Со што ги чистите шпоретите, оние со стаклени рингли, мазни? Демек модерни, ама ете не знам убаво да ги светнам, а секоја нечистотија се гледа, и точка да е.
Кажете ми што користите за алиштата да бидат ептен бели испрани? Имам некои стари чаршавчиња кои од стоење пожолтеле на одредени места па сакав да ги ставам на вриење и мислам дека имаше некоја финта со сода бикарбона ама не сум сигурна. Совет
Хелп. Имам блуза по куси црна е и под ракавите од стик ми се познава бело. Како можам да го остранам без да ја оштетам блузата, многу се познава
Девојки имам еден нов црн фустан , но ми пушта боја. Значи лом ми ја прави ташната а и долниот веш . Има некое чаре да му ставам нешто во перењето да не пушта боја ?
Пери го посебно него. Мајка ми сите парчиња облека што пуштаат вода ги пере на рака, одвоено, едно по едно.
^Јас го перам посебно , ама кога го носам ми пушта боја .. Поради тоа само еднаш го имам облечено . Мислев да не има некое средство или марифет за да не масти. Ќе го исплавам повеќе пати , може ќе се оправи.
Имам слушнато нешто со алкохолен оцет, оној белиот, демек да стои во него. И јас имам нови фармерки и џемперче што и после неколку перења уште пуштаат боја ама ризик ми е бре со оцетов да не се умирисаат. Не знам ни дали требаше да се сипе во машината за перење или да се потопат во леген... ако некој знае аман помагајте Едит: Расчепкав по интернет, може и така и така со една чашка бел оцет во вода најверојатно. И тоа не само за да не пушта боја, него демек и ќе ја задржело вечно Јас сепак би посебно во леген, да не ми офарба се друго во машина
си купив едни панталони со риги бели и тегет и ги исправ и кога гледам на тоа белите линии тегет како флеки , се измастило не се приметуваат ептен ама доволно што јас знам па ме нервираат некој начин нешто некое средство да се извадат?
Еве наједноставен начин како да го наоштрите ножот во кујна, ова помагало го има во сееекоја кујна Потребна ви е самое дна ќерамичка чаша и секако ножот
Ве молам за помош. Денеска во бела перална ставив и една бледо жолта крпа на дечко ми што беше, значи порано ја немам перено и ги уклучив сите алишта на 60 степени. На крпата на етикетата пишуваше дека може да се пере на 60. Кога ги извадив сите алишта беа банана боја, веднаш купив Вениш и ги уклучив сите офарбани алишта заедно одново на 60 степени со Венишот и прашокот заедно. И ништо, воопшто не се обелени, а битно ми е бидејќи имаше и униформа на мајка ми во нив сега и таа е жолта. Ајде некое чаре ако знаете, ве молам споделете.
Пред некој ден си купив нова ташна од Дуки и Дасо,ташнава внатре труе, смрди. Мириса на храна за риби. Не верувам дека може да се испере,материјалот од надвор е имитација на кожа веројатно. И ставив сода бикарбона прееска и ќе ја оставам така да отстои. Ако тоа не помогне со што друго да пробам? Да и истурам кафе внатре,тоа впива мирис или само бетер ќе направам?
А да ја оставиш надвор отворена со стапчиња(бркалки ) некое време да изветрее малку? Или да и ставиш хартиени крпи напрскани со омекнувач да отстојат. Јас тоа би пробала пред нова да си купам што не мириса