Девојки што да правам со мувлата на sидот ? На едната страна од ѕидот постојано се појавуваат дамки кај кошињата , ми се смачи од чистење Читав рецепт со варакина за отстранување , сте го пробале ли ? Или некое друго средство ? Дајте чаре Мислам дека надворешна изолација би го решил проблемот , но сепак во зграда сме и би било голема инвестиција
Мими, и ние дома имаме изолација, но бидејќи куќата ни е лепенка, два столбови се без изолација, па во тие соби во ќошовите знае да се појават такви точки. Ние проблемот го решаваме со варакина. Стави варакина во шише со прскалка, напрскај и остави така. Можеш прозор да отвориш, бидејќи ќе мириса. Ти гарантирам дека ќе се изгубат точките. Татко ми фрли многу пари на некакви си специјални средства, мачкаше, пустеше, ама ништо толку добро не ја исчисти мувлата како варакината.
Како да ја исчистам плотната убаво? Имам некое средство ама не ми се допаѓа како чисти во последно време. Еве ова средство го користам.
Јас спасот си го најдов со оваа паста, плус може да се користи за повеќе намени. http://www.limespi.rs/eshop/univerzalna ... omacinstvo
Здраво Ве молам кажете ми како да извадам флека од црвено вино? И сакав да прашам уште нешто, мајка ми ми купила волнен џемпер узврат, ама многу ме боцка волната. Дали има некоја финта, да не ме боцка, чеша околу вратот волната, некако да се омекне?
Со бело вино, или кисела вода, или сол. Најубаво на свежа флека да се истури одма бело вино, или кисела вода, или пак да се посипе со сол. А за стара флека мислам ќе ти помогне и било кое средство за вадење флеки, мене Омино Бјанко ми помага. А за волната некоја поискусна ќе каже
Знам за што зборуваш и верувај се сум правела и никако да направам волнените џемпери да можам да ги носам.Пробувано е и со посебен детергент за волнени алишта ,со омекнувач ,оцет и не бива.Единствено можам да ги носам ако имам одоздола памучна ролка.Едноставно не можам да трпам и тоа е тоа. Затоа сега кога купувам таков џемпер или мешавина на волна со други додатоци,ја допирам на лицето.Ако можам да поднесам ќе се носи ,ако не ни купувам,па колку и да ми се допаѓа.
Поедноставното решение е да носиш нешто под џемперот, а инаку волната се омекнува со регенератор за коса. Се натопува џемперот во ладна вода и внимателно се цеди. Потоа се нанесува убаво регенераторот на целиот џемпер, можете повеќе внимание да обрнете на критичните делови, ама секако без претерување со количината. Џемперот се остава во легенче да отстои 30 мин. до 1 час, а потоа убаво се плакне повторно со ладна вода или евентуално малку да е млака, никако топла. И на крај исто многу важна работа е да не се суши со помош на било каква топлина. Значи никако на парно, печки или слично, за да не дехидрира влакното. Нормално не може да се очекуваат чуда и нормално си зависи од материјалот, дали е чиста волна или повеќе е на синтетика, ама вреди да се проба.
Јас имам малку глупаво прашање и не ми се смејте Како да ја пуштам машината за перење алишта? Кој програм за што се употребува? Кои алишта се перат на рака/кои во машина? Како да ги комбинирам кои со кои е во ред заедно да се перат? Ми треба краток курс по перење алишта. И уште нешто,дали ќе биде во ред да направам паста од 3% хидроген и сода бикарбона и со тоа да исчистам бели патики што пожолтеле,нешто како кожа им е материјалот,не се платнени во секој случај?
Можеш да ја порачаш онлајн, а може да најдеш податоци и овде https://foursquare.com/v/%D0%BB%D0%B8%D ... bfe924081a И не е скапа, чини отприлика околу 200-250 ден.
Јас да прашам како да исчистам чкртаници од пенкало и фоломастер од бебе - кукла? Чкртаниците се стари повеќе од 20 години.
Ако е пластична куклата, на една влажна марамица стави некоја крема за раце и бриши ( а можеш и да капнеш 1 капка циф или арф) а ако е платнена куклата испери ја во машина на 15-30 степени.
Каде да најдам убави корнизи и завеси, а да не се скапи? Само ве молам не од пластичарската или Бит Пазар, некое друго место.
Сте видели ли низ Скопје вакви внатрешни полици? Ми требаат за две места, пробав нешто да импровизирам ама не ја бива.
Имам кожна фотелја и сега од седење и невнимание испукала на едно место и грубо делува, како да го спречам тоа понатаму,некое средство за одржување и има ли начин како елегантно да го скријам тоа освен со прекривка зошто не ми изгледа убаво. Фотелјава доби стрии ,испука.
Девојки ве молам за помош, итно е. Мајка ми переше некои бели кошули, но бидејќи имаа црвени елементи на нив, пуштило од тоа црвена боја на некои делови. Кажете ми со што да ја отстраниме црвената боја?