Fala nevesti. Bi probala so ocet, toa sredstvo za muvla ne bi go imala ovde za kupuvanje. Do sega go chistev so sprej za toa poseben, pa chekav da se isushi i go machkav bebeshko ulje, ama tvrda voda, veke ostanuva belo po nego a ne mi se proba so bigor otstranuvach da ne go razjade, i pishuva ne koristi na granit. Arno mi beshe stariot od aluminium, atomska bomba ne go razbiva toa.
Јас имам умивалник од гранит, го чистам со оцет и сода бикарбона. Арно ама кај што стоела жицата за садови на едно место ми за'рѓа и со ништо не се вадеше па го истрив со Пулирапид и набрзина го измив, среќа ништо не му бидна. Инаку за чистење само оцет и сода бикарбона.
Колку се зезнав јас што купив црна работна маса во кујна.Нон стоп делува размачкано.Чистев со сјај,со арф,дури и со сода и лимонтус...јок бре нонстоп делува прљаво со бели флеки,или прашливо делува.
Ни влезе синоќа глушец. Со што да дезинфицирам сега???? Немам дома баш некои средства. Имам Ајакс Лилиак бриз, ама на него не пишува дека е за дезинфекција. Дали бел оцет би завршил работа???? Дуќаниве во близина не се баш снабдени.
Добро, кажете ми како перете долен веш на вриење, а да не ви избелат боите и да не попуштат ластиците? Дома имаме хроничен проблем со ова. Нова машина за перење, ама не било до машината, а уште помалку пак до квалитетот на вешот (билив ми имам плачено за пар гаќи, добро не плачено, ама онака баш се изнервирав). Перење веш на ниска температура не е препорачливо воопшто. Како тоа вие добри и фини домаќинки ја одржавате лепотата на вашите гаќи? Ај чипка ќе ја переш на рака, внимателно, ама секој пар, секоја недела по 15 пара по чоек... А да не зборувам дека истото важи и за чорапите... и на ниски температури кога ќе ги видам смениле боја се нервирам, а чорапа ми е слабост, обожавам чорапи.
^ Белa гaќa невестo, другo чaре немa. Дoлен веш вo бoјa имaм мaлку и гo перaм нa 60 степени. Oдвреме нaвреме ги стaвaм нa вриење aмa не честo, чисти се штo им фaли, дoбaр прaшoк, Ариел или Персил и нa 60 се oк. Нo aкo секoгaш ги стaвaш нa вриење немa шaнси бoјa дa зaдржaт.
Sagrotan и Denkmit (не знам за дм во скопје) имаат како гелови за дезинфекција па си додавам кога перам на понизок програм со дупло плакнење.
@danichap ќе ти биде тешко да ставиш слика од нив? Со Ариел течен переме, ама она пустото во тебе... чисто е и све, ама не бре, дур не помине жешко не ти е тоа тоа... Кога ќе ги видам обледени се нервирам и само нови и нови и нови и нови сееекој месец по 10-15 пара и не, не претерувам толку се. За гаќи и чорапи најмногу трошиме, ах да...и за тоалетна хартија, како да ја јадеме, но не е тоа тема на муабет. Абе и бела поштувам, ама си сакам шаренки, петнаес ми је година.
Исто и јас така ги перам, на 60C со Ариел колор и тип топ се и бои и супер си се испрани. Ја и бел долен веш сум била глупа што сум перела на вриење ! Сега си перам сѐ на 60C со Ариел и нема никакви траги. Поскап е од другиве, ама со многу добра причина. А и на пониски температури Ариел е закон за перење , според мене.
Јас ги користам исто на Denkmit средствата за дезинфенција,само незнам дали ги има во нашиот Дм. И не само за фина гардероба,веш туку и таму кај што мислам дека е потребно да се дезинфицира а е перено на помала температура. Што е до мене можеш да ги ставиш на дупло перење ако ти е шубе за гаќи па додај и безалкохолен 2 лажици.
На многу голема мака сум, би ви била многу благодарна доколку ми дадете некој совет....Се преселив пред 15 дена одприлика, во стан на подкровље. Едниот балкон тој што е баш за спружување алишта беше цел лом од чавки и гулаби(испосран извинете на израз), си застанувале на тоа едно железо што е за жиците ставање. И океј купив најлон од земјоделска го заградив тој дел, го светнав балконот ама пак имам мака со чавки и гулаби!!! Значи на железото има 5 дупки за жица, ама нарочно стаив само на последните 3 , ама пак во првата жица од напред ми се маваат чавките бе од алиштата!!! Ми мирисаат после ги осеќам и ги преперувам пак....многу се нервирам не знам што да направам, ве молам дајте ми совет!!! Татко ми ми рече абе не се движеле многу луѓето шо живееле таму и затоа овие си застанвале, демек ќе видат дека се движиш ти бла бла и нема да застануваат, се плашат ова она....ама ништо од то, сабајле се разбудувам од шо ги слушам дека ке се акнат во алишта.....Само едно ми оди напамет, да го заградам и предниот дел со зелена мрежа ја има по земјоделските аптеки, ама освен тоа доколку ми предложите нешто би ви била премногу благодарна!!! Извинете на долгиот пост
Не сум до толку очајна, ама не знаев посоодветна тема за да прашам: каде можам да најдам термометар за во кујна- знаете, тие што се ставаат во течност на оган, и ја покажуваат температурата. Прееска на моирецепти видов рецепт за домашна моцарела, а без термометар не се нафаќам да го правам, од каде да знам кога температурата е 38, а кога 42 степени...
Доколку немаш стари cd-a купи си нови (ги има разл. димензии) и закачи го со конец да висат на повеке места и од нивното светкање и движење од ветерот тие ќе се плашат и нема да застануваат. Нешто во овој стил, само по едно или две-три да висат на едно место и гледај да ги поставиш повисоко, а последното да ти доаѓа близу до жицата.
Види во Карес може имаат. Не сум барала, не ми требало, па и не знам каде има. Други места - @Home, CoinCasa. На тие ми текнува во моментов.
Соодветна примена на шеќерот во чистењето на домот Освен како кујнска состојка, шеќерот може да се користи и како средство за чистење во домот. Шеќер и прашок за печиво: Во еден сад ставете 3 лажици шеќер и една лажица прашок за печиво, а потоа додадете малку вода со цел да направите мазна смеса. Оваа смеса може да биде одлична и природна замена за сјајот со кој ги миете садовите. Шеќер и розова вода: Ставете 3 лажици шеќер во еден сад, па потоа врз него додајте една лажица розова вода и мешајте сè додека шеќерот не се стопи. Подготвената смеса можете да ја користите за чистење сребро. Шеќер и лимонов сок: Направете сок од еден лимон и додајте му 3 лажици шеќер. Оваа комбинација е одлична за лесно отстранување на ‘рѓата. Шеќер и сирење: За отстранување на флеките од подот, обидете се со комбинација од шеќер и сирење. Во еден сад помешајте ги, а потоа со памучна крпа нанесете ги на свежите флеки. Шеќер и сок од домат: Сокот од домат е силно белило. Доколку имате која било облека која има трајна флека, во еден сад измешајте шеќер со сок или пире од домат и потоа со нивна помош едноставно отстранете ја од вашите алишта. Преземено
Каде да најдам полици за на ѕид, оние како коцки што се, бела боја? Гледав во Бриколаж имаат нешто такво, ама нема бели. Има во Симпо, ама 2000 е една.