А со што ја чистите рамната плотна од шпоретите? Со сјај не бива никако остануваат пак флеки од она што ти претекло и слично, а оние средствата специјални се доста скапи... а нов ми е шпоретот и сакам да ми свети
Стави Арф и нека зоврие малку, па истриј го. Ќе светне. И друг пат за пуканки користи си некое старо тенџере.
Ајде ова тука нека оди, не ми текна на посоодветна тема.. http://www.collective-evolution.com/201 ... r-produce/
Домакици дајте некој совет за вадење флека од прополис,инаку се работи за плишан материјал? Имали некое чаре? Знам дека вака се одстранува со алкохол ама во случај на ткаенина не помага...
Како моше да се исчисти прша од косата многу е досадна еве..син ми има но тоа е поради геловите што ги става а денешните немножат без гел.. што да ставам или некој домашен шампон да м,и препорачате ставив сода во шампонот 2 мали лажички еднаш се изми и ништо пак исто ај за хелп ???
До сега сум пробала да извадам флека од прополис со триста чуда, но залудно е, жалам А дали некој ќе ми каже како да исперам јорган, од оние старите, дали се става во машина?
И јас имав ваков проблем се миев со сода неколку недели и со секакви шампони и само Реконазол ми помогна. Го има во аптека околу 150 ден е..по 2 недели миење со него ми се исчисти првутот.
Здраво! Ги ставив завесите да ги перам на 40 степени со центрифуга и опција за сушење..Ги направив завесите сами да си се свиѓаат...Премногу згужвани Што да им направам да ги исправам, само да не ги пеглам ?
Е без да ги испеглаш незнам дали ќе можеш да ги исправиш на за да ти бде полсено пеглањето можеш да ги напрскаш со омекнувач растворен во пимпица и така ќе ти биде полесно за пеглање а друга опција е да ги однесеш некаде да ти ги испеглаат например во некое хемиско каде што пеглаат алишта
завеси пери на 30 степени поновите машини имаат нешни програми за одбирање.. кои заврашуват со мали обрати на центрифуга и нежно вретеење сепаг дру пат испери на 30 а пробај да ги ставиш во машина пак да се исперат со прашок на 30 степени понежен програм и мали обрати на центрифуга и не ги суши откако ке се извртат извади ги и закачи ги јас така правам од машин ана корнис
Препери ги овојпат на 30 или само на студена вода,без центрифуга.Потоа препеглај ги .Ако имаш пегла на пареа уште подобро и користи Мерито ,тоа е средство за штиркање во спреј.
ве молам да ми кажете како да исчистам чанта подисена што е ?? Таа е како посветлла гриаава и беше малку валкана и ја истријав со вода и крпа,сега се познава како флека???? хелпппп
Има ли начин да ги одмирисам рацеве од варакина? Ја ставав завесата од кадата за да ја исчистам од влага, и тоа во растворена варакина ја ставив, ама рацеве не можам да ги одмирисам! Пробав со триста сапуни, пробав и со лимон, ама пак ми мирисаат
Пробај со Арф/Циф ако имаш, сол, лимонска киселина, прашок за алишта.. Можеби ќе помогне некое, јас овие ги користам, ама некогаш е потребно време додека мирисот не се изгуби.
Девојки имам едно прашање. Кога перам алишта (во машина) додавам и омекшивач, но откако ке ги соберам од жица не мирисаат воопшто како да не сум ставила И тоа баш секогаш ми се случува Каква грешка би можела да правам? Инаку ставам онолку колку што пишува во упатството.