Со поладна вода да ги переш. А тоа што пуштаат боја, сум слушнала дека било добро и со алкохолен оцет да ги испереш (пак јас со оцетот ама што да правам кога е сенаменски), ќе се фиксира бојата.
Би требало да е доволно еднаш. Може и да ги покиснеш во вода со оцет, па да видиш дали после ќе пуштаат боја, што не би требало.
Ми треба помош, имам фармерки темно бордо боја како на сликата се, ги накапив несакајќи со кафе и имаше темна дамка се познаваше и со влажно марамче ја истрив и обледе делот таму, дамката се изваде ама откако ги исправ таму се познава обледена бојата.. Е сега дали има некој детергент да му се врати бојата на тоа местото или пак некоја боја за ткаенини да му капнам? Нови се фармерките само два пати ги имам облечено и жал ми е да останат така, помош?
Дамка од кафе не се вади со влажна никогаш, друг пат само водичка, ако после перење има флека Вениш му е мајката. А чим викаш обледело местото нема чаре можеш на префарбување да ги однесеш, има на Бит-пазар сигурно, или да ги скинеш на тој дел во хоризунтала да бидеш од заден тренд, али па зависи каде е дамката Пс. Или сепак и сега стави Вениш за обоени алишта може ќе бидне нешто
Каде се продаваат чаршафи за маса, од оние на средина на маса што се ставаат, вака нешто Има ли во Џамбо, Стружанка?
ај некој нека ми пиши ако знае, како одеше тоа чистење на машината за перење? Знам дека на вриење треба да ја пуштам, и сода или оцет треба да ставам нешто такво?
@Bibi 88 Машината за перење алишта може да се чисти со сода бикарбона или специјално средство за таа намена Calgon. Постапката е иста како за перење на облека само што при чистење машината се вклучува празна (без облека).
Помош за очајна домаќинка како мене уф феминки значи нема ден ноќ а да не сум на нозе буквално немам време ни да влезам на форумов да пишам еден збор цело време само работа работа и тоа дома само и пак да не е како што треба уште ми фали да почнам некаде да одам на работа и дома што ќе биде хаос дајте совет кажете нешто како вие ги одржувате чисти вашите домови? Во пределот на купатилото проблем ми е шолјата кој влезе да си заврши нужда така лом ќе остави ќе си измие раце пак све вода ќе испрска потоа како може бе луѓе само што ќе измијам садови и само што ќе ја избришам кујната тогаш на некого ќе му се здојаде ова она ауууу дневната лом од малата секаде играчка до играчка јас собери таа растури за прозорите немам што да кажам секаде прсти прашина од кај се бере јас незнам со крпата во раце и само бриши, трошки и ѓубре секаде најмалце 3 пати во денот усисивам е и после таа работа пак и пак нечисто неможам веке неможам
Кај мене е се ова,плус две деца плус на работа одам. Јас генералка правам за викенд само(тогаш не раб).Значи тогаш бришам детално се,врати,прозори,плочки,машини,усисивам темелно,менувам постелнина,перам,ставам се на место.И тогаш сум раат. Преку недела не се оптеретувам ич.Гледам секој ден ручек и вечера да е готвено,децата избањати,домашно напишано,прошетани. Го правам основното откако они ке заспијат а тоа е садови во машина и алишта(ако мн се собрале) за перење.Играчките во еден кош во детска и толку. Нема шанси да се потресувам околу флеките на мебел секој ден.Малата ги лепи прстињата кај ке најде не ке одам со крпата по неа.Опушти се малце и домашните нека си створат навика за во вц,кујна основни манири бар да имаат.
Ова калгон неможам да го најдам овде кај нас, во 5 маркети каде што бев го нема! Де ако сакаш кажи ми како оди постспката со содата, по колку се дозира?
Во Скопје, Calgon-от го има во буквално сите поголеми маркети: Веро, Тинекс, Рамстор. Јас нон-стоп го користам. Задолжително ставам при секое перење во делот каде што го ставам прашакот. Од време на време ставам бел акохолен оцет и сода и ја пуштам машината празна, на вриење.
Домакинки вчера на реклама видов сретство против мувлаа Саво.Да незнаете каде можам да најдам,во кои продавници го има?
Помош!! Мајка ми го заборавила белиот џемпер на печката да се суши и го изгорела ,сега има еден дел пожолтен. Има ли начин некако да го избелам или незнам што или да се простам од него?
Сега ја видов темата, па да се самоцитирам: Можеби има пишувано наназад, ама немав време да прочитам .
@Bibi 88 Дозирањето е како и количеството на прашок што се користи. Ако мислиш дека е многу, можеш и помалку да ставиш доколку не е прво чистење на машината со сода бикарбона.