утре ке имам гостинче (помало братучедче) и ке треба нормално да му зготвам /купам нешто.. и кога го прашав што сака ми рече ВИРШЛИ ! а јас не ги јадам многу многу.. а уште помалце знам да ги готвам .. па некоја идеја/совет како да ги направам освен обично сварени е добродојден (имајте во обзир дека сум стрелец во хороскоп и не ме бива мн мн во готвење)
Ги лупиш, ги сечеш во должина по средината, ама не да ги поделиш целосно, значи за малку не ги досекуваш. Ја полниш таа вдлабнатина со кашкавал, и ги ставаш во рерна да се испечат. Највкусни ми се така, и ептен е лесно, дури и стрелец го може тоа
a прво треба да ги сварам? и отприлика колку време да се печат? и додека се печат одоздоле треба тавчето со зејтин нешто?
Да, и мислев на стикот ама ете бев нервозна од мојата најнова упропастена маица па не ни прочитав како напишав А ова за сите стикови на нивеа се однесува? Баш ниеден не остава бели траги?
Не треба да ги вариш. Тавчето намачкај го со маргарин. И внимавај нагоре да се завртени со кашкавалот. Абе и јас сум стрелец и ми успева ова Колку време не знам, гледај таму од прилика, на виршли не им треба многу, штом ќе се растопи и потпече убаво кашкавалот - извади ги.
Ај пробај со средство за одмрснување SMAC-бела течност е и се користи за се. Ем за секоја просторија од домот го бива, ем вади секакви траги од облеката. Шприцни малку и остави го нека преноќи така. Наредниот ден испери.
за флеки или за било што,на пример за одмастување на рерни рамни плочи шпорети микро печки загорени садови и се друго во кујна , мијалници кади и се др.(освен славини) во купатило,за флеки на тапациран мебел и теписи, и уште за многу што, да не набројувам повеќе, употребете али де грас го има во маркетите на хедис,се чудам што течност ќе беше тоа,чисти се, ама баш се.На самата амбалажа има залепено мало флаерче со упатство за тоа што сакате да исчистите,околу 120 ден.чини.Јас навистина се воодушевив кога со тоа го исчистив восокот од панталоните на керка ми.
Арис врши одлична работа. Вади се и сешто, абе кумановска работа Само да ви кажам, кога ке го користите, обавезно гумени ракавици да користите
Вака да ве прашам. Треба да му исперам два дуксери, прилично дебели. Како ги перете овие? На рака тешко некако ќе ми оди, за џабе ќе ги перам, да ги натопам само Глупичко малку, ама немам кој да прашам моментално.
Да ги бапнам во машина? Ако му ги уништам и овие, он мене ќе ме уништи Ама на рака пак ко непрани ќе бидат. Ај ќе ризикувам
Е па од тоа неперење асално, јас ги пикам в машина Ништо нема да му биде, само ако се со различна боја, пример едната светла, другата темна, не знам, да не ти пуштат боја Иначе, за посигурно, исклучи ја центрифугата, да не се туткаат, битно има убаво да се исперат. Јас од бато пуштам бела, сива и мој сив џемпер, супер чисти излегуваат. Темните заедно пак
Слободно стави ги во машина за перење на 40 степени и немај гајле. Незнам од што материјал се можеби на 60 степени ќе се изгужваат а можеби и веќе си ги испралаааа
си ја зпалив кошулата додека ја пеглав тоа нај нај убавата и ај сеа помош има ли некоја финта како да ја оправам
Мене ме интересираат искуства со H2O Mop од Топ Шоп, дали има некоја од вас и колку е задоволна? Има сега нова верзија, па сакам да знам дали вреди да го нарачувам. Ми треба такво нешто, посебно со мало дете дома, а ако чисти навистина како што велат... чистењето ќе ми биде песна
Ајде да ве замолам за помош. Дечко ми ми даде три негови дуксери да си ги носам, ама на најубавиот чисто бел сабајлево се разбудив со мастика! ја чистев, со мраз , гребев свашта. Ама пак има еден тенок слој и се гледа, особено што тој е перфекционист микро дамка да е, ќе ја види. Ако го ставам за перење, можам после пак да се обидам со мраз?... Полудев дома, омилен му е овој дуксер.
Јас на столчето на училиште имав мастика и несакајќи залепив и тренерки и фармерки, на местото каде што има мастика расутив алкохол и излезе се, пробај.