1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Помош за очајни домаќинки

Дискусија во 'Дом' започната од blond, 27 јануари 2011.

  1. Jagoda123

    Jagoda123 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    2.467
    Допаѓања:
    11.105
    Пол:
    Женски
    Жени, ме интересира вие што имате лап-топ како го чистите?
    Јас освен со малку намокрена крпа, не знам за друг начин.
    Постои ли некое посебно средство?
    Да ми дадете некој совет?
    Ми е страв да не го зезнам вака како што го чистам, а мразам да гледам прсти и прашинки па по 100 пати на ден го пребришувам.
     
  2. DeMelo

    DeMelo Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    455
    Допаѓања:
    1.405
    ^Има посебни валжни марамчина за компјутери, плазма телевизори, ги има по техно маркетите и маркетите за компјутери.Цена не знам :?:
    Јас ги чистам со малку Пронто (тој што е за сите материјали) прскам на крапа, не дирек нормално. :)
     
    На Jagoda123 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.719
    Има и посебна течност со крпче (крпчето е слично на оние за бришење очила). Ја има по сите добро снабдени продавници за компјутерска опрема :)
     
    На Mishela, Jagoda123 и friendy им се допаѓа ова.
  4. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.879
    Допаѓања:
    81.144
    Пол:
    Женски
    Женчиња и девојчики, уште една очајна wanna be домаќинка. :lol: :$

    До сега немав приметено, изгледа од поодамна се дамките и ме интересира дали има начин да се исчистат некако. :sweat:
    Некој изгледа ми потурил пиво или црно вино и се познаваат ситни засушени точкички на штиклите, кои патем немам поим од што материјал се - (оксфордки на штикла се) нешто налик на кожа, ама немам поим дали е вистинска кожа - не ми личи на скај, не е толку нежно.
    Во главно се работи за материјал од тој тип, ама навистина немам поим како да ги исчистам флеките - со вода не излегува.

    П.С. Да пробам со сода или да не ми шантра задникот многу-многу по таа опција ? :D
    Се надевам има чаре. :sweat:
     
  5. homealone

    homealone Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    1.286
    Допаѓања:
    361
    Пол:
    Женски
    А да пробаш со вениш и сијај измешано остави ги во некое легенче да одстојат некое време и после земи нежно со сунѓерче изрибај ги можеби ќе се исчисти
     
  6. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.879
    Допаѓања:
    81.144
    Пол:
    Женски
    Па темно кафеави се, се плашам да не им се оштети бојата, а и не се материјал-платно, ко кожени се. :worried:
     
  7. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.420
    Пол:
    Женски
    За лапот јас го чистам со посебно крпче од еленска кожа е мислам, или некој посебен материјал со телевизорот ми го дадоа, инаку мислам дека се продава и во салониве за бела техника или за чистење на автомобили(стаклата).
    Јас не секогаш користам посебен спреј некогаш и само со вода малку самата крпа си чисти супер.
    Со стапче за уши, нештно помиувам меѓу комчињата :D
    Ме нервира тоа прашинка што се собира меѓу нив.
    Убавао еднаш месечно или 2 пати си го бришам.
     
  8. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    На памучната блуза ми се истури лак за нокти. :(

    И ставив ацетон, ама тоа се замачка и стана уште полошо. :tmi:

    Потоа ја потопив со Вениш и ја триев со раце, ама ништо не излезе.

    Има некој начин да го извадам лакот?
     
  9. Maroon5

    Maroon5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2012
    Пораки:
    1.068
    Допаѓања:
    936
    Влажна марамица, Бекутан :)
     
    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Gossip-girl96

    Gossip-girl96 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 април 2012
    Пораки:
    105
    Допаѓања:
    81

    Мислам дека неможеш да го извадиш лакот, освен да пробаш со разредувач ама па така може да се оштети блузата :worried:
    И мене еднаш ми се истури лак на пижами и полека полека со перење се вадеше :)
     
    На Silver.E му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Gossip-girl96

    Gossip-girl96 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 април 2012
    Пораки:
    105
    Допаѓања:
    81


    И јас го имав истиот проблем, само мене не ми беа точкички туку огромни точкишта од црвено вино. |( Пробај на натопено крпче стави малце шампон и протриј. Мене само така ми успеа :)
     
    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.
  12. kristii

    kristii Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    1.707
    Знам само дека црвено или црно вино се ваѓа со бело да ги истриеш,или со млеко.Но зависи и колку е стара флеката.Што поскоро го истриеш тоа подобро.
     
  13. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.879
    Допаѓања:
    81.144
    Пол:
    Женски
    Можеби е од пиво, т.е. речиси сум сигурна дека е.
    Да истурам бело вино нема логика - обувка е, мислам дека нема да ми помогне. :?:
    Ќе пробам со предлозите Бекутан, сјај, со влажни марамици, ма да се сомневам дека ќе излезе, ама нели - да се проба. :)
     
  14. Maroon5

    Maroon5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2012
    Пораки:
    1.068
    Допаѓања:
    936
    Сигурна сум дека со Бекутан ке излезе :) Јас на денот на полуматурата се извалкав со улје Бекутан, па излезе :)
     
    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.
  15. WORRIED.BT

    WORRIED.BT Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    5.190
    Допаѓања:
    145.569
    Пол:
    Женски
    домакинки помош!! како да исчистам лепило од блуза.керка ми униформата од уцилиште ја намачкала на неколку места со тачен лепак кој појма немам со што да го извадам,а не можам да ја пуштам исфлекана да оди.
     
  16. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    11.528
    Со ацетон, најобичен за лак за нокти. Само внимавај, ако е обоен ацетонот а чистиш бела блуза, можно е да пушти и на блузата, па дупла беља да си направиш. Пробај со безбоен, ќе ти заврши работа! ;)
     
  17. WORRIED.BT

    WORRIED.BT Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    5.190
    Допаѓања:
    145.569
    Пол:
    Женски
    а бе блузата е тегет нема да ја обелам со ацетонот?
     
  18. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.879
    Допаѓања:
    81.144
    Пол:
    Женски
    Како да ги извадам оние црните дамки што се појавуваат на дното од тенџерето после пукање пуканки? :$
    Пробав со сода, стругав околу десет минути и рацете ми отпаднаа, а пак не излезе целосно. :|
    Друго нешто ? :$
     
  19. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.683
    Стави го тенџерето со вода на оган, тури сода и сјај во него, нека проврие малце и после триј :)
     
    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.
  20. DjinTonik

    DjinTonik Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 септември 2012
    Пораки:
    399
    Допаѓања:
    110
    Не купувај од тие влажни марамчиња, сра*е се, јас зедов лани околу 150 ден можеби беа и многу се влажни ептен и ако поминеш само со нив после на компјутерот обавезно останува некои дамки, треба после тоа со магична крпа. Сега и јас го чистам или со пронто или со она за стакло плавото.