Помош за очајни домаќинки

Дискусија во 'Дом' започната од blond, 27 јануари 2011.

  1. Zaljubena111

    Zaljubena111 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    2.087
    Допаѓања:
    1.647
    Имам чистено со едно средство PEROS , на него пишува дека е универзал, но паркет/ дрво навистина многу убаво чисти. ако најдам слика ќе пратам.
     
    На НаталиЛили му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.422
    Пол:
    Женски
    Дали се пегла тексас?
    Многу ми е изгужвана јанкичкава ја перев два пати по ред по грешка сум ја шибнала со чистите алишта и сега е тутма. Од тоста денок тексас е вајда затоа е таква.

    Кога веќе почнав се да пеглам од маици до марами, ич не ми е тешко, ама знам дека тексас не се пегла, барем никогаш не сум го пеглала нит сум видела некој да пегла.
     
  3. НаталиЛили

    НаталиЛили Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2014
    Пораки:
    1.389
    Допаѓања:
    8.354
    Пол:
    Женски
    Можеш, ништо нема да му биде.
    Јас не пеглам, ама мајка ми пегла.
    Така да штом ти е многу изгужвано слободно испеглај го.


    Едит
    Само пеглај ја од наопаку.
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  4. do-re-mi

    do-re-mi Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2013
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    16.016
    @Hipster тексасот е памучен материјал. Може да содржи еластан, но оригиналниот тексас е 100% памук. Се пегла, без гајле и тоа на појака температура. Сепак, направи една проба на ракав или јаката со убаво загреана пегла, па сама прецени дали да продолжиш.

    Најлесно се пегла кога материјалот е уште помалку влажен. :)
     
    На galapce и Hipster им се допаѓа ова.
  5. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.820
    Допаѓања:
    101.030
    Пол:
    Женски
    И пеглај од опачината,немој од лицето на јакната.
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Blindfold

    Blindfold Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2013
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    6
    можеби е офтопик ама знам дека тука претежно сте домаќинки па да прашам за глупост што ја направив.Ставив алишта за перење во друга машина и по навика дека кај мене во средното се става прашок а во другите омекнувач,ставив и тука.Одпосле сфатив дека прашок најверојатно се става на тоа од страната зошто беше најголемо и веднаш истече омекнувачот што го ставив.Па земав од тоа средното го ставав прашокот во другото на крај и фактички сега во двете има прашок :( Ме интересира дали откако ке заврши пералната да ја пуштам пак,оти не сум сигурна како одат процедурите во машината,дали ако има прашок во местото за омекнувач кога ке го повлече прашокот нема да ги исплави алиштата ?Ај ако може нека ми каже некој дали ке биде ок облеката оти немам мн време за пуштање уште една перална.
     
  7. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.414
    Пол:
    Женски
    Нема да бидат убаво исплавени. За кратко пушти ја машината од онаму од кај што плакне сигурно има таква опција. Не е долго само плавењето некаде 10-тина минути.
     
    На Teodora* и Blindfold им се допаѓа ова.
  8. Marina89

    Marina89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2010
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    42
    Ај и овде да си ја пробам среќата,дали некоја од вас имапа проблем миризба на влага во ормар,ептем ми мириса,алиштата не се замирисуваат ама ми мириса во внатрешноста ....хелп плис
     
  9. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.776
    Допаѓања:
    202.686
    Пол:
    Женски
    Исчисти го убаво од внатре со алкохолен оцет, или направи комбинација од оцет и сода, исчисти го, па пребриши со чиста и сува крпа. Држи го отворен да се проветри, па нареди ги алиштата. Провери да не имаш влага на ѕидот позади, да не го јаде дрвото (или што и да е материјалот од кој е направен), па да се умирисува сè. Ако немаш влага, тогаш изгледа не ги сушиш доволно алиштата, па замирисуваат. Истото се случува од некои омекнувачи (море од повеќето).
     
  10. bibip

    bibip Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 март 2011
    Пораки:
    191
    Допаѓања:
    101
    Пρашањето не ми е адеκватно со темава ,но очајна сум... :) дали неκој знае κаде да најдам модли за сечење на κолачи/фондан во фоρма на снегулκа итно ми тρеба.....
     
  11. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.843
    Допаѓања:
    36.370
    Пол:
    Женски
    Со што ги чистите тавите и тенџерињата од инокс? Тоа жолтилото од зејтин со ништо не можам да го исчистам. Ко немиени се :(
     
  12. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.776
    Допаѓања:
    202.686
    Пол:
    Женски
    Јас со жица. Среќа па не ми се гребат, користам помека жица. Порано имаше такви што содржеа и детергент во нив, ама не сум начекала такви одамна. А со паста од сода и оцет не се чистат веќе, што ми е малку чудно. Ова за иноксните. Ако имате идеја со што да го чистам тефлонското тавче за палачинки од тоа жолтило, споделете, плиз.
     
    На An-na му/ѝ се допаѓа ова.
  13. SwanMay

    SwanMay Популарен член

    Се зачлени на:
    28 април 2011
    Пораки:
    855
    Допаѓања:
    4.678
    Пол:
    Женски
    Мене ми помага "паста" направена од сода бикарбона и средство за миење садови... Не е многу абразивно, а ги отстранува дамките... Се надевам дека ќе ви помогне. :)
     
    На cempres72, coolzhena, Dr.Awesome и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.776
    Допаѓања:
    202.686
    Пол:
    Женски
    Ај ќе пробам и така. За иноксните во глобала не ми е проблем, и машината за садови супер ми ги средува, ама ова тефлонското - ми е страв да го перам во машина за садови, да не се изгребе, а го поминувам убаво со сунѓерче на плотната што е. Одоздола тешко се чисти, тоа ми е проблем. Ништо не ме чини да пробам со сјај и сода. Благодарам :)
     
    На galapce и SwanMay им се допаѓа ова.
  15. TheSecret

    TheSecret Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    4.972
    Допаѓања:
    9.292
    Пол:
    Женски
    Позната ситуација :D и јас понекогаш имам такви испади :D едноставно кога ќе заврши со перењето пушти ја само на плавење уште еднаш. Незнам каква е машината ама види сигурно има опција само плавење да се пушти.
    Малце каснам со постов ама ај за друг пат :wasntme:
     
  16. TheSecret

    TheSecret Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    4.972
    Допаѓања:
    9.292
    Пол:
    Женски
    Арф и жица :)
     
    На An-na му/ѝ се допаѓа ова.
  17. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.026
    Допаѓања:
    36.091
    Пол:
    Женски
    Неверојатна употреба на пастата за заби

    1. Чистење на бебешки шишиња
    Шишенцата на бебињата често добиваат кисел мирис по неколку употреби, а обичките сапуни не се доволно ефективни. Ако не можете да ги извриете шишенца во вода тогаш од овој мирис можете ефективно да се ослободите со чистење со паста за заби.
    2. Чистење на гумата на патиките
    Вратете и ја белата боја на гумата на патиките триејќи ја пастата со стара четка за заби.
    3. Отстранување на дамки од дрво
    Ако сакате да се ослободите од дамките во вид на прстени на дрвената маса направени поради подолго стоење на чаши директно на дрвото, тогаш истријте го дрвото со паста за заби.
    4. Отстранување на дамки од килим
    Дамките од килимот можат да бидат тешки за чистење, но пастата за заби може да го олесни процесот. Втријте паста за заби на килимот со сунџерче, а потоа исчистете ја со мокра крпа.
    5. Чистење на стакло на туш-кабина
    Ако вашата туш кабина има стаклена врата веројатно по некое време на неа се прават дамки од вода кое не се чистат лесно. Нанесете паста за заби на сунѓерчето и убаво истријте го стаклото, кое потоа ќе свети како ново.
    6. Ослободување од лоши мириси на рацете
    Откако ќе сечете лук или кромид на вашите раце останува непријатен мирис кој не можете да го тргнете со обичните сапуни, без разлика на тоа колку пати ќе ги измиете рацете. Но ако нанесете малку паста за заби и убаво ја протриете на рацете мирисот ќе исчезне.
    7. Чистење метал
    Ако на вашето сребро или златно му недостига сјај, наместо да ги носите во продавниците за изработка на накит можете да ги исчистите сами. Се што треба е да нанесете малку паста и да ја протриете убаво со врвовите на прстите, а потоа да го избришете парчето накит со парче ткаенина.
    8. Чистење на спортски очила
    По долга употреба спортските очила стануваат замаглени и валкани, а водата не е доволна за да ги исчисти. За да ги исчистите очилата нанесете малку паста за заби, протријте ја на очилата, а потоа избришете ја со мокра крпа.
    9. Отстранете ги цртежите од ѕидовите
    Сите деца сакаат да цртаат на ѕидовите, што за мајките е вистински предизвик кога сакаат да ја одржат куќата чиста. Во вакви ситуации пастата може да направи чуда и да ги отстрани боичките оставајќи ги вашите ѕидови бели.
    10. Грижа за ноктите
    На ноктите им треба нега слично како и на забите, а пастата за заби може да ви помогне во тоа. Мијте ги ноктите секојдневно со паста за заби за да има светкави и бели нокти.

    Преземено
     
    На LUCERKA и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  18. flowersss

    flowersss Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2014
    Пораки:
    179
    Допаѓања:
    130
    Пол:
    Женски
    Ajde luge pomagajte koristev sekundaren lepak i si go doprev mobilniot i sega imam ko linii a nov mi e edna nedela ima samo kako da go iscistam.....fala odnapred
     
  19. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.363
    Допаѓања:
    21.350
    Пол:
    Женски
    Феминки кажете како го чистите купатилото и на колку време. Мајка ми и сестра ми ги поминуваат елементите и плочките со соодветно средство и после тушираат со топла накај врела вода. Мене ми е страв така, што знам да не направам беља, да не протече.
    Јас прво со правосмукалка ги поминувам подните плочки, да се соберат влакната, па рибам со средство на елементите и плочките, откако сум трудна со алкохолен оцет и сода (кога чисти партнерот става средстава), и после поминувам со мокра крпа, па со сува. Па во шољата ставам средство за дезинфекција моментално доместос да постои 20 минути, па рибам со четката, па пуштам вода. И сето ова е еднаш неделно.
    Но се некако ми се чини како да треба повеќе. Ми се чини дека е многу труд, а мал ефектот.
     
  20. НаталиЛили

    НаталиЛили Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2014
    Пораки:
    1.389
    Допаѓања:
    8.354
    Пол:
    Женски
    И јас откако ќе пројдам со средство, плакнам со тушот, со врела вода и после ја собирам водата со џогер и бришам со еден голем пешкир, кој впива многу подобро од обичниве крпи и го користам само за таа намена.
    Е сега на подот има дупка (нз како се викаше) каде што оди водата, би требало во сите вц да има.