Сакав да пробам со пегла и весник ,ама страв ми е да не го растопам тенкото слојче па да го исчистам кога врбата грозје ќе роди. А за алкохол, мислиш ќе остане нештш на материјалот од самиот алкохол? Зошто дуксеров е бел ко снег, ко лист за принтање. Се распишав.. Сега се пере, утре ќе видам дали останало нешто. Фала!
Помош?? земете еден градинар како од очајни домаќинки пошо е комерцијала тоа би било : Порачајте си еден згоден , со голема машкост , градинар кој ќе ги задоволува вашите визуелни потреби и ќе заборавите на мастиките на дуксерот и блендерите на блонди да не бидам офф топик мастика само со пегла и весник .
Хартија и пегла е за восок, а мастиката само лед ја вади. Ама не знам дали ќе биде ефикасен ледот после перењето на дуксерот, но ништо не губиш ако пробаш.
Си најдов едно бело џемперче пред некое време што не сум го облекла којзнае од кога. И му се израдував, такво нежно, интересно, викам таман ќе си го носам летово навечер. Арно ама, приметив дека има некоја жолтеникава дамка на него, не многу голема ама се познава. Сто пати го исправ, ставив сјај - ама џабе. Некое добро средство или некој стар начин за вадење дамки да ми препорачате?
Ај помагајте сега. Прво да ви ја објаснам ситуацијата. Спојлер Поради тоа што дома реновираме, моментално сме сместени кај братучетка на мажлето мое. И нормално треба да си го испеглам. Е сега, даската за пеглање на дотичнава личност да ми ти пуштала боја, а јас појма немав (додуша ни таа не знаела бидејќи рееееееетко пегла). Даската е жолта со портокалови цвеќенца низ неа.И сега проблем. Дури на 3 кошули (бели) сум им оставила траен белег Пробав со вениш, ги ставив на вриење неколку пати, на рака ги мрцкав... Ма јок, не излегува. Си стојат тие жолти дамки. Ќе да треба со киселина да ги полијам Совет ?
Пробај со Aris de Gras или со Omnio Bianco - во краен случај DAT5. Ова се трите работи кои се закон за влеки(поготово мрсни).
Си го купив. И задоволна сум. Додуша, не чисти како на рекламата (не ни очекував), ама за дезинфекција ќе ми врши работа. Ме спаси од рибање на купатилото - многу малку време ми требаше да го средам тип топ А што се однесува до флеки на клот бели алишта (целосно бели), јас ги вадам флеките со едно специјално средство за избелување , кај нас не сум го видела, од Грција ми го купуваат. Алиштата се фантастично бели (доказ ми се пеленките од малово - вади се од нив), а не ги избелува алиштата во боја, само флеката ја вади. А порано користев разреден Доместос - е тој дури и боја вади
Јас вчера баш на една бела памучна блуза на син ми ставав Доместос пошто имаше такви црни точки, како од мувла, изгледа блузата била влажна на тој дел и што стоела во корпата за облека со останатите и се направиле такви црни точки. Ставив неколку капки Доместос (ама внимателно само на тој дел, зашто има апликација, ако капне не обоен дел го уништува) оставив неколку минути и добро ја исплакнав. После во машина на 60 степени со Ариел и сабајле кога ја собирав облеката гледам нема ништо, се исчистило. Блонд, ако можат да се перат на вриење кошулите, пробај прво со Ариел на 90 степени, мене жолтеникавите дамки на облеката на син ми, од разни каши ми излегуваат само така. Дури и оние постарите што не излегле при друго перење.
дали ви се има случено нова блуза штотуку купена после неколку дена во плакар да е скината со мали дупки дали може да се молци или нешто друго
Не верувам да е од молци и тоа после неколку дена а дали ја виде убаво кога ја купуваше. Ако во исти плакар ги чуваш и зимните и летните алишта купи си Раид против молци ем убаво ќе ти мириса ем ќе ти бидат заштитени и алиштата
Леле помош... Неколку блузи на син ми дека беа многу валкани ги бутнав на 60 степени, значи посветли и потемни заедно мислејќи дека не е многу висока температурата за да посветлите (во риги се жолто бело и зелено бело) попримат боја од потемните. И сега ги вадам има што да видам белите риги станале сиви Ги бутнав светливе на вриење со Ариел, или ќе излезат или уште толку ќе ја утнам работата. Друго чаре?
Првото перење на штотуку купен фустан и ми се упропасти Фустанот е тегет но има една црвена и една бела лента, линија. Црвеното и белото попримиле боја од другиот дел што е тегет. Чаре? Како може да се врати во нормала? Многу ми е криво, не ми е ниту еднаш облечен
Додека пеглав ми се залепи пеглата, со што да ја истистам? не можам ништо да пеглам ќе ги оштетам алиштата бидејќи лепи. Совет
Јас ја чистам со ЦИФ а знам дека има и специјални средства за таа намена ама освен едно специјално сапунче за тоа немам др. користено, а циф врши одлична работа