Обоено нешто со никое средство не можеш да го вратиш на старото. Ама, зошто е бело, можеш да го потопиш во варикина (во топла вода ставаш малку варикина и го оставаш да кисни додека обели, потоа убаво го переш за да се отмириса) Јас вака имам правено и секогаш успева.
^ Немој џемпер во варикина. Можеш да го ставиш сам во перална уште еднаш да го испереш и да додадеш некое белило вениш или нешто слично. Не знам ама зар нема да го оштети?
И јас не би ти предложила во варикина да го ставиш. Мене така едно фустанче бело ми се офарба кафеавкасто.И мајка ми го натопи со вода му тури арис средство за чистење и вениш и го остави неколку време така.После го испра и си се врати норрмалната боја.
Како да избришам пенкало од бела ташна, предната страна ми е чкртната на неколку места? Скоро се преселив, па регалот кај што ги чувам алиштата има чудна миризба , на старо....Кога видов како ми мирисаат сите алишта, ми се крена косата. чаре???
За чантата пробај на сува крпа стави сјај и триј ја ташната,ама сува крпа со сјај јас скоро се дамки така чистам Или ако е на некоја маичка исто на суво на дамката капнувам сјај и го тријам и излегува
-Ташната можеш да ја истриеш со Арф, Циф... Кај мене секогаш помага, иако од пенкало знае потешко да се вади. Барем ќе избледи, да не се познава многу. -Истави ги алиштата и цел ормар пребриши го многу убаво, да е чист. Стави внатре пакетче со лаванда или миризливо сапунче за да држи чист, пријатен мирис. Алиштата проветри ги накратко на балкон, или испери ги ако не ти е мака. Друго решение е да си купиш спреј од Орнел (сега е на намаление во Тинекс околу 170 ден., ама многу има внатре) и тој е посебен за прскање на алишта (и на простории истовремено) и ќе ти мирисаат на омекнувач, убаво и чисто.
Пенкалото може да го извадиш со лак за коса, напрскај, остави малку, пребриши. Ова важи ако е ташната од скај, кожа или слично, а не ако е платнена. А за мирисот - пребриши го целиот плакар со крпа со алкохолен оцет, непријатниот мирис треба да се изгуби.
На новиот фустан ми остана флека од парфем Пробав одма со влажна марамица, но ништо. Како да ја извадам? Не сакам да пробувам со нешто непроверено затоа што ми е многу драг. Помош?
Па јас имам извадено таква флека само со обично перење на блузичката со течен прашок за алишта. Инаку можеш да пробаш и со оцет или пак со сјај за миење садови ама после тоа обавезно испери го пак и сигурно дамката ќе ја снема воедно и нема да ти се уништи фустанот.
Ај кој се разбира во хемија Се збркала ветеринарката, оти ми прави услуга и ми порача хидроген, па ми земала 6% шише. Ако го разматам со пола вода ќе стане 3%? Може требаше во образование да прашам, ама дека ми е за чистење па ај тука.
How to convert 6% hydrogen peroxide to 3% hydrogen peroxide? Dilute two to one. Measure out any volume, add water to dilute to twice that volume.
Како да одмрзнам фрижидер,фиоката за длабоко не се ни отвара од што има нафатено мраз, да ја оставам вратата од фрижидерот и да чекам да се стопи и да бришам вода после или како?Треба ли да го исклучам фрижидерот? После внатре ок е со вода и оцет да го исчистам,така?
Исклучи го фрижидерот ако сакаш за побрзо време да се стопи отвори ја вратата и кога ќе почне да капе ќе видиш од каде капе и стави еден сад за да капе внатре. Ако планираш да го оставиш преку ноќ исклучен тогаш би те советувала да ја извадиш храната од внатре зошто добива лоша миризба. Ние го чистиме само со сунѓерче и вода не користиме ништо друго.
Јас би додала: храната секако обезбеди си ја. Во упатсвтото на нашиот фрижидер пишува дека внатрешноста може да се чисти со влажна крпа (натопена во сода растворена во млака вода), а деловите кои се вадат (фиоки, рафтови) слободно може со сјај и вода да се измијат.
Девојки хелп. ми се исфарба кошула во риги светло сина има на неа флеки. темно сини ...Чаре некое има???