Биттер-грл пробај со Ариел и белиот Вениш на 90 степени, ваљда ќе побелее Ама ако има делови што се метални внимавај да не корозираат од високата температура, па да ти направат уште поголем проблем
Девојки да ве прашам , само немојте да се смеете, да знаев немаше да прашам нели Може ли патиките да си ги исперам во машина за алишта, нова ми е само алишта имам перено во неа. Сум слушнала дека переле и патики, ама јас не сум пробала, некој ваш совет???
Да, ама стави само патики, немој и алишта. Значи собери неколку пара, пуштај машина и немаш гајле. Патиките ќе ти бидат како нови Само немој да ставаш црни антилопски, знаеш за каков материјал ти зборувам нели , бидејќи ќе ти избледат
тоа нормално, јас имам една програма на машината 17 минути се вика, на 30 степени пере, обично сите алишта освен белите на таа ги перам.
Инаку јас што имам едни бели старки и уште едни чисто бели адидас патичиња, исто платнени, си ги трупнав во машина со бели или бледи алишта, на 40 степени и супер ми се испраа. Така да може и така Не сум уништила ниту расипала ништо, а патиките се ко нови, баш како што рече Сеси.
Готово се испраа и моите, како нови се , а јас будала до сега на рака ги перев, па четка па вадење влошките и сл. глупости, вака ни врвките не ги извадив а се испраа супер
Не знам како се случи, и од каде дојде, ама во паркетов ми се појави некакво црвче што го грицка и дење и ноќе! Паркетот е 5 години стар, а црвчево го констатирав пред неколку месеци. Вообичаено имам висок праг на толеранција на иритирачки звуци, ама ова не можам да го поднесам - веројатно поради тоа што ме потсетува дека сум немоќна пред едно обично, мало црвче! А де не спомнувам дека на почеток беше потивко, ама сега нешто се засили, па не би ме изненадило наскоро да стане со димензии на змивче Има ли некое решение за ова освен менување на паркетот, и од каде по ѓаволите се населуваат овие, или ги има во паркетот, и ако ги има како може да се активираат после 4 години хибернација???
види во земјоделска аптека,на времето мене ми дадоа некоја течност за таков вид на штетници и од тоа ставив во едно дупче кое се појави на паркетот и сигурно му пресудив ,зошто никогаш повеќе не го слушнав тој звук. Земјоделска аптека има на пазарот во Тафталиџе,некаде кај рампа во Кисела Вода и на Зелен пазар (? мислам)
Оние од кујна и дневна ги перам на 60степени,бидејќи примаат мирис од кујната и цигарите,а сите други на 40 степени,а ги перам кога гледам дека се за перење одприлика на месец/два
Јас имам само 2 завеси дома (во спалните соби), и ги перам еднаш на две недели, понекогаш и еднаш неделно. Ама морав, затоа што малиот ми беше алергичен на домашна прашина. Сега излезе дека можеби и не е, ама навиката ми остана Инаку ги перам во машина на 30 степени, и не ги пеглам, такви се, нема потреба да се пеглаат. Всушност, лесни се, па ги перам и веднаш ги закачувам, се сушат на лице место. Имам едно од тие дебелите, драпери или како ли се викаа, е тоа исто така го перам на 2 недели, ама морам да го исушам, многу тешко ми се гледа да го закачам мокро. Малку е тешко местото за монтиажа на венецијанер, или можеби така мислевме кога ги ставивме завесите, ама кај и да е ќе ги дислоцирам. А мора да има нешто, детската соба е премногу светла, па кога нема ништо децата ми се будат со првите сончеви зраци, а во лето тоа е многу рано
Aјде домакинки ниедни да ве прашам нешто! Дома имам трајно жаречка печка, ама имам направено многу флеки на неа, што не искачаат ни со сјај ни со ништо. дали постои некои специјално средство за вакивте печки, или било какво само да ги снема флекиве, ептен се приметувваат а скоро нова ми е печката???? ве молам пишете ми во лп доколу знаете. фала.
Како да извадам флеки од маици од потење? Не можам да ви објаснам колку се потам и скоро сите маици ми се со бели флеки, ги имам перено на рака, ги оставав да отстојат во вода, ги триев додека рацете не ми отпаднат и пак не излегуваат. Има ли некое решение за ова чудо?
хахахахха браво за темава јас едвај се снаоѓам со новата микробранова не сум мажена и затоа имам време да се подобравам во домаќинлукот
Немаш флеки од пот туку од стикот-ролон што го користиш. Смени го стикот и најди си соодветен кој нема да ти остава флеки. Еве на пр. на Нивеа се ок ролоните и не оставаат флеки - испробано