Општи прашања девојки тие што имате ламинат дома како го чистите? може ли да чисти со џогер? мене ми е страв дане се накрене од влажноста, до сега само со пархет сум имала работа и овие ламинатите ми се не испитани, хелп
Општи прашања Паркетот повеќе може да се накрене од ламинатот, да се чисти со мокар џогер и со средство, имаш и специјално за ламинати, само не зимај од она со восок, после малку ќе леткаш инаку низ дневна Ламинатот е всушност исто така дрвен производ, но има малку поголема отпорност од паркетот бидејќи е обработен и има доста пластика во него, под пластика мислам издржливост, отпорност на гребење и водонепропустливост. Е сеа па да не го полеваш со вода, но со влажен џогер може да се работи
Општи прашања аха, а од топ шоп што го рекламираат она шаркот на пареа што чисти може ли со него и ламинати да се чистат? оти таа пареата е жешка и таму го рекламираат повеќе на плочки и пархет а за ламинат ништо не кажуваат, некој да има искуство за ова?
Општи прашања Па види, паркетот во принцип е почувствителен од ламинатот, ама ламинатот најчесто има боја во него па голема е веројатноста и да избледи. Најдобро ако имаш останато парче ламинато или некаде каде што не ти се гледа многу да поминеш со средството или машината што чисти и да си видиш како ќе биде, мада мислам дека не е до толку прљав ламинатот да се чисти со жешка пареа, доволно е средство за дезинфекција на под, кои воедно и чистат, пример Ајакс, мене најубаво ми мириса од цвеќиња црвени, помини си со него, почекај да се исуши и готово. А за генерално чистење ако сакаш да го користиш апаратов, мораш да си пробаш
Општи прашања благодарам проблемот се состои во тоа што мене цел стан ми е на ламинат, и многу ако денес поминам со правосмукалка утре пак гледам ми се познава прашинка на ламинатот, а таа правосмукалката е тешка и многу е гласна ме убива додека метам и неможам секоа ден со неа веке се изморив, и сакам на некој полесен начин да го чистам ламинатот, пробав еднаш со џогер ама одпосле го бришев со сува крпа за да не се познаваат капките од водата, па пукнав веке со овој ламинат
Општи прашања Е да проблематичен е, поготово ако ти е со текстура, мајка ми ушите ни ги изгриза што ја натеравме да купи таков. Инаку за тоа мајката е само покривање, посветлиот ламинат многу помалку фаќа прашина, потемниот се се познава. Зависи и со какво средство чистиш, ако е некое лепливо, џабе ти е се, оно ќе си фаќа пак прашинка. Доброто кај ламинатот е што целата прашина ја носи по краевите на собата, па можеш да ја собереш од таму и готово. Но мислам дека секој ден усисување и чистење е претерано, јас мислев дека сестра ми е напорна со чистењето што чистеше генерално два пати неделно
Општи прашања Во ДМ има специјални марамици за ламинат и паркет, 180-190 денари се, таман се фаќаат на џогер и вршат работа за секојдневно бришење за ламинатот. Јас редовно си ги користам, му даваат супер сјај на ламинатот и се брише се, од прашинка до дамка
Општи прашања а случајно да ги има во другите маркети како тинекс, макси д?? оти јас не сум од скопје кај да најдам тука дм маркет?
Општи прашања Ги нема во други маркети, бидејќи се производ на ДМ, само во нивните маркети се продаваат. Ако иде некој твој накај Скопје, или ако случајно доаѓаш ти, помини обавезно во ДМ.
Ме нервира умивалникот во купатилото. Мириса од одводот, ама само кај него. Во кабината за туш и кај кадата нема одор. Ставав вчера цело шише од оној гелот за одзатнување, ама не помогна баш, пак ми мириса сабајлево. Најверојатно е нешто проблем по тие свитканите цевки под него. Што да му истурам? Да тражам од некаде да земам солна киселина? Или да викам водоводџија?
И на мене ми мирисаше така ама не беше мојта свиткана цевка право дирекна е ПРОБАЈ ПОПАРИ ГО ДИРЕКНО СО ВРЕЛА ЗАВРИЕНА ВОДА ПОТОА ОТКАКО КЕ ГО ИСТУРИШ ПРАВО СТАВИ СОДА БИКЕРБОНА 2 ПАЌЕТЧИЊА ОД 50g. ШТО СЕ И СТАВИ МУ ДОМЕСТОС И нека стое цела нок не пуштај вода//Утрото попарај го пак со врела вода и ке видиш... кажи дали ти успеа поз.
^ Ако мириса одводот тогаш е проблем каналот т.е спојот од цевката што оди во каналот (ако ме разбравте што сакам да кажам ). Не стои вода во таа U цевка и затоа ја враќа миризбата од каналот. Пробај да го исчистиш со разни средства ама не верувам дека ќе се реши проблемот затоа што проблемот е во цевката. А сигурна си дека е од умивалникот затоа што ретко од таму да мириса (можеби попуштил спојот т.е гумичката на цевката што го поврзува каналот?!? обично таков проблем има со одводот на кадата ако не е ставена одводна цевка која држи вода секогаш за да не се враќа миризбата од каналот а понекогаш може да е и проблем одводот на машината за перење. Како и да е, пробај да го исчистиш, добро задихтуваш и ако и тогаш не се реши проблемот викај водоводџија
Смени го цревото. Веројатно е монтирана евтина (пазарска) варијанта на сифон кој водоводџиите го викаат грклан. Во принцип тоа е растегливо црево како армоника која треба да служи како сифон. Цената на ново (исто вакво) е многу помала од едно шише гел за одзатнување. Најдобро е да се смени и да се монтира добар (класичен) сифон со навртување кој може лесно да се отвори и очисти.
И тоа црево треба да биде во блага форма на буквата Ѕ ,затоа што ако е право или малку накривено ќе мириса.
Aјде домакинки,помагајте. Најубавиот волнен фустан на ќерка ми ,незнам на што програм го ставив во машина(сто пати го имам перено во машина) се собра ,сега е таман за куклите. Плачеше,се нервираше детето.Го исправ пак на рака,со омекнувач,го сушев мокар,тегневме со маж ми,јас од една ,тој од друга страна,не се пушта. Ај си реков да прашам ,пред да одам да барам сличен на него,да не имате некое решение?
Ми се случи и на мене истото и ништо не ми помогна, сега си го чувам фустанот за ќерками кога ќе порасне
Ова е фиокичката од машина за перење. Каде се става прашок? Каде се става омекнувач, и третото за што е?
здраво Сакам да ве прашам, несакајки со црвен лак испрљав црни фармерки. Како да го извадам лакот од фармерките? Дали со ацетон или да почекам да се засуши, да не направам поголема беља??