Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Помош за проектни задачи

Дискусија во 'Образование' започната од Victorya, 5 февруари 2010.

  1. dolly.doll

    dolly.doll Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    594
    Допаѓања:
    505
    Пол:
    Женски
    Ајде драги Феминки ако некој знае некое составче за „ Сторив хумано дело „ ;) Нека пише во ЛП :) :*
     
  2. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    Е добро де.... точно е тоа. Секој не го бидува. Ама јас колку што знам девојчето ЦЕЛ ЕСЕЈ си напишало. Само за воведот ли не ја бива? :?:

    И ова општо за СИТЕ кои бараат тука помош: колку и да НЕ ВЕ БИВА да напишете есеј, сигурно доволно ве научиле во прво одделение со тоа читанчињата и букварчињата, па сигурно ВЕ БИВА да ги прочитате делата кои ви се на списокот за лектири. Како што рече Лилит, не се тие лектири за џабе таму ставени. Ќе се запишуваат на факултети, а Горио ќе мислат дека е некој непрославен кувар или па можда име на зачин.
     
  3. Angiee

    Angiee Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 декември 2010
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Тема за писмена !!!

    Ве молам дајте некој текст на тема Хуманоста спасува живот :)
     
  4. dolly.doll

    dolly.doll Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    594
    Допаѓања:
    505
    Пол:
    Женски
    Тема за писмена !!!

    Еве и јас моментално пишувам на истата тема и со малку труд ке успеам . Најди некои циттати од познатите хуманисти . Се надевам помогнав :D
     
  5. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.664
    Не барам да ми напишете состав, друго барам. :lol:

    Има некој готов материјал искуцано за крв и крвни елементи, ме мрзи да преведувам од англиски, ми треба за утре, а денес ни кажаа. Ако има некој нека ми прате ЛП. :)
     
  6. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.641
    Точно, не го бива секого за есеи, ама за тоа постојат оценки од 1 до 5!!
    Не мора секој секоја писмена 5ка да ја има, ако не го бива за пишување!
    Што им фали на оние кои оценките по македонски ги поправаат на граматика??
    Претеризам е ова барање да ти се напише есеј!!
     
  7. Aniston

    Aniston Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2011
    Пораки:
    564
    Допаѓања:
    235
    Хаус 95 праша дали има некој состав на тие теми - ако има - нека пише - ако не.. што филозофии жити се ?? Можда е психопат и ужива во тоа да се прославува со туги дела... и шо сеа ајде, есеј ке пишете дали требало или не требало да бара состав ?! можда некој пред 3 години ги имал тие теми, му стојат посмените, една фотка - ја прикачува и готово... па не се аплицира за нобелова награда, натпревар кој ке остане жив кој не - смотана писмена по македонски !

    Ипак темата гласи ПОМОШ за задачи, а не филозофирање дали некој треба да бара помош и каква...

    Оцена од писмена не се поправа, влегува во дневник и влиае на оценките на полугодие и крај година... извади ти четири кеца и поправи ги со граматика ;)
     
    На House95 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.554
    Кец на писмена се добива само ако си неписмена.
     
    На WhiteAngel и Hipica им се допаѓа ова.
  9. Aniston

    Aniston Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2011
    Пораки:
    564
    Допаѓања:
    235
    За жал ова правило не важи кај сите професори... Мојот професор од 3 нагоре не е напишал...
     
  10. LaBella

    LaBella Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    1.039
    Допаѓања:
    1.092
    Пол:
    Женски
    Starbucks сега видов дека ти треба материјал на оваа тема, а имам... ама изгледа доцна видов :worried:
     
    На starbucks му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Ammy.Lee

    Ammy.Lee Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2011
    Пораки:
    1.995
    Допаѓања:
    2.280
    Пол:
    Женски
    Епа вака утре прам писмена работа по мак.јазик ]:) Дајте ми некоја идеја за главниот дел
    Темата е ДРУГАРСТВО :inlove:
    Однапред ви благодарам..Пишете ми во Лп :tmi: :)
     
  12. saveme

    saveme Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 септември 2011
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    2
    Состав за Писмена задача!

    Девојки пишувам убаво навистина, но моментално немам ни малку инспирација.
    А утре правам подготовка на писмена задача на тема:
    "Желбата и љубовта се крилја за големи дела"
    Не барам од вас да ми напишете состав, само 2-3 реченици колку да започнам или нешто што ќе ме води :)
    Ви благодарам однапред.
     
    На angella.spasovska му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Dushica-sk

    Dushica-sk Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.048
    Допаѓања:
    3.926
    Е денес ме збуни професорот по бизнис . Си одбрав тема нели за проектната и сега јас знам дека треба да биде 13-15 страни и денес ми вика 10 страни ми биле доволни. Првпат слушам за ова . Некој да не знае нешто повеќе ? :tmi:


    Едит :Баш сега гледам на една страна . 10 страни без насловната и страницата за содржината . :)
     
  14. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.607
    Е добро де што има тука толку нејасно? Кај секого е различно.. чим ти рекол 10 значи 10. Што дали знаеме? Зошто рекол десет?


    For god's sake
     
  15. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    Ова не е воведот ама ова прво ми падна на памет кога го прочитав насловот па можеш да ја вметнеш реченицава некаде:
    Ако животот беше птица и нејзините крилја беа составени од желби и љубов посакувам птицата да беше ВЕЧНА. Љубовта ни ја дава смислата на живеењето, а желбите ни даваат мотив и секој од нас ги чува длабоко во себе. Исполнувај си ги сопствените желби и запознај се со љубовта, не дозволувај на птицата никогаш да и се скрши ни едно крилце.
    Крилцата(љубов и желби) Птица-живот, кршење на крилјата губење на вредностите на животот и така.
    Имаш многу да пишуваш, размисли убаво, интересен и лесен е составот.
    Не знам дали има врска со некоја друга тема насловот или е поврзан со некое друго дело и не знам точно за какви дела се работи, ако е за животни дела не заборавај да спомнеш дека делата се тие кои остануваат вечно, а работите и луѓето минливи, нивните желби огромни, а љубовта која можат да ја даваат и примаат може да биде неизмерна.
    Пушти ја инспирацијата нека те води и почнувај да везеш! ;)
    Со среќа на писмена.
     
  16. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.664
    10 страни содржина на темата ( главен дел) + неколку страни за насловна, содржина, користена литература.
     
    На Dushica-sk му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    Епа одприлика од 12 до 15 мислам дека смее, ни повеќе ни помалку.
    И уште еднаш да прашам и овде за сигурно, проектната задача може да се поклопува со изборниот предмет што ќе го полагаш? На пример правиш проектна македонски?
     
  18. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.664
    Едитирам, погрешно сфатив. Може да се поклопуваат. :)
     
    На Lux му/ѝ се допаѓа ова.
  19. K-a-t-e-n-c-e

    K-a-t-e-n-c-e Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    93
    Допаѓања:
    32

    Љубовта е најголемото богатство што може да се даде, добие и почувствува.Желбата е секако поткрепа на неа..За да можеш да ја разбереш мораш прво да ја имаш кон себеси, таа е безусловна, само твоја, твоја и единствена. Ако се цениш самиот, ќе те ценат и другите.. Од тука следуваат и тие дела.. Кога самиот ќе бидеш сигурен во нешто лесно е да го претставиш тоа пред другите..
    Дрн мрн јас би почнала на ваков начин прво нели малку вовед објаснуваш зашо и како се битни тие две нешта и дека едното неможе без другото па во воведот спомнуваш како пример некое дело на некој генијалец и правиш некоја споредба па можеш да дадеш и примери од твој личен живот или нешто да измислиш без разлика за каков успех станува збор..
    И на крај како завршен дека со бавни но сигурни и цврсти чекори се стигнува до целта, и дека само ако бидеме упорни ќе бидеме автори на едно такво големо дело :)
     
  20. LovelyGirl

    LovelyGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2010
    Пораки:
    1.557
    Допаѓања:
    292
    Пол:
    Женски
    Се мислам за матура проектна задача да правам помеѓу македонски и хемија, ако може некоја тема некои наслов да ми дадете...и од двете области, ама по се изгледа македонски ке биде :) Ајде некои предлози од вас