Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Помош за очајни домаќинки

Дискусија во 'Дом' започната од blond, 27 јануари 2011.

  1. bridetobebt

    bridetobebt Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2014
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    146
    долен веш пешкири и сл. перам исклучиво на 95 степени, не е само за белината, работата е да вријат повеќе, сепак долна облека е треба на повисоки температури да се пере, за дезинфекција :D
     
  2. darcy

    darcy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    5.896
    На мојата машина пишуваше дека 60 со добар детергент е доволно, не знам каква технологија користеле :) Сепак менувам - еднаш 60 на програма за памук, еднаш 90 со предперење.
     
  3. chocolade

    chocolade Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јули 2014
    Пораки:
    2.215
    Допаѓања:
    6.882
    Пол:
    Женски
    Да и јас така наизменично. Но кога слушна свекрвами дека перам на 90 срце ќе ја фатеше. :lol: не се мирл веш на 90, доволно било и 40 и 60 степени. После 2 дена место не ја фаќаше и ми викаше да перам на 40. Ке се расипел ластигот. Ќе речев па добро вечно нема да го користам, и да се расипе ќе си купам нови 3 за 100 :D :P
     
  4. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.895
    Допаѓања:
    4.902
    Пол:
    Женски
    Хммм..незнам прашањево дали ми е баш за тука ама ќе прашам :)
    Значи си купив фармерки пред една недела и нормално ги ставив веднаш за перење и тоа башка ги перев на раце со прашак за перење па после ги оставив некое време во омекнувач да постојат.
    Е сега проблемов е следен,фармеркиве и после перењето имаат некој чуден мирис? Да не речам ужасен... Што да направам за да го тргнам мирисот од нив? :devil:
     
  5. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.341

    Баш ништо не можеш да направиш затоа што материјалот од кој се направени најверојатно е рециклирана пластика или некоја тешка синтетика. Сигурно на етикетата пишува Made in China.
    Памет за друг пат - кога купувате гледајте ги ознаките, од каков материјал и од што е направен производот. Си има и ознака ако е направено нештото од рециклиран мат-л.
     
  6. senza.parole

    senza.parole Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    3.784
    Допаѓања:
    24.012
    Пол:
    Женски
    Жени, колку пари е WC школка?
    Јас утре ќе барам, ама отприлика цена да ми кажете како се движат, пошо појма си немам. :^)
     
  7. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.413
    Пол:
    Женски
    Има ги разни зависи шо димензија ти треба од 400 ден па нагоре.
     
    На senza.parole му/ѝ се допаѓа ова.
  8. senza.parole

    senza.parole Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    3.784
    Допаѓања:
    24.012
    Пол:
    Женски
    ^^
    Е, многу евтини бре. :D
    Па, шо знам. Нормална ми треба, класична вц школка. :?:
     
  9. kolovoz

    kolovoz Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2011
    Пораки:
    1.667
    Допаѓања:
    6.231
    мислам дека цената е грешка не за друго само она горното -капакот и тоа како обрач :D е 300ден ама што знам пак јас (само коментирам) ;)
     
    На senza.parole му/ѝ се допаѓа ова.
  10. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.674
    За 400 ден сигурно нема да најдеш. Цените на обичните ВЦ школи се од 1500 до 3000 ден., моноблок од 3000 до 45000 :) ... ама тоа се веќе ненормални ВЦ школки.

    Голем избор имаш во фригошоб http://frigosob.com.mk/mk... и барај попуст ;)
     
    На senza.parole му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.413
    Пол:
    Женски
    Еве па бирај иако има и поевтини.
    http://bluemarket.com.mk/index.php?rout ... 111&page=3
     
    На senza.parole му/ѝ се допаѓа ова.
  12. senza.parole

    senza.parole Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    3.784
    Допаѓања:
    24.012
    Пол:
    Женски
    Жени, се селивме во нов стан, троседот и двоседот се прилично нови, ама мирисаат лошо.
    Што да направам за да ги освежам? :?:

    Или да си викам од тие службите со Кирби-Мирби, од 1500-2000 ден. се цените.
    Ми се исплаќа?
    Знаете некој добро што работи?
     
  13. leona83

    leona83 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2014
    Пораки:
    2.548
    Допаѓања:
    1.980
    Пол:
    Женски

    Можеш, со кирби ќе се освежат ама да најдеш асален човек, оти јас кога викнав луѓе што чистат со кирби 100 пати се покајав. Имаа старо кирби, немаа убави средства, џабе парите. А цената зависи што и колку ќе чистиш ама под 1500 не е. Значи зборот ми е подобро јави се во фирми кои се занимаваат со чистење ( делфин на пример- таа ја знам, не рекламирам никого:) ) и кажи што ти треба и ќе ти дадат цена/понуда. Ако не си задоволна ќе има кај да рекламираш а луѓево ниту ќе те слушаат ниту ќе пречистуваат.
     
    На senza.parole му/ѝ се допаѓа ова.
  14. MIA-SK

    MIA-SK Популарен член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2012
    Пораки:
    908
    Допаѓања:
    561
    Пол:
    Женски

    Никоја од вас ги нема користено?!? :(
     
  15. leona83

    leona83 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2014
    Пораки:
    2.548
    Допаѓања:
    1.980
    Пол:
    Женски

    Бјорнерот го имам од пред три години ( таа верзија, сега може само да се подобри) и можам да ти кажам дека е суууупер. Да си купиш да не мислиш, салатите се права уживанција и за јадење и за гледање, плус лесно и брзо се сецка, ги плакнеш со вода и толку.
    На пр.сезоната е за зимници, ние правиме една салата- царска, сецкани моркови, гамби, краставички и карфиол. Ако порано сецкав на рака 4-5 саати ( убаво и ситно да биде) со бјорнерот за 45 мин.се исецкав.
     
    На MIA-SK му/ѝ се допаѓа ова.
  16. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.024
    Допаѓања:
    36.074
    Пол:
    Женски
    Неколку практични совети кои некогаш можеби ќе ви бидат потребни

    1. Домашните цвеќиња го прочистуваат воздухот
    Домашните билки внесуваат свежина во вашиот дом, тоа одамна е докажано. Одберете фикус, палма, гербер, каучуково дрво или крин, затоа што сите овие цветови делуваат позитивно на чистотата на воздухот.
    2. Стаклото чистете го со весник
    Весниците се направени од густи влакна кои имаат голема моќ на впивање. Исто така, тие потешко се кинат и не оставаат прашинки како хартиените салвети.
    3. Сунѓерчето исчистете го во микробранова печка
    Дезинфицирајте го сунѓерчето редовно, и тоа по следнава постапка:
    Наполнете 1 чинија со вода и додадете 1 сок од лимон. Потопете го сунѓерчето, а потоа целата чинија ставете ја во микро печка на највисока температура.
    4. Отстранете ја мастиката со путер од кикирики
    Овој масен намаз ефикасно ќе ја отстрани мастиката од секоја површина. Едноставно намачкајте го на делот каде мастиката е залепена, почекајте неколку минути, а потоа отстранете го со четка или кујнска жица.
    5. Пополнете ги дупките во тепихот со мраз
    Ставете една коцка мраз на дупката во тепихот и оставете ја да се стопи. Потоа со виљушка расчешлајте ги влакната во околина на дупката и тепихот ќе изгледа како нов.
    6. Дупката во ѕидот пополнете ја со сапун
    Овој трик може да ви биде добредојден ако имате дупчиња од шајки во ѕидот. Сапунот нанесувајте го на ѕидот со кружни движења, додека дупката не почне да исчезнува.
    7. Алуминиумска фолија за брзо пеглање
    Тргнете ја заштитната навлака од даската за пеглање, прекријте ја конструкцијата со алуминиумска фолија, а потоа вратете ја заштитната ткаенина. На овој начин топлината ќе се рефлектира и во исто време побрзо ќе ги пеглате двете страни од облеката.

    Преземено
     
    На leona83 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Zaljubena111

    Zaljubena111 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    2.087
    Допаѓања:
    1.647
    женички помагајте :) имам една чешма за туш кабина, стара е, со кое средство да и го вратам сјајот. пробав со арис де грас, ама не е тоа тоа. Имаше нешто со бел оцет ама не ми текнува како беше :?: . или предложете ми нешто друго проверено :)
     
  18. Jagoda123

    Jagoda123 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    2.467
    Допаѓања:
    11.105
    Пол:
    Женски
    Пробај со Пулирапид
     
    На Zaljubena111 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.398
    Допаѓања:
    60.835
    ^
    Оцет со сода бикарбона, пробај со тоа, ако не успева тогаш пробај со Полирапид (розево едно пакување/шише).
     
    На Zaljubena111 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Domakica

    Domakica Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2011
    Пораки:
    553
    Допаѓања:
    406
    Пол:
    Женски
    Еве ја као новопечена домаќица :lol: сакам да споделам практични информации за домот, кои се извинувам ако се веќе споделни, ама ми се видоа таман за оваа тема.

    1. Лимонов сок
    Дома – чистење на стакло и прозорци, осветлување на бела облека, дезинфекција на штицата за сечкање, чистење на тоалетниот мијалник.
    Убавина/ лична хигиена – отстранува дамки од сонце на кожата, ја осветлува косата, ги намалува брчките, ги стеснува порите.
    Исхрана/медицина - детоксикација, подобра дигестија, олеснува болки во грло, го зајакнува имунитетот

    2. Кокосово масло
    Дома – полирање мебел од дрво, подмачкување и заштита од влага на разни површини, отстранување на нечистотии од тушот.
    Убавина/ лична хигиена – серум за коса, сјај за усни, дезодоранс, намалува брчки.
    Исхрана/медицина – ја подобрува функцијата на тироидната жлезда, ги редуцира мигренозните главоболки.

    3. Јаболков оцет
    Дома – ги брка мувите, одличен е за чистење на микробрановата, отстранува непријатна миризба од вешот.
    Убавина/ лична хигиена – олеснува при изгореници од сонце, можете да миете коса со него, да третирате акни и да го користите како афтершејв.
    Исхрана/медицина – детоксикација (и слабеење), го контролира високиот притисок, лекува габични инфекции, помага при настинки.

    4. Бел оцет
    Дома - полирање сребро, чистење прозорци, неутрализира мириси, отпушува цевки.
    Убавина/ лична хигиена – помага при стомачни проблеми, убод од пчела, може да го користите како регенератор за коса.
    Исхрана/медицина – го омекнува месото, го отстранува мирисот на лук, ја одржува свежината на зеленчукот.

    5. Сода бикарбона
    Дома – гаснење помал пожар, чистење на тоалет и мијалник, чистење на рерна и скара.
    Убавина/ лична хигиена – наместо антиперспирант, како паста за заби, смирува црвенило од пелени, помага при желудочни киселини.
    Исхрана/медицина – може да се користи како средство за стасување тесто, ако ставите во омлет тој ќе биде помек и воздушест, пилешкото го прави крцкаво.

    6. Рицинусово масло
    Дома – ги брка глодарите, добар е за подмачкување на кујнските ножици, помага во заздравување на саксиските билки.
    Убавина/ лична хигиена – ги зајакнува трепките, ги обновува испуканите петици, ги омекнува кутикулите.
    Исхрана/медицина – добро е за третирање на сува кожа, лаксатив е, го индуцира породувањето, ги олеснува менстуралните грчеви.