Се сложувам со тебе. И јас го користам истиот антиперспирант и немам никакви траги на облеката.Дури и кога треба да ја исперам се уште се чувствува свежиот мирис. @Simplicity мој совет е да користиш некој од безбојните антиперспиранти.Не ја оштетуваат облеката, а мирисот се задржува во текот на денот.
Ве молам за совет: си купив темно кафеави кожни чизми. По совет на продавачката купив кафеав спреј за чизми (за велур и набук), но тој многу ми ги осветли чизмите (не беше баш темно кафеав) а, и не даде некој убав резултат (иако беше најскап и најпрепорачан) Потоа, ги премачкав со свинска маст (несолена) по мислење на постариве и со свинската маст многу се замрсија и ми ја потемнаа кожата. Ме интересира дали маста ќе се впие и дали ќе се врати бојата на старо ?
Мислам дека ќе се впие маста и со тоа ќе се врати бојата. Silver.E памет за друг пат, за кафеави (или било која друга боја) чизми земи си од тие средствата за чевли што се со сунѓерче одозгора - безбојно, ќе им даде само сјај, а не ја менува бојата. Јас пред некој ден го фрлив потрошеното, а не можам да се сетам од кој производител беше, амбалажата му е крем со црвено, го земам од Тинекс негде околу 80 денари мислам дека беше.
Друг пат земи си неутрален спреј за велур и набук, можеш за секаква боја кондури да го користиш и при прва употреба пробај и прсни многу малку на долниот и внатрешен дел на чизмата или обувката, остави да се исуши и ќе видиш како спрејот реагира на самата кожа или сл. Некои спрејови се на база на масло и не се препорачуваат за одреден вид на обувки. Читај го секогаш упатсвото (оригиналното не од преведената декларација) зошто продавачката за да ти продаде се ќе ти каже. Поздрав и поопширно објаснување на здравје. Спојлер http://images1.hellotrade.com/data2...g-products-waterproof_spray_copy1-500x500.jpg
Веќе 3 год ставам оцет наместо омекнувач, ама немам машина за сушење алишта (некаде прочитав дека од неа пешкирите се ептен меки). Е сега случајно малава ми донела дома пешкир од кај мајка ми која става омекнувач и кога направив споредба на двата, мојов беше доста покрут. Ај некој совет од вас, што перете ко мене, периодично користите омекнувач, или сушара или да си фурам вака и понатака?
Јас често користам омекнуваш за алишта ама не сум забележала некоја разлика во однос на мекоста (имам користено разни марки не само една), но со омекнувач навистина мирисаат убаво.
Некогаш зависи и од омекнувачот. Јас понекогаш од мерак ставам кога имам дома од омекнувачот на Фелче Азура со темнозелено, да не речам скоро тиркизно, капаче, бидејќи другите омекнувачи не ги можам. Разлика, да, сум забележала, помеки ми се кога се испрани со омекнувач. Ама сеедно, јас секогаш при перење си ставам оцет и сода, поради тврдата вода, оти ако не ставам, после сушењето алиштата ми се многу крути без разлика дали сум користела омекнувач (ни јас немам сушара). Така што, омекнувач користи ако сакаш, ама оцетот не го исфрлај од употреба. Јас повремено користам, почесто во лето, кога сушам надвор. Сега сушам внатре, во посебна соба (знам дека не е здраво, ама тоа е), па многу, многу ретко користам омекнувач.
И јас сега сушам дома, што на парно, што во ходник. Јас ич не сум купила омекнувач, може треба чат пат да ставам а сода и оцет стално, поздрав до @Moira за просветлувањето
А дали се осеќа оцетот, сакам и јас да ставам сега откако ве читав вас ама не знам ни колку ни како. Кога перам бели алишта ставам сода и лимунтос понекогаш и ми се перат многу убаво ама за оцет не сум знаела. Ќе може да ми кажеш коку ставаш и каде во машина внатре или кај прапшак што се става?
Ставам во преградата за омекнувач, до рецката што го означува максимумот. Лажица сода со прашокот измешана, и воопшто не се осеќа мирисот на оцетот, си мирисаат алиштата на прашокот или детергентот. Ако сакаш да ти мирисаат на омекнувач, ќе си ставиш после само омекнувач и ќе ја пуштиш само таа програма. Јас така правам понекогаш.
Мислам за тука е прашањето. Не сум мн млада,ама немам искуство со чистење на одредени работи.Сакам иако сум студент да ми е чист станот. Ме интересира во купатилото плочките коа ќе ги исчистам да има некој флеки.Нз како да ви објаснам ќе гледам и слика да ставам. Исто за паркетот во станот.што да користам за чистење? Сакам кога ќе изџогирам освен што краткотрајно ќе изгледа чисто и да биди чисто.А не кога по бели чорапи ќе шетам по стан без влечки црни да ми си праат. Имав парачистач,на праеа ич немав мака ама на поправка е и не верувам дека ќе се напраи.А и со парачистачот на пареа ги врвев и плочкиве во купатило пак исто ќе се исчистеа и ко ќе се исушеа пак имаше некој флеки.Мислам ме разбравте.
Бидејќи си студент претпоставувам дека моментално живееш во скопје доколку таму студираш а ако е така тогаш флеките на плочките во купатилото ти се од водата ,а истото со тек на време ке го забележиш и на убаво измиените чаши кои иако се чисти се со флеки сето тоа е од бигорот во водата кој мн го има во скопската.А за паркетот никако џогирање и киснење со вода ке ти се крене и упропасти само пребришување со полу сува крпа .А како средство можеш да си користиш АЈАХ за мазни површини е како плочки и подови убаво чисти и задржува пријатен мирис и свежина подолго време
сакам да си купам сушара за алишта ама не машина туку онаква за пружење на алиштата. Ми треба совет каква да купам гледам има хоризонтални што ти зафакаат цела соба и вертикални на катови што се попрактични за простор но незнам како се за сушењето дали бргу се сушат...ваше мислење ?
Имам хоризонтална пластична што се отвара странично. Зафаќа голем дел од собата и никогаш не сум ја собрала, бидејќи собата во која стои ја користам исклучиво за таа намена. Потенките алишта се сушат побргу за еден ден, додека на подебелките им треба и до два дена (не ја греам дополнително таа просторија). Имам можност и надвор да ги сушам, ама облеката мириса на чад, а не на чисто.
Ќе може некоја да ми даде некој совет како да спречам укебување на облека. Конкретно едно палто си купив и по 2 носења веднаш почна да ми се укебува. Па помагајте ако знаете некој совет.
Најевтините и најефикасни начини за избелување на облеката Белата облека во многу случаи е одличен и практичен избор, но проблемот е што тешко се одржува нејзината белина. Со современиот начин на живеење, неретко немаме време да ги групираме алиштата за перење според боја, па тоа за жал резултира со потемнети бели алишта кои изгледаат како валкани. Со помош на овие неколку трикови, вашите бели парчиња облека повторно ќе заблескаат во потполно бел сјај. Еден од најевтините начини за совршено избелување на белата облека е со помош на калиум перманганат кој може да се купи во аптека. Рецептот е едноставен. Во 10 литри врела вода ставете неколку кристали калиум перманганат. Водата ќе стане розова, но тоа нека не ве плаши. Немојте да претерувате со количината за да не добиете темновиолетова боја. Додадете 200 грама детергент за перење и промешајте, па потоа додадете ја мократа облека. Легенот покријте го со најлонска кеса или фолија и оставете ја така да седи 4-5 часа (може и преку ноќ). Нека не ве буни бојата на водата, облеката ќе биде побела од кога било. Кога ќе ги извадите алиштата од течноста, исцедете ги и пикнете ги во машина за перење. Перете ги како и вообичаено. Ако алиштата биле перени пред избелувањето, тогаш само исплакнете ги и ставете ги да се сушат. Облеката ќе ви биде беспрекорно бела. Дополнителни трикови: Во текот на перењето во прашокот за перење можете да додавате по 2-3 лажици сода бикарбона. Ќе заштедите на скапи средства за избелување, а облеката ќе ви биде совршено бела. Содата ја смалува тврдоста на водата, па така средствата за перење стануваат поефикасни. Прашокот за пециво е исто така добар избелувач. Пред перењето истресете една ќесичка во прашокот за перење и промешајте. Резултатот нема да изостане. Преземено
10 брзи кујнски трикови кои до сега не сте ги слушнале Ефикасни и брзи, ова се 10те трикови кои до сега не сте ги слушнале, а ќе ви заштедат време или ќе ви го спасат ручекот: 1. За да го продолжите рокот на траење на млекото, во отворениот тетрапак ставете малку сол. 2. Водата во која ги варевте компирите никогаш не ја фрлајте. Богата е со нитрати кои може да им го вратат животот на домашните билки. 3. Свежината на марулата ќе ја сочувате ако ја ставите во сад и ја замотате во салветка, па дури потоа ја ставите во фрижидер. 4. Спасот за пресолената супа е во компирот. Ставете еден цел сварен компир во неа неколку минути, а пред служење тргнете го. 5. Ако мирисот во пластичните садови од сирење ви пречи, ставете малку сол во нив. 6. Ако оризот ви загоре, на врвот ставете парче бел леб да отстои 10-15 минути. Лебот ќе ја впие непријатната арома на изгорено. 7. За да ја сочувате свежината на лебот, во кесата ставете парче свеж целер. 8. Ако лупевте овошје или зеленчук кој пушта боја, исчистете ги прстите со малку оцет и домати. Истријте неколку капки оцет или ¼ домат и работата е завршена. 9. Бананата никогаш не ја оставајте покрај останатото овошје затоа што испушта гасови заради кои другото овошје може побргу да презрее. 10. Тенџерето во кое се собрал бигор исчистете го со оцет. Наполнете го со раствор од вода и оцет во размер од 50:50 и оставете ја течноста да зоврие.
Со што може да се отстрани мувла од ранец (материјалот е синтетички). Дали ако се испере на 60 ке се уништат габите или има друг начин?
Многу тешко се вади мувла од синтетика. 3% хидроген ја вади од ѕидови, ама ранецот ќе го побели од него. Пробај испери, ако имаш програми за синтетика на 60. Јас имам, сум перела ранци на таа температура, немаат гајле. Ако има пластика од внатрешната страна ќе испука, да знаеш. Се надевам ме сфати на што мислам, кај ранците од внатрешната страна има како пластифицирана облога. Не е чиста пластика, кој знае што е, ама пука при перење, небитно на која температура.