Помош!!! вчера ми падна тушот во кадата (акрилна) и некако дел од кадата се излушти и тоа не само површинскиот дел туку и малку подлабоко, сега не знам како да ја санирам штетата. ве молам за помош!!!!
Ми се исфарба една блузичка во розева. Инаку е драп боја . Знаете ли како да и ја вратам оригиналната боја?
Не знаев каде да ги поставам прашава па затоа тука,ако се несоодветни за темата,нека ги премести модераторот. Колку е отприлика чистење на стан од 60м2,ама генерално,темелно чистење,ако може да бидат опфатени и кујнските елементи,надвор и внатре? И уште нешто,имаме туш кабина и едната вратичка се откачи ,а потоа и напукна.Дали може да се сменат целосно вратичките,колку чини тоа? Се надевам добро објаснив што барам.
Зависи дали сакаш специјализирана фирма или жени што чистат по дома, па зависи дали си од Ск. или некој друг град, па зависи дали ти и даваш средства за чистење или таа си носи. По фирми цените се 25-30ден м2 значи некаде околу 2000ден а жени што чистат по дома е поевтино, 1000-1500ден. Од таму каде што ви е купена туш кабината ќе си прашате дали може да се сменат вратичките - зависи до вид-марка на туш кабина и дали има таква можност ако не ќе си нарачаш калено стакло со лајсни по мерка и ќе си завршиш работа. Прошетај по продавници кај што се продаваат туш кабини и распрашај се што, како, каде.
Ве молам за помош Бела кошула ми се помасти од долен веш(елече).Сега по неа има розеви линии. Инаку ја ставив во вениш,но ич не се исчисти.Стоеше и во варгина,но ни тоа не помогна. Трета опција?
Ова варгина ти е варикина така? Колку време стоеше во неа, не ми се верува дека варикината не помогнала, да не стоеше кратко?
Па не го знаев точниот израз дали е варгина/варкина Инаку се разбравме. Беше во варкина некаде околу 5h.Ја растворив варкината во топла вода. Некоја друга процедура да не има,или во ладна требаше?
Тој Венишот за ништо не го бива, џабе сум дала и јас пари. Во врела вода ставаш варикина (не знам колку, јас отприлика ставам, директно од шише) и ја потопуваш кошулата неколку саати. Мора да излези се од неа. Мене успешно се ми има избелено. Ако не помага, стави варикина директно на водена кошула (да не е сува зошто може да ти ја изгори) и по 5 мин. (не подолго, да не изгори) потопи ја во леѓенче. После оплакни ја убаво зошто тешко се вади мирисот.
Сум пробала и на памук, платно, дури и на бел тепих (!!!), секогаш било успешно (од вино, чоколадо, масло, боја од други алишта, дури изгорено од греалка). Баратам добро со киселинава одамна.
Си купив денес сако. Но има некоја чудна миризба. И реков на мајка ми да го испереме, таа рече дека сако не се перело на истиот начин како и сите други алишта. Ќе молам некоја феминка да ми објасни за што се работи? Kaко вие ги перете вашите?
мислам можеш и сама да го испериш со раце,со ладна вода и малце сјај обичен од садови и некој мирис што имате за во перална стави и со ладна вода испериго и на крај со чиста ладна вода
Домаќинки ајде едно прашање и од мене. Добро,дали постои универзален прашок со кој ќе се перат сите алишта во перална.На пример и белите да ги пере убаво и црните и шарените. За шарени алишта имам PERWOLL,за бели алишта имам ARIEL, ама проблемот е што мислам дека со првиот не ми се перат доволно добро темните (црните) алишта, а додека кога пробав со ариел,им остави по малку бело скоро на сите алишта.Е сега,знам дека и за црни има PERWOLL,што најверојатно и ќе почнам да го користам,но прашањето ми е,зарем мора три вида прашок да се користи?Нема ли некој универзален,а добар
^ Има, и се вика Бел Алкохолен Оцет во делот за омекнувач Ги чисти ткаенините длабински, ништо не останува на нив, па така ќе можеш да користиш 1 универзален прашак за перење, кој повеќе ти одговара.
Не ми е јасно, како тоа со оцет??? Навистина, дали ќе може подетално да објасниш? колку се става, а нема да мирисаат алиштата после? Фала ти однапред
Има некој што се` уште не ја знае мојата позната рецепта?!? Во делот за прашак ставам од Персилот (пример) + по 1 голема лажица сода бикарбона, а во делот за омекнувач ставам околу 1.5 мала шоља бел алкохолен оцет. Облеките се ЦУТ бели, чисти и НЕМИРИЗЛИВИ, мораш да пробаш за да поверуваш
Секако дека не мора да користиш три видови на прашак. Јас користам Биоактив и за бели и за шарени и црни.Има нежен мирис и е со пристапна цена.