1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Помош за очајни домаќинки

Дискусија во 'Дом' започната од blond, 27 јануари 2011.

  1. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.349
    Сигурно има некој пишано порано ама не можам да најдам. Има некој најдено чаре за она црното што излегло под силиконот во туш кабина, освен гребење на стариот силикон и ставање нов де. Ќе ми припадне како го гледам така, не ми се влегува во кабината од што ми е гадно. :puke:
     
  2. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.683
    ^ Пробај женче со хидроген и сода. Направи паста од нив, стави ја, нека отстои преку ноќта, па утрото стани и пиши дали проодела туш кабината :D
    Не, озбилно, мислам дека нема ни да имаш потреба од рибање, ама направи па кажи ни за точно :)
     
    На DeMelo, Annath и imelda им се допаѓа ова.
  3. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.879
    Пол:
    Женски
    пробај со доместос,тури од тоа и нека стои така неколку сати 2 или 3 и потоа со ЧЕтка изгреби :)
     
    На imelda му/ѝ се допаѓа ова.
  4. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.349
    Фала. Пробав со рибање и обично средство за чистење и не сака да чуе, чист хлор не ми се става да стои долго време на него оти е кафеав силиконот па да не го обели. :^) Јас пак тоа му го мислам макар ако не извадам флеката цел нов ќе е. Се мислев да ставам ли хидроген паста, оти не е површински, ама ако поцрнело од некаде по логика влегла влага под него, па белки и пастата ќе најде пат. Ќе измачкам и ќе чекам, и така немам мајстор при рака, па утре репорт :)
     
  5. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.401
    Допаѓања:
    200.953
    Пол:
    Женски
    И да пробаш, и тоа како има ефект... проверено ;)
     
    На imelda му/ѝ се допаѓа ова.
  6. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.349
    Δ
    Не е можно :o
    Само една така сива дамка остана на ќоше, може не сум и ставила доволно оти е на ќош, ама ќе и ставам пак одвечер да отстои. Остатокот е гланц! Како вчера да е ставан нов силикон. Стварно не ми се верува дека делува. Барам низ дома што друго има тешко за чистење :lol:
     
    На Bozica1980, Moira и Annath им се допаѓа ова.
  7. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.683
    ^ Имаше потреба од рибање? :muscle:
     
    На Mikako му/ѝ се допаѓа ова.
  8. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.349
    Не, ништо, пуштив ладна вода од тушот само да ја измијам содата и зјапав како ударена. :drunk:
    Требаше да сликам за порано и потоа ама не ми текна. Ај тоа за фурните кога им се насилам дека им е време, ама да ги исплескам посаглам прво :D
     
    На DeMelo, Bozica1980 и Moira им се допаѓа ова.
  9. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    7.044
    Допаѓања:
    257.716
    Пол:
    Женски
    Ќе го поскапат и алкохолниот оцет и содата а и хидрогенот како сме тргнале :D
    Шала на страна јас почнав се со овие две смеси да чистам низ дома, вчера за 5 мин исчистив и лавабо и туш кабината во wc со хидроген и сода. Сакав само да ве прашам, како да го добијам оној сјај на керамиката на лавабото на пример, што се добива при чистење со Доместос.
     
    На DeMelo му/ѝ се допаѓа ова.
  10. DeMelo

    DeMelo Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    455
    Допаѓања:
    1.405
    Во право си Божица, а темава треба да се вика СОДА ДОМАКИНКИ :lol:
    Е не ке им ги полниме џебовите со пари за да не трујат со отрови, како викаат лекот е 5 пари само треба да се знае.
    Моментално имам некои средствата што ми ги донесе мајка ми од Белгија, демек се некоја Био база со Алое Вера, но и тоа колку е вистина, не знам искрено.. :^)
    Да ги завршам купувам кило сода бикарбона и ич не му ја мислам.
    Освен во домакинство како паста за заби може да се користи, но се достаат и некои други состојки за да не биде премногу јака, а исто и смеса за шампон, а исто деновие читав за еден многу убав домашен рецеп за шампон за коса од ленено семе и вода, но тоа не е за тука, ке ми се налутат модераторките многу офф отидов..
    Извинете ме.. :$
     
    На Bozica1980 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. xxAngelxx

    xxAngelxx Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2010
    Пораки:
    1.517
    Допаѓања:
    968
    Пол:
    Женски
    Општи прашања

    Луге дали знаете некое ефикасно средство за чистење на бели патики? Ми пожолтеа од стоење и со ништо не обелуваат...хепл????
     
  12. Spell

    Spell Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    550
    Допаѓања:
    400
    Пол:
    Женски
    Општи прашања



    Имам пробано со прашак, го натопувам крпчето малку со вода и прашак и се фаќам за работа. Пробај можеби ќе ти успее :)
     
  13. arontt

    arontt Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    521
    Допаѓања:
    1.780
    Општи прашања

    Јас за чистење на бели патики разредувам во една чашка вода, бела паста за заби и минимално сјај за миење садови. Ги чистам со стара четка за заби и после кога ке ги избришам се како нови. :)
     
    На Pretty Woman му/ѝ се допаѓа ова.
  14. feminium

    feminium Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2012
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    1.738
    Општи прашања

    А јас прво ги тријам со прашок за перење алишта, а потоа тоа со пастата :)
     
  15. ana-girl

    ana-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    14 март 2011
    Пораки:
    535
    Допаѓања:
    648
    Општи прашања

    Мене мајками вмашина ми ги стави сите патики и како нови се сите. Прво само стари патики и бепе страв но потоа кога виде дека само се избелија а се истите сите ги стави и имаше одличен резултат :!:
     
  16. trendafilka2

    trendafilka2 Активен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2012
    Пораки:
    172
    Допаѓања:
    20
    значи сода бикарбона+алкохолен отцет(оној на киско ли што е го кристите)+хидроген= ја мешате смесата колклу ставате од сите или од прилика и потоа мачкае врз флеката или нечистотијата и го бришите ЗНАЧИ ДА НЕ КОРСИТАМ ПОВИШЕ ДОМЕСТОС ВО КУКАТА ПОШТО МНОГУ ЛОШО МИРИСА И МЕ БОЛИ ГЛАВА(си ставам ракавици и маска ама некако ппа ми мириса) но дали ги остранува бактериите оваа смеса што ја препорачувате еве баш сега прочитав///во врска со силиконот во бањата од IMELDA poz :) :) :*
     
  17. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.683
    Не се` заедно :D
    Оцет и сода, или хидроген и сода, тие 2 комбинации. Втората е каде каде појака, а и не мириса, па јас тоа користам :)
     
  18. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.807
    Допаѓања:
    52.965
    Откако се рашири муабетот за содата, се намали бројот на очајни домаќинки на темава :D
     
    На DeMelo, Bozica1980 и Moira им се допаѓа ова.
  19. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.683
    Само јас никаква корист од тоа :rofl:
     
    На kravce и Bozica1980 им се допаѓа ова.
  20. Agrona

    Agrona Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    1.713
    Пол:
    Женски
    Преземено од boza.mk (Практични совети за секој дом) :lol: ;)
    Мравките мразат краставици, затоа ставете лушпа од краставица на местото од каде тие илегуваат.

    За да добиете бистар и чист лед, пред да ја смрзенете водата превријте ја.

    За да имате перфектно исчистено огледало исчистете го со спрајт.

    За белата облека да биде бела потопете ја во вода во која има кришка лимон и оставете ја нека стои 10 минути.

    За да го избегнете непријатниот мирис при варење на зелка ставете парче леб во садот во кој ја спремате зелката.

    За да ги отстраните флеките од мастило најпрво намачкајте ги со паста за заби, па потоа исперете ја облеката.
     
    На ViktorijaMari и Moira им се допаѓа ова.