Нема размер. Ставај сода во хидрогенот и мешај додека добиеш смеса која можеш да ја мачкаш. Остави го преку ноќ. Ако влагата има навлезено длабоко под силиконот, корнење на силиконот не ти бега, ама ако е површно дефинитивно ќе ја извади мувлата.
ee fala ама кај нас има центрафуга 0 400 600 800 можеби затоа облеката изгледа остарена... сега пуштив на нула ...но мокри неисцадени ... Ти како правиш?
Ми треба препорака за жена што чисти.За во Скопје прашувам. Пишете ми бројче во инбокс. Фала однапред.
Девојки како ја чистите еко кожата на гарнитурата, со што? Јас со влажна крпа. Инаку како што приметив многу прашина фаќа, секој ден бришам плус темна многу се познава има ли некое посебно средство за чистење. Знам дека на еко кожа највеќе се собира прашина, ама бар да се пролонгира за некој ден ми се смачи секој ден со крпата во раце
Аком е црна или венеге тесшко тебе и по 2 пати ќе бришеш. Кај мене претежно е венге и каде и да е ќе ја направм дрва за греење немам намера роб да бидам.Средства има колку сакаш ама за бојата спас нема.
Има средство за кожа и екокожа, ердел мислам дека се викаше, ама што и да ставаш џабе е, прашината пак ќе ја има. И јас имам иста мака. Инаку еко кожата за да потрае, да не се исуши и почне да пука треба обавезно да се пренришува со такво средство.
Дали ова се однесува на црнилото кое се јавува на силиконот од туш кабина? Нова е а гледам на ќошето фатило црно црнило . И за каков хидроген стануба збор, тој за плакнење уста помагајте ве молам, коса ми се крена. Ќе ви бидам вечно благодАрна
Да, тоа црнило, мувлата во туш, и од тој хидроген за гарагара на грло, од аптека. Земи си и мислам полесно е за размер да ставаш хидроген во сода бикарбона отколку обратно, по малку додавај и мешај додека стане како паста или каша, да не е растечливо, стави го по црното убаво да го покрие се да не се ни наѕира црно со пастата кога е врз него и остави го преку ноќ да отстои. Сабајле измиј го. Зависи од колку е силиконот добро залепен и да не е влагата под него, може ќе треба да повториш постапка за целосно го извади црното, ама дефинитивно ќе видиш уште од прв пат резултат. Ништо друго не го вади така освен мајстор да извади цел силикон и да стави нов.
Јас мувлата или бигорот од тушот ја вадам со Цилит бенг со портокалово капаче што е. Ќе испрскам таму кај што има црно и со сунѓерче (обично за миење садови) тријам, нема потреба од мн стискање. Потоа со ептен топла вода плакнам и како ново.
Ќе пробАм прво со хидроген(без хемикалии ради мирисот) ако не ќе пробам и од тоа средството. Претпоставувам го има во големите маркети?? Слика да не имаш?
Не знам каде да прашам, па ај тука. Сакам да купам убаво ренде, па ги гледав рекламите на ТВ за Borner - V Slicer и Combi Shef. CombiShef-от е сега на некој попуст и кошта 2.000 денари, на рекламата ми изгледа ептен ОК. Ако некоја од вас ги има користено, ве молам за искуство!
хигиена здраво есен дојде па започнуваме со ајварите.. При лупењето на пиперките раците грозно мирисаат .. вечер лупам а и пастрамалијада е .. дајте совет како да ја отстранам таа мирис поз
Женчиња не знам во која тема да го сместам прашањево, ако треба нека биде преместено Само навечер после 22,00 часот е евтина струја или има и преку ден како порано (чинам од 13,00 беше)?