Pisuvam od mob.se izvinuvam za lat. Bidi mnogu vnimatelna so sredstvata zosto mozes nepovratno da ja ostetis,odnosno da ja izgoris.a ako e tvojata veke ostetena i nema spas.probaj so alkoholen ocet i soda bikarbona.jas taka gi cistam,najubavo mi e
Не знаев каде да го поставам прашањево,можеби не му е најсоодветно место тука,ама ете. Како да исчистам гумена маска за мобилен? Пробав со алкохол и не излегува. Да пробам да ја исперам,ќе и биде ли нешто?
Феминки, ќе ве замолам за помош. Имам повеќе парчиња црна облека која што уште по првото перење ми избледува.Како да го спречам тоа? Дали Первол помага, да купувам или не?
Јас го практикувам советот за тегет/црна облека првото перење да им биде со солена вода во која сум додала оцет, и тоа сооднос 50:50 оцет-вода. Имам едни тегет панталони од Манго купени пред скоро 3 години, и така ги перев првите неколку пати, а бојата уште им е како кога беа купени. Е сега дали е до таквиот начин на перење или до квалитетот на истите, не можам со сигурност да кажам, ама вреди да се проба зашто секој има дома сол и оцет А инаку и јас перам темна облека со Первол, со обичен прашок многу брзо избледува.
Да си одговорам сама,во случај да му затреба на некој. Ја исправ маската. Ништо не и е ,супер се исчисти,како нова е сега.
Мене најлесно и најекономично ми е со лимонтус. Стави вода и едно кесиче лимонтус и нека зоврие водата. Ако има многу бигор повтори го обидот. После само исплакни го. Некако со полирапид ја не би, штознам, страв ми е. Извинете, сега се помешав. ова ако станува збор за бокал кој е на струја. Не сум сигурна дали миа за таков прашува.
Пробај на мокро сунѓерче да ставиш сода бикарбона (малку поголема количина, не штеди ), помини ја целата површина на бокалот. После ова стави во бокалот малку оцет и повторно со суѓерчето помини го целиот бокал. Ако треба повтори ја постапката, мислам дека на овој начин би требало да се исчисти. Има во Кам - маркет ќесички за чистење бигор, ако не помогне содата и оцетот, може да пробаш и со нив. ЕДИТ Со Пулирапид јас не би, сепак станува збор за сад од кој се конзумира течност, мислам дека колку и да се испира со вода за такви садови не е препорачливо користење на хемија од типот на Пулирапид.
http://www.walgreens.com/store/c/clr-ba ... 28-product CLR Bath & Kitchen Multi-Surface Cleaner Idealno cisti. Go koristam za staklenite paneli vo banja, cesmi i slicno.
Девојки помош ,вчера ми се истури водата од што варев костени на сиви тренерки.Мала е флеката и не ми се испра. Многу се изнервирав на несмасноста зошто тренерките 3000 ги платив ,а 2 пати ги облеков.
Јас ги ваѓам флеките со сјај за тајнири миење. Ставам на флеката тријам малку а потоа ги перам на раце или во машина.
ќе ти ја постирав тематаhttp://forum.femina.mk/dom/kozen-mebel-da-ili-ne-t19827/, ама видов веќе си пишала и таму. Имаш добри совети!
да тие кесички ефикасни се но се само за електрични апарати на пример за бокал со грејач пегла на пареа...и со него ке си ги раздразни рацете и после употреба треба ОГРОМНА количина на вода за испирање
Ви благодарам на сите за одговорите! Станува збор за обичен-стаклен бокал, а не за електричен бокал. Ќе пробам со бел, алкохолен оцет, ако не се исчисти-ќе пробам со сода бикарбона, па ќе ви кажам.
Барав низ темава ама не успеав да пронајдам како да ја исчистам пеглата. Има залепено нешто и незнам како би можела да ја исчистам а да не ја оштетам
Кога ќе залепам нешто на пеглата, ја чистам со обична-памучна крпа натопена во обична вода. Ќе се изнамачиш, прстите ќе те болат ама со сигурност нема да ја оштетиш пеглата. Ако ставиш било какво средство, голема е веројатноста да ја оштетиш. Ако некоја феминка има искуство со некое средство, нека пише, да не се мачам вака!