Пробај со Циф истриј го и ке ти се исчисти.И јас имам бело лонче во кое варам чај па кога ке ми се офарба го тријам со циф потоа убаво со ладна вода и готово нема ни трага.
А има решение ако на омиленото тенџере на свекрвица си оставила траги од перките на мискерот ? Има тоа некакво решение ? Јас кај мајка ми кога си бев, на нејзините тенџериња не се правење така, немаше како гребаници. Ама овие на свекрва ми најверојатно се многу нежни Хелп ! Цело дно е со криви линии од миксерот кој ќе ја слуша утре
Кој не знае...да ви кажам, има универзално средство АРИС...вади се баш се, а се користи за скоро секакви површини и ткаенини и тоа само со бришење.Кој има потреба од вакво средство да си го набави.
И + ги вади мрсните дамки од алиштата,само напрскајте ја дамката почекајте 10 мин и исперете рачно или машински и мрсната дамка ке ја нема.
Јас го имам и супер вади мрсно. Јас најчесто го користам за шпоретот после пржење целиот ми е испрскан со масло, е тогаш капнувам од Арис и пребришувам само.
Од тој Арис сега немаше да бидам мегу вас, домаќинката зема го напрскува цело купатило со затворени прозорец и врата и наеданш кога почнав да повраќам ууу колку јако нешто било тоа јас не верував за среќа мало е купатилото па лесно стигнав до вратата, ама па како чисти немам зборови значи универзал е за секој проблем решение :up:
Блонд, друг пат кога користиш миксер, не мешај во тенџере туку во пластичен сад Така нема да имаш никакви проблеми
Штом е за инает на свекрвата, ОПРАВДАНО Нон стоп фарбам тенџериња со чај од Брусница, се вади одма со Вим како што ме научи мајка ми намената му е баш за тоа, да вади мрснотии од тенџериња, боја итн. А за да зовриеш вода со прашок во офарбано тенџере нема гајле после тоа, само учте еднаш стави да зоврие чиста вода во него
Е па кој ти е крив кога не читаш дека има предупредување...Плус ние дома повеќе го користиме за шпорет,масни површини...И не чекам многу долго време.Користиме гумени ракавици кога чистиме.Јас не почувствував некој јак или лош мирис, искрено.
И јас сум ептеен задоволна од Арис Де Грас (одмрснувач) Чисти ама буквално се - најупорни дамки (од восок, мрснотии, ама баш се) и може да се користи на секакви површини. И не мириса лошо Арис и се е можно
Не е за инает ! Кај мајка ми кога мискав во тенџере понекогаш, не остануваа никакви траги. Затоа и тука се опуштив. Пстттттттттт, уште ништо не ми е рекла
Е па да ви кажам дека има решени!!! Со многу вим и со рапавата страна од сунѓерот, 95% од трагите се исчистија!
Јас искусната перачка, синоќа ставив две кошули, виолетова, мојата најомилена и црна, нашибав ариел ко божем сам ќе пере ако ставам повеќе, шибнав врела вода, оставив да си стојат така.....ги исправ после со ладна вода и ги ставив да се сушат...и што ќе видам...црната кошула на неколку места (повеќе) точки обелени, како жолтеникави, изгорено бре...а на љиљаковата по мишка само, малку обледено, како испотено стои... е многу се нервирав и плачев...многу некое чаре има или....
Пробај уште еднаш одделно да ги испереш со топла, накај млака вода. Остави ги да киснат во легенче со ариел и сода бикарбона. Мене ми се појавуваа флеки на светли блузи ако ги перам со било која друга блуза што има сликичка на неа. Мајка ми ми имаше кажано за сода бикарбона дека вади флеки. Па пробај. Само не сум сигурна дали е тоа исклучиво за бели алишта
Најсигурно е на хемиско да прашаш што може да направат. Јас една бела кошула ја изгорев со пегла(а беше малку водена кошулата ) и на хемиско ко нова ја направија
Незнам каков Ариел користиш, ако е оној прашкаст прво си требала да го раствориш во топла вода па после да ги покиснеш алиштата. Тој е јак прашок и има силно дејство за избелување. За тоа лек незнам (ако е изгорено е изгорено и нема назад), али би ти препорачала да си користиш посебен прашок за колор алишта или оној ВУЛАЈТ што е за да ја одржувА бојата на алиштата (добар е го користам). А тоа што ти останало под мишките како флека на кошулата мислам дека ти е од стик. И јас така си имам уништено некои маички додека да погодам кој стик не остава траги ни после перење.
Фала ви на сите...јас дознав дека требало да го растворам првин, ама касно ќе пробам како што ми кажавте, или на хемиско...а инаку не верувам дека тоа под мишка ми е од антиперспирант, затоа што е само на едната страна, а нормално на двете ставам и до сега на ништо, а и на оваа кошула не ми се случило...мада до сега мајка ми ми пере... за срамота...ама тоа е...горе доле за се ме бива ама за перење...јок