Мали кујнски трикови за отстранување на непријатните мириси Фрижидерот во кујната е место во кое се мешаат сите мириси заради различните производи кои се во него. Сето тоа често знае да биде и непријатно. Но, покрај фрижидерот често можат да се случат мали незгоди и при готвењето, па затоа добро е да знаете некои мали кујнски трикови со кои ќе поправите сè, како ништо да не се случило. За освежување на просторијата по пржењето риба во тенџере сипете околу литар вода, додајте малку цимет или кој било друг зачин чиј мирис ви се допаѓа и оставете го да зоврие. Намалете ја температурата за полека да испарува. Ако сте го исчистеле темелно фрижидерот, а сè уште ви се мешаат мириси на храна, оставете шолја со талог од кафе неколку часа во фрижидерот. Кафето може да го користите и за неутрализирање на други мириси. Мирисот на загорено млеко ќе го отстраните ако го претурите во друга чаша и да го покриете со намокрена крпа. Ако варите риба и ви пречи мирисот, додајте малку млеко. Тоа ќе го отстрани мирисот и ќе го обели месото. Кога варите зелка, за да го спречите ширењето на непријатниот мирис, покријте го тенџерето со крпа натопена во оцет. Ако ви загори гравот веднаш претурете го во друго тенџере и прекријте го со мокра крпа. По 10 минути сменете ја крпата за целосно да се впие непријатниот мирис. Трикови при готвење: Јајце Ако сакате да сварите јајце кое е малку напукнато ставете го во ладна вода и додајте малку сок од лимон. Ако ви фали едно јајце за некој колач, може да го замените со пола чаша млеко и ќе го добиете истиот ефект. За побрзо да направите шлаг од белки и да ви биде поцврст, додајте неколку капки лимон. Риба Полесно ќе ја исчистите ако ја премачкате со сол, или ако ја оставите половина минута во вода која врие. За да проверите дали е свежа рибата која сте ја купиле, ставете ја во сад со вода. Ако потоне значи дека е свежа, ако остане на површина не е свежа. Рибата може да остане свежа ден-два ако ја замотате во крпа и ја ставите во фрижидер. При варење, морската риба се става во ладна вода, а речната риба во веќе зовриена. Ако подготвувате некое несолено јадење во водата при варењето ставете малку шеќер во прав за да не биде блуткаво. Преземено
Последниот пат кога пуштив ќебиња на перење ми се случи нешто невообичаено, а секогаш ги перам на истиот начин, не ми е прв пат. Секогаш ги пуштам на 30 степени, ставам нормална доза на прашок за перење и омекнувач, но еве овој пат ќебињата не ми се доволно меки, делуваат како крути и стари, а чисти се и се познава дека се исперени. Да не случајно дозата на омекнувач ми била мала?
Провери да не си ја промашила температурата.Исто може и омекнувачот да не е земен или е земен предоцна.
Си ја залепив пеглта за алишта ве молам за помош како да ја исчистам, не сакам да тријам со жица бидејки не е мазна површината. Нешто како тафлонска површина има.
@mariolet Во топла вода стави малку средство за садови и потопи памучна крпа.Со неа помини ја површината, а потоа пребриши со сува крпа.
@mariolet јас со оцет ја имам чистено и делува, ама мораш со сунѓерче да затриеш, или со крпа пробај.
@poenta ќе ја пробам прво твојта варијанта, па ако не бива ќе ја пробам на @sonce555 варијантата. Ви благодарам многу, се надевам дека ке успеам без да ја оштетам површината.
@Bozica1980 Зошто да не може? Не знам колкава количина треба да сомелеш, но пожелно е да ја поделиш, во смисла да не го полниш многу блендерот за да ја сомелеш добро.
sakam da prasam sto upotrebuvate za podgotvuvanje na kasite za bebinjata pasator, blender ili secko? gledam ima mbogu opcii ama cela zbuneta sum pojma nemam sto da kupuvam? mene mi treba nesto sto nema da ostava parcinja i za hranat i za mesoto ednakva gustina da ima kasata? kaj vas koja marka e podobra? odnapred vi blagodaram
Земај блендер. Ја блендира храната до каша, а има и помодерни блендери со кои можеш да контролираш до која густина ќе блендираш..
Девојки ајде некоја поискусна ако сака да ме упати Купивме ваква машина за садови http://www.neptun.mk/index.php?route=product/product&path=29_44&product_id=199680 Може малку глупо ќе делува но, прав пат имам машина за садови, отприлика знам што како но, ме интересира кога ќе се намести дали првиот пат треба да се пушти празна или најнормално со садови внатре? И исто така ме интересира како ја одржавате, дали има потреба да се чисти внатре и сл.? Дали садовите претходно ги плакнете ако се мрсни или нема потреба и дали може да се ставаат и пластични садови? Леле мн прашања имам се надевам дека ќе ја научам
@TheSecret јас првиот пат ја пуштив празна, без садови, но полна со сол и прашок, така пишуваше во самото упатство. Садовите ги замивам колку да се рече, не дека не ги мие супер и да се мрсни, но така ќе треба почесто да ја чистиш. За чистење има едно посебно средство, се става во машината и се пушта така празна, зависи како ќе ја користиш, може на 3 месеци, може на 6. Јас мијам пастични садови и прибор во машина и до сега сум немала проблем. Ептен некој сад ако не е за во машина истото ќе биде наведено на него. Еве слика од средството за чистење на машината.
@Bajaderka претпоставувам имаш и ти ваква машина, сега читам тука во упатствово и не ми е јасно малце со детергентиве таму во продавницата дечкото ми објасни дека може да се користи таблета, но и обичен сјај за рачно миење тањири и ни покажа нели на вратата има простор за детергент едното е за таблета а другото за сјај (така ни кажа) е сега читам во упатството дека таму се ставало средство за плакнење ова ме збуни. Може ли да ми објасниш подетално што како со детергентов, што користиш ти..знам дека на почетокот се става 1л вода и сол
@TheSecret посебен сјај е тој за во машина, и ептен споро се троши, јас имам земено на Finish како ова што е лево на сликата, а детергент користм прашкаст, со таблети не сум пробала до сега и не знам каков е ефектот. Детергент имам ваков Мене овој супер ми ги мие садовите. Во комбинација со сјајот се одлични, садовите се чисти и сјајни. Сол имам земено некоја германска од КАМ и за парите е супер. Инаку имам друга машина, ама сите работат на истиот принцип. Оној делот за сјај ти е како капаче? Се одвртува?
Како капаче е, значи се отвара и има простор каде што се става сјај, а до него има уште еден дел кој исто така се отвара во кој се става таблета или прашак. Значи тоа било специјален сјај за машини, зошто тогаш во Нептун дечкото ни кажа дека се става обичен сјај или таблета зависи како сакаш А за сол ни рече дека се става еднаш па кога ќе засвети таму има една сијаличка значи дека е празно и треба да се допуни со сол. Како и да се користи таблета+сол или прашок+сјај+сол или грешно разбрав
Каков џогер и средство за бришење паркет би ми препорачале? Досега со влажна крпа бришев, ама веќе ми се досади и плус многу време ми одзема. Спојлер Знам дека оние на пареа се најдобри ама моментално не сум во можност.