Намалувам секогаш на 600, а инаку во секоја фаза машината уклучува центирфуга, на пример прва фаза перење, пере и уклучува центрифуга, па фаза плакнење па пак уклучува центрифуга и на крај последна фаза пак центрифуга. Пробав да ја исклучам центрифугата ама се исклучува само крајната а не таа во секоја фаза, и на крај кога заврши машината требаше некоја функција цедење наместо центрифуга , ама имаше многу вода во барабанот, истече и надвор. Незнам дали треба во секоја фаза да уклучува центрифуга, барав во упатството ама не пишува за ова.
имаме бела гарнитура кожена и сабалје забележав дека некој од домашните ни ја има исшкртано со пенкало има ли некое средство да го отстранам пенкалото се нервирам цело сабајле
Имам еден фустан комбиниран со црн и бел материјал, го перев на рака и порано, но сега на белиот дел ми останаа нешто како црни точки, тоа најверојатно црниот дел пуштил боја, имате идеја како да го исчистам?
Имам од оние черги за гарнитура што се, црно-бели. Сакам да ги исперам но ми е страв да ги ставам во машина да не се премногу тешки,што би ме советувале вие, или пак на рака да ги перам
Не знам дали пишувам во соодветната тема, ама нема друга за да го поставам прашањево: Ноктите ми се налакирани со бордо лак, ептен е темен, и додека листав една книга несакајќи направив линија на еден лист. Пробав да ја исчистам линијата со гума, се подизвади малку, ама не целосно. А книгава не е моја, па не сакам така да ја вратам
Доста потешко се вадат овие траги од лак со обична гумичка за бришење, па пробај ако имаш гумичка за пенкало. Јас така вадам траги од дрвени боички па и лакови, а гумичката со која ми успева најчесто е обична, со црвен или син „додаток“ на половинката од другата страна. Мислам дека Maped имаат такви гумички, ама веројатно и други фирми ги произведуваат.
Незнам дали прашањето е за тука, ама тука ќе го поставам. Купив штикли да се учам да одам, кога ги земав ми беа се точни дури едната ме и стегаше. Ама сега откако ги разгазив од позади има место за скоро еден прст да се стави. Напред се отворени на палецот, па така идејата за да ги потполнам со памук отпаѓа. Ај кажете лек некој, сакам да ги носам на свадба, ама не позади да ми фуфка.
Штикли се купуваат еден број помали. Кожата како кожа сепак колку толку ќе пушти. Такво слично искуство како твоето имав и јас.Првите штикли ги купив 37 затоа што тој број си носам,е сеа на почетокот малку ме стегаа но додека ги носев низ дома почна да ми клапкаат малце,но после 3-4 носења буквално изгледав како Пајо Паторот.Си земав сликонски влошки,али не ми помогна.Бидејќи незнаев друго што да правам ставив влошки обични како тие од патиките. И можев да ги носам.
Не верувам дека работи сега пластичарска А има ли некој искуство то тоа Pest reject од топ шоп? Сакав да си земам ама незнам колу е ефикасно.
Фармерките ми пуштале боја и ташната ми се направила лом,а во светла боја е.Некој начин како да ја исчитам?Или на хемиско да ја однесам,тоа би помогнало?
Од каков материјал е изработена ташната? Ако е нешто налик на кожа, пробај со Бекутан влажна марамица. Јас имам едни омилени фармерки кои премногу пуштаат боја на било која посветла ташна од таков вид материјал и ова ми е спасот.
^^ Пред некое време ставив во перална крем ташна (нешто како кожа не се разбирам во материјали) и темен партал, па модра ја извадив. Ја ставив пак сама во перална и не се извади бојата, па земав со циф стругав со сунѓерче и излезе, ама пак на денска светлина ми се чини дека уште мава на модро, а можеби само ми се чини...пробај.
Дали е возможно да постои боја со која би се обоиле гумени чевли? Ама перманентна боја? Скапа ли е и каде би можела да ја најдам?
Станот каде што сега живеам, кога се вселивме со дечко ми беше едно од најзагадените места што сум ги видела, очигледно на газдата око не му трепнувало. Чистење и чистење помина, и сега еден проблем не можам да го решам. Рерната отткако е купена сигурна сум дека ниту еднаш не е исчистена, цела е потечена со нешто внатре и тоа е многу закоравено, стругај- стругај со циф не излегува. Да ти е гнас да ја гледаш, а не па ли да ставиш јадење да се пече во неа. Кажувајте чаре какво средтво да купувам, има ли некое специјално за таа намена и со што уште да ја чистам???
Колку и да звучи неверојатно, македонски производ е кој чуда прави со рерната и шпоретот. Чини цели 26 денари, а неверојатно ефикасно средство е. Откако го открив, веќе за ништо не го менувам. Ќе ја премачкаш рерната и ќе оставиш малку да отстои и ќе го видиш резултатот.