Да ти направат по мерка? Така поевтино би требало да поминеш. Плус, ако се разбира мт во таква работа, може само да му исечат парчиња, па тој да ги склопи. Ние така правиме по дома, полиците мм ги склопува, последната беше нешто вака
Икеа ти е најефтина варијанта, таму сигурно би нашла тоа што бараш. А кај нас по салониве за мебел, во Симпо си видела... види во таа тетовската Inter Fantasy, тие мислам и по желба и нарачка изработуваат.
Ја исчкрав вратата во соба со темперни боици и сега сакам да избришам. Пробав со вода, не излегуваше целосно, пробав со ацетон, пак остана... Инаку вратата е бела, а бојата е црна.
Темперните боици се водоотпорни кога се исушат. Јас имам надвор орнаменти боени со темпера, нема ни една пукнатина на бојата, а стојат на дожд, ветар, сонце, мраз... Пред да решиш да префарбаш, што можеби е единствена солуција, пробај со чист 100 процентен ацетон, не било каков за нокти, повеќето ацетони за нокти овие денови не ни содржат ацетон во нив или многу малку во однос со другите состојки.
Домаќинки како да извадам флеки од крв на бели фармерки?Пробав со Вениш па ги перев ама флеката уште си стое.
Флека од крв секогаш се остава да отстои во ладна вода, посебно ако е свежа, може со прашок, може и без. Мене Омино Бјанко и средството за флеки на Денк Мит во шише со четка што е ми вадат крв без проблем од било каков материјал. Вениш воопшто не користам.
Дали некоја ја чистела машината за перење со алкохолен оцет и сода бикарбона сакам да ја исчистам ама незнам точно како оди тоа дане ја зафркнам нешто,па ако можи искуство и совет што ,колку,како.
@ubavka1 Машината за перење облека ја имам чистено само со сода бикарбона, но не и алкохолен оцет. Постапката е едноставна. Во делот каде се става прашокот ќе ставиш една мала лажичка сода бикарбона и ќе ја вклучиш машината исто како што правиш и за перење. Наместо сода бикарбона, можеш да земеш и средство Calgon кое ти го препорачувам од искуство.
Мувла со ништо не се чисти, за жал. Да пробаш со Доместос или варикина, ама нема гаранција за материјалот. Пробај, разреди малку со вода, и со чепкалка за уши помини ги точките мувла. Инаку и хидрогенот чисти мувла, ама од плочки, фуги, ѕидови и сл. Не знам дали таков ефект ќе има на костумот за капење.
Со темни алишта отишла и една сива во машина.Сега има темна флека .Со што да се обидам да ја извадам?
Да пробаш со средство за флеки што вообичаено го користиш? Ама искрено, кога е флека од боја, ретко што помага. Можеби елиминаторот на несакани бои од Др. Бекман. Го има во сите поголеми маркети, и пишува дозирање и за рачно перење. За таа една флека не вреди да пушташ цела машина. Ама не знам дали ќе ти помогне, пошто зависи и од материјалот изгледа. Ми се офарбаа две блузи на бела основа, со др. бекман едната се оправи, другата за дома си ја носам.
Бетер беља ќе направиш, јас така со вениш маица на темна основа (маслинеста) и побеле како од варакина.
Јас воопшто не користам Вениш. Мој фаворит се Омино Бјанко и средството за флеки од ДМ што е во шишенце со четка. Ако имаш сапунче за флеки, пробај со тоа, ама ако е понежен материјал, не знам дали ќе излезе.
Епа домаќинки во врска со дамките од мувла на облека/ткаенини можам да донесам заклучок дека тоа парче оди во канта, за жал. Ем бели,ем со сѐ се обидов но залудно беше. Дури и концентрирана варикина со киснење во неа не успеа да ги избели, а материјалот не се оштети. Затоа па си куоив нови Памет за друг пат
Излезе флеката Ставив и вениш и од Дм едно сретство за флеки и ја пуштив на 60. Малце се собра ама флеката излезе. Битно он ништо не примети