ПОМОШ ! Носталгија по родното место. Поради разочарување се напушта родното место. Убав ми е воведов? obrazovanie/pomos-za-ucenici-i-studenti-t8938/ Ова ти е нешто слично, таму прашај.
Оглас Имам завршено мак. книжевност со мак јазик, не сум вработена, па во слободно време пишувам семинарски, теми и сл... Најмногу ме нервирало тоа, ама што ќе се прави... Ако некој е заинтересиран нека ми пише ЛП. - поврзано со мак. јазик, литература, општа и компаративна книжевност...
ПОМОШ ! За романтизмот карактеристична е разочараноста од сегашноста и копнеж по минатото, животот во незадоволство кое поттикнува на бегство и потрага по подобар живот. Во чувства на светска тага, бегството изгледа најдобро решение, не останува ништо освен потонување на себеси. Крајниот резултат е уште поголема носталгија која прави човекот да биде уште една капка во морето, безнадежен набљудувач - уште еден минувач. За ваква носталгија ни раскажува Бајрон во своето дело ....
ПОМОШ ! Најголема грешка при пишување состави во средно е тоа - да потенцираш романтизам или било кој друг правец како да одговараш на прашање и тоа директно,без да се трудиш незабележливно да го сплотиш во текстот или кога ќе го прочитав името на авторот во неговото дело тоа и тоа...катастрофа! Затоа имав професорка што ставаше тројчиња на таквите писмени! Кога те испрашува ќе си одговараш така,ова е начин да вежбаш да се изразуваш,а не е раскажување лекција. Ова ви е мој хинт за сите пишувачи на писмени за во иднина. Не пишувајте такви текстови,увек добиваат максимум 4ки ради трудот.
1. Клетници - човекот на дното на општеството (клетниците во романот) 2. Странствувањето на Чајлд Харолд - главните одлики на романтизмот во поемата 3. Страданијата на младиот Вертер - Вертеровата чувственост и неговата позиција на неснаоѓање во светот, а самоубиството е само конечен чин во серијата неправедности - границите меѓу човековата љубовност и бесплотната љубов меѓу мажот и жената... Хелллллпппппп!!!!
ПОМОШ ! А што има лошо во тоа ако ми помогне некој од вас ? Јас го напишав есејот само проблем ми беше воведот. Не сакав да биде нешто едноставно, сакав да биде нешто што на професорката ќе и остане отворена устата кога ќе го прочита. Па така побарав помош од вас затоа што овде има народ што го минал тоа и можеби ќе сака да помогне. Ми се допаѓа оваа. Ќе го вметнам можеби оваа или ќе најдам нешто друго. Благодарам на сите што сакавте да помогнете.
ПОМОШ ! ^ Не се ќити со туѓи перја. Ако сакаш професорката да остане со отворена уста напиши си сама, ем ќе си имаш добра оценка, ем ќе се чувствуваш подобро, зашто тоа е твој труд. Зар не се чувствуваш поубаво кога ќе напишеш нешто сама, па и да не е толку убаво? Утре кога ќе заглавеш некаде во животот, сама ќе треба да се снаоѓаш.
ПОМОШ ! Добро бе девојко знаеш на гугл да пишеш што ти треба ? Не можеш да очекуваш да ти го напише сега есејот . Јас чувам писмени од лани и прехлани ама не можам целиот да ти го искуцам . Ако не си читала снајди се , има некој што пишувал на нет . Само не ги препишувај целите за да нема некој од твоја генерација ист есеј ко твојот . Лани тоа се деси на моја другарка и другар и 2 добија , ради трудот демек што пишувале
ПОМОШ ! Ако премногу се трудите да ја импресионирате професорката, на крај ќе добиете помала оцена. Зошто? Зошто едно е начин на кој се изразува 17 годишно девојче, нормално дека вокабуларот е попрост, и многу лесно се забележува дека извадоци како оној погоре не се твој труд. Нормално дека не можеме сите да бидеме писатели, и затоа треба да се трудите сами, иако тоа можеби ќе биде посувопарно напишано, отколку да користите фрази и зборови кои ни сами не знаете што значат, само за да добиете петка. Исто е ко со ликовно, или те бива или не, ама од авион се гледа кога мајка ти ќе ти го нацрта цртежот место тебе. ПС. Ако немате време, јас би ви препорачала да не киснете по форуми и да загреете столче. Никој тука нема да ви тури речитост со инка.
ПОМОШ ! Не го најде ова на гугл или воопшто не се потруди да побараш нешто. http://www.forum.idividi.com.mk/forum_p ... 6919&PN=10 http://makedonskijazikiliteratura.blogs ... -post.html http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%A1%D1% ... 0%BB%D0%B4
ПОМОШ ! Леле луѓе дефинитивно не сте сватиле што барам од вас. Значи го НАПИШАВ есејот ! Сакав да имам вовед што нема да е поврзам со Бајрон или со прошталната песна туку сакав да биде нешто за носталгијата и за тоа колку ни недостига родниот крај и како се опростуваме од нашите сакани кога заминуваме! Така сакав да го почнам есејот. Сепак благодарам за помошта.
ПОМОШ ! Колку сте исфрустрирани сите.. е добро де девојчето побарало помош а вие одма да јадете бурек ... што има лошо во тоа да се добие и некое друго мислење.. мене понекогаш кога ми даваат совет и јас сакам да си апсорбирам и така си формулирам мислење.. Се нафрливте ко да сте некои генијаци.. ако сакате помогнете ако не не трескајте глупости!!
ПОМОШ ! Ова беше за House95, таа ми реплицира дека ги нема читано, па еве линк да прочита за што се зборува. А, за ова погоре не би коментирала. Сигурно не би се чувствувала убаво кога некој би објавил твој труд во негово име. Ако си ти толку паметна, ние не сме,ние тука трескаме глупости, земи напиши и’ ти. Патем ние никој не нападнавме и‘ дадовме добронамерни совети .
ПОМОШ ! Навистина ! Ако не сте спремни и не сте во можност да помогнете,подобро не ни пишувајте. Не го напаѓате девојчето одма..леле
ПОМОШ ! Ние фрустрирани?! Сигурна си?! Навистина на драга воља би напишала еден состав за утре некоја ваква биде на одредена позиција која тогаш,навистина би ме фрустрирала. Не е мислење,цел состав е на база на дело кое МОРА да го прочита за да се описмени!
ПОМОШ ! Да да исфрустрирани. и се нафрливте на девојката без никаква причина! па што има врска не го бива секој за пишување на есеи и состави.. Ако сте вие генијалци супер за вас браво стендинг овејшн... ама не мора така да и се нафрлате ако сакате помогнете ако не фалете се за вашите квалитети и за вашите способности на друго место! а не да понизувате и вие да се издигнувате..
Се сложувам со Лилит и некои претходни. Фати го столчето, не седи на форумов. Во другите теми пишуваме како неучени, завршуваат школи.