Евтина струја: секој работен ден од 22:00 до 07:00 наутро, а за викенд од 22:00 (сабота) до 07:00 (понеделник)
Си имам мака голема. Се фарбав пред малку и од фарбата ми падна на паркетот. Избришав одма ама ми останаа темни флеки. Со што да ги тргнам?
Средство против бигор? Макар и домашен трик За во вц-школка и за во перална? Дали има некаков трик или незнам што ...Кога поминам покрај некоја куќа а надвор се сушат алишта/облека значи мириса се осеќа омекнувачот. Како да го постигнам тоа?
Кога правам мафини во калап, на почетокот топ излегуваа сами паѓаа од калапот, а сега се почесто се лепат. Ставам масло, путер, ама не оди баш. Е сега прашањато ми е, дали е можно да се пече сосе хартијата (оние што се продаваат за колачи ставање во нив) или можат да изгорат?
^Можеш мила да ги печеш и тоа без двоумење. Перфектни излегуваат и не гори хартијата, без гајле . Испробано . Мојата мака . По грешка и заборавајќи да провери убаво, свекрва ми ги пуштила како и секогаш крпите на вриење на 90 степени. За белјата помеѓу нив имало некоја црвена салфетка и сега сите крпи од бели станаа розеви. Помош од поискусните кои се соочиле со сличен проблем. Како да ги обелам повторно?
^ Јас баш прашував пред месец дена за ист проблем само што моите беа жолти. Купи снежник и потопи ги во нив, нека отстојат пола саат/саат и после пак стави ги во машина на вриење и стави прашок и пак 1 или 2 капачиња снежник заедно со прашокот. Би требало да се извадат.
Значи не можам да сварам компир а да ми остане цел во тенчерето малку да чепнам со вељушата и се раскршува.. некој совет??
На 60/90 степени, зависи дали се почисти/повалкани. Иако машината ни е нова, па и на 60 степени ги прави бели како снег.
Пробај со снежник како што ти кажа девојката погоре а можеш и со ваниш. Остави ги да отстојат па испери ги пак во перална ќе се исчисти другата боја од нив .
Мајка ми на 90, но слушам од други на 60. Па се прашувам како е правилно . Фала на одговорот, нека сподели и друга домакинка За фарбани со ваниш пробав, не помага. А тос снежник што ви е? Вариќина ?
Не знам како го користите ванишот. Јас во машинс ставив детергент и ваниш. Неуспешно. Сега ќе пробам со вариќина, ќе го натопам долниот веш што го упропастив. А се ми беше ново. Не е проблем за мене да носам розево, ама сите долни маички на мм се розеви и неколку пара боксерки. Е тоа е проблем веќе
Ќе ти ја кажам мојата постапка за тоа Пишува на кесичката вениш па и на варикината како се користи. Сите оштетени алишта потопи ги во вода и додај цело кесенце вениш или варикина (обично ставам повеќе јас од тоа што е пишано позади на шишенцето) ги оставам да стојат подолго време 3-4 часа а може и повеќе и потоа ги ставам во машина за перење на 90С. Јас еднаш му уропастив на дечко ми цела униформа за работа и неколку бели маички исто за на работа и со варикина ги исчистив.А и нон стоп така му ги чистам алиштата од работа на овој начин затоа што работи во кујна и на секој 2 дена перење мора
Хмм тогаш уште утре ќе пробам со ваниш, имам цело шише но искрено не знам зошто и како никогаш немам прочитано што пишува позади шишето па ако не успеам ќе си купам и вариќина. Но штом е испробано ќе успее валда и кај мене
Јас па и не би ја препорачала Варикината, неколку пати имам пробано и ги белее за белеење АМА ткаенината подоцна е некако доста крута и е делумно оштетена веројатно заради хемискиот состав. За униформи и друга гардероба од посилен материјал можда и ќе заврши работа, за памук категорично не. Офарбаните во машина алишта може да се средат со марамчињата за отстранување бои, не можам да се сетам каде ги гледав, воглавно во некој од поголемиве маркети сигурно ги има.