Нешто интересно За да отстрани мастика од косата, не сечејте цели прамени, туку намачкајте го делот со путер од ќиќирики. Оставете така неколку минути, а потоа мастиката многу лесно ќе се извади. За да ја освежите црната облека, во последната вода со која ги плакнете додадете малку пиво За да ги исчистите кадифените играчки ставете им пире, енергично исчеткајте ги и оставете ги така цела вечер. Да го зачувате буќетот подолго да трае наполнете ја вазната со 2 литра вода, две лажици шеќер и две лажици оцет. За дрвените предмети да не привлекуваат толку прашина подгответе мешавина од една чаша шампон за коса, една чаша од антистатик за облека (тип Lenor) и 8 чаши вода (користете 50 мл чаши). Топнете мека парцела и поминете по мебелот. копирано е па така да НЕ се проверени и не ви гарантирам
Домаќинки ај ве молам ХЕЛП... вчера син ми на тепихот во дневна ми истури млеко, одма исчистив со Глос што е за теписи, и одоздола паркетот убаво го избришав, бидејќи е на аголот го превртев тепихот за да се исуши. Леле едно време кога почна ептен непријатно да мирис, оној мирис на расипано млеко, де проветрував, де го повторував рибањето со Глос, де со течен сапун, де флитав парфем, од сабајле половина купка си потрошив, не бе уште се осеќа тој глупав мирис. Некој идеја како да се решам од него? (само немој да ми кажете перење на тепихот, зашто во моментот не ми е изводливо, иако сум во план во најскоро време да ги перам сите теписи).
^^^ Исчисти уште еднаш со сок од лимон....би требало да успее, со поголема количина, и паркетот, а тепихот првин со влажни марамици истриј го , па после со лимон...
Ај тука ќе си прашам (мислам дека е најсоодветно место). Девојки сакам да ве прашам, имам обична када дома и светло портокалови завеси на неа (за да не прска нели), ама по одреден период откако ќе ги исчистам ми се прават црни точки (од бигор најверојатно ) на завесите и тоа многу често, на пр. ќе ги исчистам и по една недела пак , е сега проблемот е дека многу тешко излегуваат и секогаш останува нешто што воопшто не излегува а ги тријам и тоа многу. Е сега имам пробано и со Пулирапид и со Доместос, па ги имам вадено од штипките па ми стоеја во топла вода со истите овие средства ама пак ништо. Дај кажете ми што да пробам, нешто ефикасно.
А каков материјал се завесите? Ние имаме дома од оние што се перат..во машина ги ставаш и ко нови се после ..ако се од тој материјал,пробај да ги испереш
Хмм...па што знам што материјал се, нешто како шушкавец, не впива вода во него, туку се лизга, што знам друг материјал не сум видела за завеси во купатило. А твоите од каков се ?
Па има едни како пластичен материјал,тие не се перат..а има и едни сто се потенки,баш како шушкавец,тие се перат во машина..пробај,ако не,ке видиш ,на помала температура
Да како шушкавец се, ај ќе видам ќе пробам. Марамке, ги сменив овие ми се нови, и на старите така им се правеше, па се изнервирав купив нови , ама се нервирам често ми се случува ова, а не знам ништо ефикасно за отстранување.
Епа вака и ја имам нешто слично дома... И кога ги мелам тоа печените пиперки за пинџурот на мајка ми ставам по млаце во садот и ја пуштам тоа пасирката. Потоа промешувам за да се смеле и другиот дел со лажиче или нешто слично.Така мисалм дека ке ти помогне. Пробај на неколку поати по млаку да ставаш не све од еднаш
Е ајде и за мене малку помош. На повеќето блузи и после многу перења едноподруго, никако не се трга мирисот од дезодорансот.Признавам дека ставам многу, ама мора да има некој начин да се тргне, еве сакам сега да сменам дезодоранс, ама ќе се измешаат мирисите со претходниот.Чаре некое?
Да ви кажам совет за алуминимуските површини, украси и сл. Светнуваат со козјо млеко ама престојано. Колку повеќе е чувано толку повеќе е корисно. Значи млекото буквално треба да копа од смрдење да помогне. Ова го гледав на ТВ и ефикасно е доста.
Јас и со парфеми се прскам на блузиве па ми се нема случено после перење да ми мирисаат на парфем.оставај ги повеќе време во омекнувач мене после тоа цела куќа на ленор ми мириса
Ај и јас да прашам нешто Најдов едно старо ептен убаво бело палтенце. Стоено е со години во плакар и ја има изгубено бојата. Значи сега место бело, повеќе мава на жолтеникаво! Го исправ 2 пати и првичната боја никако да се врати. Чаре? Или сепак нема!