Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Помош за очајни домаќинки

Дискусија во 'Дом' започната од blond, 27 јануари 2011.

  1. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Не смее никако да се гребат тие тенџериња кога се готви или за да ги исчистите на дното, така се упропастуваат и лупат најчесто. Ако се лупат оштетен е горниот слој, па не знам колку е добро да се употребуваат.
    Обично фаќаат како наслаги од бигор или од нешто што ќе се залепи при готвење, кои делуваат премногу закоравени и со обично рачно миење и триење, па и со машинско миење не излегуваат ама не било страшно.
    Една од тавите од Братство што секојдневно ја употребувавме беше целата рапава на дното, со бело-жолтеникав слој, залепена и изгледаше комплетно уништена. Ќе ја фрлавме и се разочаравме зошто не е стара.
    Решението-бел оцет;). Се става еден прст оцет и се пушта на рингла да зоврие во тенџерето или тавата. Треба да врие додека не испари речиси цел оцет и се трга од рингла, флеките побелуваат, малку ладна вода се става за да се изгорите и веднаш се чисти со благо триење со мекиот дел од сунѓерот.
    Ептен закоравената тава воскресна после второто повторување на постапката. Вториот пат додадов и сода во оцетот, чисто за да го видам ефектот, но веќе поголемиот дел од слојот беше изваден после првото вриење само со оцет. Тавата конечно беше светната како нова и не беше воошто оштетена за среќа.
     
  2. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.920
    Пол:
    Женски
    Итно ми е!
    Сакам да правам сос од печурки ама сеа видов дека немам павлака :| ме интересира дали кисело млеко или јогурт можат да завршат работа..
     
  3. macence85

    macence85 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2010
    Пораки:
    1.217
    Допаѓања:
    822
    Не. Јогуртот и киселото млеко имаат многу вода и ке се заурдат место да направат густина.
     
  4. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.361
    Допаѓања:
    21.348
    Пол:
    Женски
    Ви се случило ли во машината за алишта во преградата за прашак на крај од перењето да остане малку од прашакот. Што значи тоа? Да не ставам премногу прашак за тој тип на перење или нешто не е во ред.
     
  5. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.799
    Допаѓања:
    100.561
    Пол:
    Женски
    Прво зависи кој прашок користиш.Мене ми се случувало да ми остане од Рубел или Биоактив.Зборувам порано кога ги користев.
    Второ зависи со која силина влегува водата во фиоката,можеби не е доволно силен млазот да го земе прашокот.Пробај со појачување на водата на вентилот пред машината,или од каде веќе зема вода.
    Јас последниве години користам само Факс и Персил,и не ми останува прашокот во фиоката.Смени го прашокот и ќе видиш,зашто имам впечаток дека некои "имаат" гипс.
    Ако користиш ове новите компакт,треба да ставаш само по 100 грама.
     
  6. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.361
    Допаѓања:
    21.348
    Пол:
    Женски
    Бонукс ставам. Неможам да направам разлика зошто нова ми е машината и овој е прв прашок што го купив.
     
  7. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.674
    До прашакот е 100%. Јас бонуксот затоа и го сменив.
     
  8. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.361
    Допаѓања:
    21.348
    Пол:
    Женски
    Фала ви на совет. Следното купување прашок ќе го сменат, кажете вие од кои сте задоволни.
    Ама овој прво мора да го потрошам, останувал не останувал пари е дадено :lol:
     
  9. dushiche

    dushiche Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2013
    Пораки:
    826
    Допаѓања:
    602
    Купив шарена маичка и при првото перење испушти многу боја, и од црниот дел оној белиот се офарба во плаво, а на некои места има и портокалово, со еден збор белиот дел е шарен, огромни флеки.
    Дали постои начин овие флеки да се извадат??
     
  10. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.799
    Допаѓања:
    100.561
    Пол:
    Женски
    Си требала на рака прво да ја испереш,искрено не гледам начин да го извадиш избоеното.Единствено да пробаш да ја потопиш во Вениш.
     
  11. kristince51

    kristince51 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2012
    Пораки:
    787
    Допаѓања:
    1.021
    пишав веке на општи прашања ај сега и овде , керка ми истури лак на платното од гарнитурата и јас во брзина со ацитон го забришав ама полошо не се тргна остана, пробав со оцет ,сјај ниишто не помага вие да знаете нешто ??
     
  12. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    3.417
    Пробај со Арис но на една помала флека.Прсни малку и остави да делува неколку минути .Потоа испери со обичен детергент или пак со Глос за текстил, кој ги остава боите постојани.
     
  13. dushiche

    dushiche Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2013
    Пораки:
    826
    Допаѓања:
    602

    На рака ја перев, само ја потопив во вода и малку течен детергент и за минутка две таа испушти многу боја и веднаш се избои, ја перев уште неколку пати и само има на неколку места сина боја, другото го снемало. Ќе пробам и со вениш.
     
  14. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.920
    Пол:
    Женски
    Значи 100 пати се обидов да направам сос со печурки и павлака и никако не ми успева :^) се прави како грутки..
    каква павлака користите вие?

    јас ставам од киселата павлака на Здравје радово
    [​IMG]
     
  15. luci22

    luci22 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2014
    Пораки:
    742
    Допаѓања:
    1.502
    Пол:
    Женски
    Смени ја павлаката ! Се сеќавам еднаш имавме купено ваква и си стоеше така едно можда 2-3 дена и кога пукна абе шо да ти кажам цел фрижидер лом
    хихихи :D
    Инаку пробај со онаа на Пекабеско павлаката (мн е добра значи) успева значи проверено. :)
     
    На Umbrella22 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.361
    Допаѓања:
    21.348
    Пол:
    Женски
  17. artemidis

    artemidis Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    452
    Допаѓања:
    2.015
    Пол:
    Женски
    Наместо кисела павлака ставај неутрална, со киселата пушта многу вода и се прават грутчиња од неа, неутралната е најдобра за сосот од печурки :)
     
    На Umbrella22 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.024
    Допаѓања:
    36.074
    Пол:
    Женски
    Ти ја препорачувам киселата павлака Мегле.Тоа е крем-павлака која содржи сосема мал процент вода во составот и има компактна густина.Ја користам за сосот со печурки и од искуство ти пишувам.И температурата на приготвување не треба да биде висока.
     
    На Umbrella22 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. mimkaj

    mimkaj Активен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2013
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    1
    Отстранување на мирисот на гума од термосот?

    Здраво драги .. дали можеби некој се соочил со ваков проблем-да не може да го тргне неподносливиот мирис од термосот кој доаѓа од гумичката ? Јас пробував со врела вода и сјај за садови ама многу мал ефект има само 1 ден беше подобро после се врати на старото.Споделете ако знаете некој трик.Поздрав
     
  20. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.091
    Пол:
    Женски
    Отстранување на мирисот на гума од термосот?

    Фрли го ! Нема чаре. Или евентуално закисни го преку ноќ.