Кажете ми јако средство против бигор. Кадата е цела со бигор А чешмите се цели запушени од бигор, немам идеја како да ги очистам.
Саво против мувла јас не го препорачувам иако мислам дека треба да си пробаш Уште додека живеев кај мајка ми го користеше пред година време,додека не беше убаво пробиено овде на пазарот Има многу јак мирис ,ајде океј тоа се издржува ама најверојатно средството е многу јако. Кај нас мувла се појави во купатилото кај тушкабината горе во едно ќоше 2-3 пати напрскавме мувлата навистина ја снема ама ѕидот почна да се лупи
еве слики од пред и потоа од мувлата кај нас дома вчета го купивме сретството и испрскавме и еве се исчисти
Жени ми се истури зејтин на ринглата и сега ми остана флека.. Се работи за шпорет со рамни рингли, кои по се изгледа испаднаа многу нежни. Некое средство за да пробам да го исчистам?
Ејјјј, по одвратно нема. Почнав да ја мразам рамната плотна само ради чистењето. Не се секирај ќе се извади. Може по неколку пати чистење ама ќе излезе. Значи тоа едно средство за чистење плотна во црно шишенце јас ич не бев задоволна. Кога ќе ми истече нешто ставам оцет и сода да одстои. Или ставам цив жолтиот исто да стои. И после со сунѓерчето од рапавата страна. Имало и некоја шпакла во комплет со плотната ама кај мене ја немаше. И внимавај, поарно со неколку чистења да излезе, него да го испогребеш со некоја жица. Мене ми се залепи ќеса и цела се растопи. Неколку дена секој ден го повторував чистењево со одстојување и на крај се исчисти.
Само на лик се убави, ама за секојдневно работење воопшто не се... да знаев ќе купев обичен и раат ќе бев...
Има едно средство за таа намена. Еднаш на неколку месрци. Со се кутивчето се става внатре и се пушта машината.
За плотна имам пробано секакви средства ама ништо не се покажа ефикасно. Најефикасно за плотна е сода и сјај за садови и се чисти со сунѓерот од рапавата страна. Чистев и со сода и оцет, но ова е поефикасно.
Ми треба мислење за течен прашок за перење...До сега немам користено освен обичен, но ме советуваа дека ги освежува боите на алиштата. Се мислам меѓу Perwoll и Persil течниот. Кој е подобар? Било какво искуство?
Go koristam perwoll za crni alista i sum prezadovolna,preubavo mirisa i ne ti treba i omeknuvac da koristis za alistata
Jaс го употребувам Первол и за обоени и за темни алишта,колку ги освежува боите незнам баш ама сепак помалу обелуваат а и убаво мириса.Но сепак мислам дека според цената и брендот Персилот би требало да е поубав,имам намера да пробам и јас со него
Има кесички со некое средство за одстранување на бигор. НО, немаш потреба од нив. ОЦЕТ. Било каков оцет го чисти бигорот. Јас практикувам тоа да е лимонова киселина. Чешмите ако имаат надворешно бигор пребриши ги, а ако мислиш дека се затнати од бигор, демонтирај ги и покисни ги (алкохолен и вински оцет може да го нагризат иноксот, зависно од квалитетот на иноксот). Кадата само изрибај ја со било каков оцет.. Исто така, електричен бокал се чисти со било каков оцет. Наполни го со оцет да одстои и изми го.