Со обичен весник пребриши ги на крај. Повеќето средства размачкуваат. Само весникот чуда прави - од искуство. Или пак, најпросто, обичен алкохолен оцет - чудотворец - не остава флеки ако крпата е чиста.
најдобро и најефикасно средство за чистење прозори е... ем еколошко ем преубаво мириса го имаш во ДМ!
Јас имам од оние магичнине крпи што се и супер се брише само со обична вода. Пред да ја купам крпата си велев дека незнам да бришам прозори, се замачкани ми беа.
Па и јас така се критикувам себе си Дека незнам да бришам.Бриши,бриши на крај или замачкани или на нив се лепат ситни влакна.Бришам со обична крпа.Немам специјална.
маж ми има дуксер бело син и при перење му се измеша бојата, дали знаете како да ја извадам, пробав со вениш и го исправ после тоа неколку пати, но не излезе, ми рекоа да го ставам во доместос со вода, но синото ќе станало бело и никако не сум...
Во поголемите маркети имаш вакво средство испери го дуксерот со него, се ќе врати како што било. Јас имам лично и позитивно искуство со ова. Го има во Веро, Тинекс, ДМ...
Е да си купиш. Не ја зедов скапо негде околу 500 ден, ама се исплати. Од гостивар ја нарачав. АСТ пишува на неа. Шведско производство. Тогаш ќе видиш дека знаеш да бришеш прозори и тоа само со една крпа. Јас кога се омажив свекрва ми бришеше со 3 крпи. И јас како неа. Ама ми здосади. Бриши, бриши цел ден за прозори бришење само. Сега за 15 мин во цела куќа ги поминувам прозорите.
@joy1 Јас исто имам магични крпи за прозорци, за наочари, за комјутер и телевизор, за отстранување на флеки... Со нив не се користи никакво средство, само обична вода ... и стварно се магични чистат беспрекорно. Но моите се порачани од RSI. Доколку имаш некој познат што е зачленет во RSI прашај си. Не знам колку пари се моментално, моите се од поодамна, ама се мислам дека беа околу 500-600 ден .... но вршат многу работа,не останува никаква дамка и после нив се свети
Домакинки еве неколку корисни работи http://www.crnobelo.com/zabava/interesno/30328-10-raboti-koi-cel-zivot-gi-cistite-pogresno
Јас сум презадоволна со производите на пронто а и убаво мирисаат . http://online.konzum.hr/images/products/080/08030703l.gif
Ајде домаќинки кажувајте како да се ослободам од страшно лошиот мирис во фрижидерот. Исчистен е извадено е се, а пак мириса
@Chupe За неутрализирање на лошиот мирис во фрижидерот ти препорачувам вински оцет. Во мал филџан стави вински оцет и остави го на некоја од полиците да отстои 24 часа. Доколку се уште има непријатен мирис, може да отстои и неколку дена. Оваа препорака е од мое искуство.
Jas znam da stavis vo caska soda bikarbona i da ja ostavis izvesen period da otstoi vnatre.Znam majka mi go cistese friziderot so soda i nikogas ne mirisase loso.
Јас сечам лимон и го превртувам на тацна и така го оставам да седи. И во дм имаш освеживачи за фрижидер.
кога ке го испиеш кафето исуши го талогот и стави го во фрижидерот во некое ќоше веднаш ке исчезне мирисот
Како да го отстраните мирисот на цигари од домот Ако не пушите, сигурно е дека мирисот на цигари многу ви пречи и го чувствувате секогаш кога некој пушач ќе ви дојде на гости. Тогаш останува оној непријатен мирис на чад во домот од кој сакате да се ослободите најбргу што може. Тој мирис се лепи на завесите, теписите, мебелот и други места и може да се отстрани оттаму. Тоа можете да го направите на два начина: со длабинско чистење, во ситуации кога многу е задушливо, или со друг побрз метод, кога количината на чад овозможува тој да излезе побргу. Длабинско чистење 1. Започнете со бришење на мебелот и исчистете го каучот. 2. Симнете ги завесите за да ги исперете и не заборавајте да употребите омекнувач. 3. Дрвениот мебел и паркетот избришете го со малку оцет. По некое време неговиот мирис ќе исчезне, а во меѓувреме ефикасно ќе го впие мирисот на цигари. 4. Кога станува збор за ѕидовите, размислете за тоа почесто да ги бојосувате и потоа да ги премачкате со нешто кое ќе го спречи впивањето на чадот. 5. Прозорците нека ви бидат отворени додека чистите, затоа што така дело од чадот сам ќе излезе и ќе ве поштеди од малку работа. Брзо чистење 1. Запомнете да проветрувате уште додека гостите кои пушат се кај вас. Така дел од чадот ќе излезе уште пред да се впие во домот. 2. Оваа појава ќе ја превенирате и со палење на миризливи свеќи 3. Поставувајте садови со активен јаглен на неколку места низ куќата, особено таму каде што се пуши. 4. Друг добар метод е во собата која е полна со чад да ставите сад со оцет на кој сте додале и малку етерично масло. 5. Можете да ставите кора од лимон и портокал во вода на оган, да ја зовриете и додека уште испарува да ја ставите во задушливата соба. 6. Користете некаков апарат за прочистување на воздухот. Тие прават голема разлика. 7. Ставете малку сода бикарбона по мебелот и каучот. Тој вечерта ќе го впие мирисот, а утредента треба само да ги поминете со правосмукалката.