Помош за очајни домаќинки

Дискусија во 'Дом' започната од blond, 27 јануари 2011.

  1. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Со привремено пуштање на празна машина на 90 степени со сода бикарбона во делот каде што се става прашок.
     
  2. Jeny

    Jeny Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2011
    Пораки:
    357
    Допаѓања:
    230
    фала ти многу на одговорот. Колку што разбрав, се пушта празна машина да пере до крај, така? И колку сода се става, отприлика едно пакетче?
     
  3. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    едно пакетче...
     
  4. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.470
    Допаѓања:
    37.705
    Пол:
    Женски
    Баш за ова сакав да прашам и јас. Планирам да го исчистам барабанот од машината, ама не знаев како.
     
  5. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Да, до крај да заврши програмот.
     
  6. figgiMK

    figgiMK Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    6.964
    Допаѓања:
    2.301
    Што сè може млекото!? http://brkajrabota.mk/lifestyle/zdravje/25361-sto-se-moze-mlekoto
    Магичните вредности на овој бел напиток, кои можат да ви помогнат во секојдневниот живот. Освен за конзумација како пијалок, млекото има 14 благодетни употреби:

    1. Го намалува апетитот - 15 минути пред јадење напијте се чаша млеко. Млекото ќе ве засити и ќе ве снабди со протеини. На овој начин ќе внесете доволен број протеини за да не морате да се прејадувате.

    2. Маска и регенератор за коса - Поради витамините и минералите кои ги содржи е одлично за враќање на сјајот на влакното. Не за бадијала во древен Египет Клеопатра се капела во млеко.

    3. Го чисти лицето - Поради присуството на витамин А, рибофлавин, нијацин, витамините Б6 и Б12 и Алфа-хидроксилната киселина, ги отстранува мртвите клетки и спречува губење на пигментот.

    4. Лек против мамурлак - Го смирува стомакот, го хидрира организмот и го подигнува нивото на шеќер во крвта. Одличен утрински лек со својата аминокиселина цистеин против смртоносната доза ацеталдехид.

    5. Елиминира пукнатини - Пред да ги исфрлите испуканите чаши и чинии, пробајте со млеко да ги поправите. Протеинот од млекото, реагира со каолинонот од порцеланот и ги затвора пукнатините.

    6. За полирање на сребро - Потопете ги сребрените предмети во кисело млеко и оставете ги преку ноќ. Наредниот ден исплакнете ги и ќе засјаат како нови.

    7. За убоди од инсекти - Помешајте млеко во прав и вода и добиената смеса нанесете ја на нолното место. Ензимите од млекото ќе го неутрализираат отровот.

    8. Дамки од мастило - За да ги отстраните дамките од мастило, потопете го парчето во купка од млеко и оставете го преку ноќ. Утредента исперете ја ткаенината.

    9. Храна за кожата - Мастите од млекото ја хранат кожата поради pH вредноста на млекото, која е слична со pH вредноста на кожата.

    10. За мека и нежна кожа - Неколку пати дневно, дланките потопувајте ги во млеко и нема повеќе испукани раце.

    11. За чистење кожна облека - Се нанесува на облеката како средство за чистење и и’ го враќа природниот сјај на оваа ткаенина.

    12. Смирува црвенило од коприви - Ја редуцира иритацијата, црвенилото и чешањето. Истурете врз убодот свежо млеко.

    13. Против изгореници од сонце - Кожата која настрадала од преголемо излегување на сонце, нежно премачкајте ја со млеко.

    14. Полирање мебел - Киселото млеко е одлично за полирање на мебел. Со шишенце со спреј напрскајте ја површината и тријте додека не го добие својот сјај.
     
  7. Maroon5

    Maroon5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2012
    Пораки:
    1.068
    Допаѓања:
    936
    Аман девојки :( , кога го чистев регалот ми падна јајце велигденско од пред 1-2 години, јас изчистив ама смрди, мислам дека ке :puke: од смрдеата, совет? :sweat:
     
  8. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Содата упива миризби, па обиди се со неа.
     
  9. Maroon5

    Maroon5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2012
    Пораки:
    1.068
    Допаѓања:
    936
    На пархетот е, ќе пробам, фала многу :)
     
  10. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Истури малку на местото и остави ја некое време, потоа усисај ја со правосмукалка или собери ја.
     
    На Maroon5 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. l-a-d-y-di

    l-a-d-y-di Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2013
    Пораки:
    878
    Допаѓања:
    498
    Пол:
    Женски
    Кафето неутрализира миризба, можеш да пробаш не е комплицирано
     
  12. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.611
    Значи стварно сум очајна домаќинка, ми нема спас. |(
    Не знам како и не знам зошто, ама ми текна да го чистам горниот дел - замрзнувачот на фрижидерот.
    Го исклучив фрижидерот, го отворив и не ме држеше место да се растопи лагано, земав да лупам и чукам со што стигнам, и сум направила мало минијатурно дупченце во еден дел, ама чувствувам дека шушти и сега читам - дека е можно да тече фреон.
    ;(
    И сега што да му се прави? Му залепив фластер на дупчето, и чмаам како мрдната... можно ли е да го расипав?
     
  13. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    3.417
    Mожно е да истекол фреонот, ама се полни повторно.Нема да платиш многу.И се има случено на свекрвата. :lol:
     
  14. figgiMK

    figgiMK Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    6.964
    Допаѓања:
    2.301
    1. Чоколадо

    Треба да почеката чоколадото да се стврдне убаво, па потоа исушеното да го отстраните со ноже или со сунгер. Дамката која ќе остане, најдобро е да ја поминете со мешавина од течен сапун и вода.

    2. Мастило

    За мастилото долго време се мислеше дека е речиси невозможно да се отстрани. Но решението е во млекото. Дамката ќе ја потопите во млако млеко. Друго решение е и обична паста за заби и сунгерче.

    3. Крв

    Крвта од облеката се вади така што дамките треба да се потопат во многу солена ладна вода. А од другите решенија, може да ја исчистите и со Кока-Кола.

    4. Кафе

    Дамките од кафето треба се се исчистат колку што може побрзо, а за тоа се користи сунѓер натопен со детергент за садови или пак ладно млеко.

    5. Црвено вино

    Легендата за чистење со бело вино, често знае да помогне, но може и да ја исчистите со помош на сода бикарбона во комбинација со минерална вода
    http://brkajrabota.mk/lifestyle/zivot/25453-ednostavni-soveti-za-otstranuvanje-na-damki-na-oblekata
     
  15. figgiMK

    figgiMK Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    6.964
    Допаѓања:
    2.301
  16. Vetruska

    Vetruska Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    791
    Допаѓања:
    494
    Пол:
    Женски
    Мене редовно ми го зима заедно со прашокот. Не знам зошто така :^)
     
  17. trendafilka2

    trendafilka2 Активен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2012
    Пораки:
    172
    Допаѓања:
    20
    како што кажав исчисти го сифонот пределот за омекнувач и провери ја водата да не е многу јака и многу слаба средна да биде и ке видиш дали си стоии :angel:
     
  18. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    7.270
    Допаѓања:
    260.747
    Пол:
    Женски
    Некој мајстор за машини за перење алишта да препорачате ама да не го чекам до понеделник да дојде.
     
  19. trendafilka2

    trendafilka2 Активен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2012
    Пораки:
    172
    Допаѓања:
    20
    што и е на машината bozica1980?
     
  20. Espadrila

    Espadrila Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2013
    Пораки:
    1.166
    Допаѓања:
    21.111
    Ми треба некој со слично искуство и чаре ако знае да каже...
    Имено, алиштата ги перам на ефтина струја , се разбира :D , понекогаш ако покасно ја уклучам може да не дочекам да испере и да заспијам....Утредента кога ќе ги извадам од машина мирисат лошо....на омекнувач и мувла некако измешано....и многу е грдо да си облечеш на себе нешто такво.
    Истото ми се случува и ако ги извадам од машина а не ги спрострам веднаш туку после одредено време...
    некој со сличен проблем???