратата отворена или полуотворена, да не се умирисува.
Знам дека досега неколку пати е одговорено, но не можам да барам по странициве...бели алишта ми се офарбаа розево, не знам како се нашла една црвена крпа внатре, па со што можам пак да им ја вратам бојата?
Јас секогаш кога ќе ми се офарба нешто бело, го ставам во варикина И јас имам една мака и мислам најсоодветна тема е оваа... Како да го дезинфицирам јорганот Не можам да го испрерам. Со изложување на сонце, некако ми е малку... Постои ли некакво средство, капки, нешто било што... Кое можам да го нанесам на јорганот без да се испери, а да нема штетни последици ни за мене ни за никој... се надевам ме свативте фала однапред
Febreze спреј има во некој од маркетите во МК? Јас се што не се пере прскам со тоа. Перничиња, завеси, покривки, душекот на кој спие кучето... Ако не, да раствориш омекнувач за алишта во вода и да го ставиш во шише со распрскувач може да помогне да мериса на свежо/перено, напрскај па тогаш го изнеси на сонце да се исуши и проветри.
Mи се направи флека на еден фустан од растопен путер,додека готвев. Пробав со вениш и ништо не ми ја извади,како да ја извадам? И вака кога ке се направат флеки од масло,маст,со што се вадат? Oчигледно не со вениш