^ Сифон Инаку јас елементите секојдневно ги поминувам со глос влажни марамици за чистење санитарија, а еднаш неделно со доместос, шољата исто со доместос оставам малку да постои и ја попарувам со врела вода, а бидејќи тушот ни е како турска бања (само со плочки и заграден со параван како кај туш кабините) после секое бањање ја бришам водата па не ми се прави многу бигор а кога ќе се направи попрскувам со цилит бенг за бигор и после со врева вода плакнам. Инаку многу ме нервира нечист тоалет, затоа секоја вечер по нешто само бришам во него
Домаќинки мои , ми треба ваша помош/совет, значи живееме во стан под кирија со цимерки, машина пуштаме нон стоп, црните алишта ни замирисуваат како да се стоени 2 дена водени, значи знаете како мириса тоа премногу е грдо!!имав прочитано дека прашакот влијае, ајде купивме течен, во машината ставив сода бикарбона (демек да ја исплакнам малце) изврте се испра сама, ама алиштата повторно мирисаат....некои повеќе некои помалце....ве молам кажетеми до што може да е, стварно не знам кого да прашам , и тие шо ги прашав немале сличен проблем...до машината е ? до сите алишта е ?шо да превземиме? Ви благодарам однапред!!
Наместо омекнувач, ќе користите бел алкохолен оцет, тој да ги премива алиштата, а со тоа и машината, на крај. Не знам што машина е, ама нас така ни правеше Беко, се изместиле некако програмите. Ние мислевме дека се расипа, си купивме нова, а свеки ја зедоа, викнаа мајстор и ене уште ја користат Мислам дека само ја ресетирал електрониката, не сум сигурна... Како и да е, перете со оцет кај омекнувачот секогаш и ќе немате проблем
Нема да имаш проблем ако прскаш со тушот, тамам работа Затоа е купатило, затоа има плочки, затоа се гради со нагип за секогаш водата да се собира кај сифонот и затоа под плочките има хидроизолација. Слободно прскај, ако случајно ти се качи комшијата од доле значи инвеститорот ја утнал работата Јас последниве неколку месеци користам средства на ДМ, и за бигор и за санитариите, и чистат ПЕРФЕКТНО и сјајно, а не мирисаат воопшто тешко. Ова за бигор е НЕПРИКОСНОВЕНО А ова за санитарии, цут бели и сјајни ќе ви бидат Пробајте, нема да зажалите
феминки кажете како го чистите стаклото од туш кабината оти готово ме умре,секој ден го чистам со доместос за да не останат точки на стаклото но многу е мачно пошто работа и сакам да си ја олеснам работата ..
Подните плочки во купатило ми се мат бели. Препорачајте ми средство за нивно чистење, а поготово за чистење на фугите кои од бели сега ми се кафеави.
И јас го имам истиов проблем со машината. Алиштата секогаш мирисаат на буѓосано. Мојата е горење, ни ја донесоа за свадба. Ужас се алиштата, ни се испрани како што треба, ни мирисаат на омекнувач. И милион детергенти и омекнувачи сменив, пак исто. Машината не ја бива.
А може ли кога ќе се стави алкохолниот оцет во машината да се стават и неколку капки есенцијално масло?
Секогаш ставам оцет и сода, нема врска какви алишта перам. И за постелнина, и за ќебиња и за било што. Исто и во машината за садови.
Женски, помагајте. Пеглав завеса, на маса. Имав ставено две ќебиња и чаршав, ама пак не сум успеала да ја заштитам и сега е бела. Дали може некако да го поправам ова или толку од масата?
Ako moze da se prefarba,prelakira..zavisi od materijalot..Rasprasaj se vo nekoja stolarska rabotilnica kaj sto pravat mebel.
Сигурно може да се префарба. Ама мислев да ја средам јас некако да не види свеки. Притисокот ќе и се дигне Ставив прекривка и само ѕиркам, божем магично да не се средила
Ako imas doma da probas da ja ispoliras so Politura,mozebi ke i se osvezi i vrati prvobitnata boja I nema tolku da se poznava.