Иронија и хумористична содржина имаш во народните песни „Момче невеста фалеше“,„Ерген оди, ерген шета“, а конкретно за некој прозен текст не ми текнува во моментов.
анализа на песна Може ли некој да ми помогне околу анализа на песната Т’га за југ од Константин Миладинов . ве молам луѓе помагајте за утре ми е
треба да пишувам на тема -Македонскиот јазик меѓу двете светски војни дај кажете каде да барам освен википедиа ???
^ Имаше мислам таква лекција во учебник по Историја за 3та година реформирано гимназиско образование. Имаш и тука: http://makedonskijazikiliteratura.blogs ... _4284.html http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDe ... anie=21905
Македонскиот јазик меѓу двете светски војни По Балканските војни Македонија била поделена меѓу соседните држави. Во секој од деловите започнала силна асимилаторска политика што подразбира наметнување на тамошниот јазик. Во Вардарска Македонија која и припаднала на Србија, официјален бил српскиот јазик; во Пиринска Македонија која и припаднала на Бугарија се наметнал бугарскиот јазик, а во Егејска Македонија – грчкиот, каде политиката била најостра и македонскиот јазик се забранувал за употреба дури и дома, а за непочитување на тоа се применувале строги казнени мерки. Оваа агресивна грчка политика била поставена и пред Друштвото на народите, под чиј притисок грчката влада дозволила да се состави буквар по македонски јазик – Абецедар (1924г.) Тој бил напишан на латиница, на лерински говор и содржел кратки текстови наменети за учење на азбуката. Но, грчките власти никогаш не дозволиле тој практично да се употребува и затоа не стигнал до училиштата. Иако со отпечатувањето на Абецедарот грчките власти сакале само да си ги избегнат непријатностите – сепак, тој е официјално признание дека македонски јазик и македонски народ постоел и постои! Во Кралството СХС, подоцна Југославија, официјален јазик – на администрацијата, образованието и јавната комуникација бил српскиот, а македонскиот јазик бил сведен на дијалетна форма за домашна употреба. Но, во овој период се појавуваат неколкумина драмски автори кои пишуваат на македонски јазик и со тоа го креваат на едно повисоко ниво – јазик на регионална употреба. Оваа активност започнува 1928 година со драмата „Ленче Кумановче“ („Бегалка“) од Васил Иљоски, напишана на кумановски говор, но многу позначајна е појавата на драмата „Печалбари“ од Антон Панов кој не ја напишал на својот струмички говор, туку на западномакедонско наречје. Со ова, тој ја продолжил (К.П.Мисирков) и одново ја воспоставил практиката за пишување литературни дела на западномакедонско наречје. По него и Ристо Крле ја пишува „Парите се отепувачка“ на струшки, западномакедонски говор. Особено значајна е појавата на збирката песни „Бели мугри“ од Кочо Рацин со што се зацврстила улогата на централните македонски говори како основа за македонскиот литературен јазик. Во Бугарија и натаму продолжил да опстојува Македонскиот литературен кружок, и иако бугарската политика била асимилаторска и негаторска, сепак, во тој период Коле Неделковски ги објавува своите две збирки песни во Софија („М`скавици“ и „Пеш по светот“). Бугарите, се разбира, и ден-денес го оспоруваат идентитетот на поетот, но ние не мора да докажуваме ништо, самиот Коле си кажал во својата поезија кој е и како се чувствува: Глас од Македонија О, трајте, трајте, тирани недни! Доста се тија лаги и злоба - пакосен глас од устите гадни над мојот народ у секоја доба. Та ете веќ векови цели писка и стенка од волци гости - за брата вијат кој да го дели за да му глода сувите коски. Па нека сега сам да си реши со своја волја судба и сева, в животот еднаш сам да се теши, д'издигне славно свој род без врева. Та Шар и Пирин дружно да викнат родната песна в небеса темни и бурниот Егеј - на век да плиска тешкиот глас на новите химни.http://makedonskijazikiliteratura.blogspot.com/2010/11/blog-post_4284.html 3. Македонскиот јазик меѓу двете светски војни Иако писмената активност на македонски јазик во периодот меѓу двете светски војни е многу намалена, сепак веќе во 30-те години на 20 в. повторно заживува пишувањето на македонски јазик и тоа и во тогашна Булгарија и во тогашна Југославија и покрај тоа што можностите за објавување на текстови на македонски јазик се многу ограничени. Како најважни поети во тоа време се јавуваат Кочо Рацин, кој во Самобор ја издава збирката на песни Бели Мугри (1939 г.). Кочо Рацин исто така печати повеќе свои текстови на хрватски и на македонски јазик во загрепското списание Култура и на други места. Во Софија, еден друг поет, Коле Неделковски, печати две збирки на поезија исто така на македонски јазик под наслов Пеш по светот и Молскавици. Коле Неделковски е активен во рамките на Македонскиот литературен кружок во Софија, основан од група на македонски интелектуалци. Кон крајот на 20-те години во Скопје и во други краишта низ тогашната Кралска Југославија, но и во Бугарија, се изведуваат повеќе драмски текстови напишани на македонски јазик. Сето ова овозможува натамошно зајакнување на македонската културна и национална свест и создавање во извесна смисла на еден наддијалектен писмен јазик, односно обновување на писмената активност од втората половина на 19 в. и почетокот на 20 вhttp://philologicalstudies.org/dokumenti/2007/vol1/22.pdf drugi strani http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=29101118494&id=17&setIzdanie=21905 http://www.makedonika.org/whatsnew/history_makedonski.pdf
Во копнежот по родниот крај, по идиличната среќа во минатото, неоднесено од горчливите прашања во секојдневниот живот, се раѓа најсилната и најубава песна “Т’га за југ”.Како и во повеќето него ви песни,така и во оваа доминантни се чувствата на откорнатост од родниот крај,силната емотивност и израз на највжештени чувства и јасно видливата поврзаност со народната поезија и нејзините начини на пеење. Миладинов иако нема големо поетско творештво, неговата “T’га за југ” денес е дел од секоја антологија на македонската поезија. Мотивот во песната е патриотски, родољубив,во духот на романтичарскиот занес. Составена е од 5 строфи, 4 шестишја и 1 десетишје. Песната започнува со омиленото сретство на Миладинов – реторското прашање: “Орелски крилја кај да си метнех и в наши ст’рни да си прелетнех!” Поетот ја започнува својата песна со голема носталгичност, чувства на восклик, силна желба, копнеж да е на друго место, дома. Сака да дојде да ги види Стамбол и Кукуш и со тоа на желбата и дава пошироки размери. Не само да ги види градовите, туку и нешто посуштествено. “Ако как овде с’нце ме сретит, ако пак мрачно с’нцето светит, на п’т далечни ја ќе се стегнам и в други с’трни ке си побегнам...” Оваа строфа е израз на чувството сомнежи како што се забележува може да се нарече “потрага по светлината” бидејќи тој е подготвен да замине во нови и не познати простори, доколку и дома го сретне истото како во студената Москва. Во следната строфа поетот води разговор со самиот себе во кој бара крилја за да прелета во родниот крај. “Дајте ми крилја ја да си метнам и в наши ст’рни да си прелетнам на наши места ја да си идам да видам Охрид, Струга да видам...” Тој всушност ја повторува својата желба да се врати во родниот крај со што е постигната кулминација. “Тамо зората греит душата и с‘нце светло зајдвит в гората...” Во оваа строфа Миладинов ја претставува сликата на татковината со светли тонови и бои, во овие делови преовладуваат чувствата на патриотизам, среќа, радост и исполнетост. А пак својата последна желба со која упште еднаш ја потврдува безграничната љубов кон татковината ја кажува во послените два стиха: “Тамо по срце в кавал да свирам с’нце да зајдвит ја да уморам.” Во копнежот по родниот крај, по идиличната среќа во минатото, неоднесено од горчливите прашања во секојдневниот живот, се раѓа најсилната и најубава песна Тга за југ. Читајки ја се чувствува силниот копнеж по родниот крај, во земјата во која сонцето светло грее, каде небото звезди посева. Ги бара орелските крилја, да ги вметне и да летне далеку од руската ладна зима.Со јаки компарации ја дочарува саканата татковина и таа добива натприродна светлина и убавина. Јарките бои на топлината му се движат пред очите и го греат во суровата московска средина. За жал поетот не успеал да се израдува на светлата зора, бистрите води езерски, боженствената хубавина. Не го дочекал враќањето во светот на родното огниште во кое владее душевен мир и спокојство. Мрачните цариградски зандани беа нештата што поетот ги гледал во последните денови од животот. Не дочекал таму со кавал да свири, сонцето да зајдвит, тој да умира. Умрел во студените и темни зандани.
има ли некој што може да ми помогне околу анализата на поемата Сердарот во кој воведниот дел се состои со општи податоци за поетот поврзани со песнатаа
Можам да ти дадам општи податоци и план како да анализираш, оди според него и нема да имаш проблем. Григор Прличев е автор на поемата, за која бил овенчан со ловоров венец и бил прогласен за втор Хомер. Во неа се раскажува за еден вистински настан, за нашиот јунак Кузман Капидан, неговото загинување и проширувањето на веста за неговата трагична смрт. Дејството се одвива во околината на Река, Западна Македонија. Анализа: 1) Мотив: 2) Број на строфи и вид на строфи и стихови: 3) Видови рима: 4) Ритмичка стапка: 5) Стилски изразни средства: 6) Поетски слики: Отприлика вака треба да направиш анализа.
Совршенството е вродена амбиција на уметникот. Можеби токму ова го повело Григор Прличев по стапките на грчките трагичари да создаде дело кое ќе остави силна трага во развитокот на македонската литература. Поемата „Сердарот“ изобилува со врвни уметнички квалитети, впрочем и Прличев заслужено го добил епитетот втор Хомер, сложените епитети, описот на оружјето, општата епска нарација, градењето на ликовите се под големо влијание на Хомер, воедно можеме слободно да кажеме дека „Сердарот“ е симбиоза на фолкорот, хомеровиот стил и уметничката дарба на Прличев. Сите македонски творци и дејци од XIX век при своето творење се угледуваале на народната песна, народниот стих, како и користењето на мотивите како и начинот на нивната експресија. Темата за ова поема Прличев го позајмил од најдолгата македонска народна песна „Кузман Капидан“, но со една воочлива поетска разлика ТОЈ ГО ПОГУБУВА својот КУЗМАН. Мајката на Кузман, Неда, е сензибилна, романтична и вљубена во својот челад и народ, со возвишени чувства за национално заштитување, без егоизам и спремна и решителна да се жртвува. Читајќи ги стиховите на тажење на Марија веднаш можеме да ја забележиме досмртната верност кон саканиот, кои по трагичниот крај на нејзиниот сакан, силните и искрените чувства кои ги има спрема него ќе ѝ го побркаат и умот. И печатот во него жалта ја изразил жешка, жалта што нема да мине. На челото светло се одрази тагата тешка: срцето таа го кине. Величественоста на оваа поема е тоа што од устата на непријателот - Арнаутите ја дознаваме вистината за смртта и тие се оние кои доблесно и искрено се поклонуваат првин пред Кузман, а потоа и пред неговата мајка Неда ѝ ја признаваат големата загуба што ја снашло и сите останати со смртта на нивниот Сердар. И везден ти да плачеш, имаш зошто. Биди силна! Ти загуби, о мајко, џин! Народните ќе пеат колена со уста милна за делата на твојот син... како што рекол Б. Конески: „Исполнета со патос на прославувањето на јунаштвото и слободата, Прличевата поема се поврзува со такви дела на југословенската книжевност на XIX век какви што се „Горски венец“ и „Смртта на Смаил-ага Ченгиќ“.“ --------------------------------------------------- Григор Прличев септември 21, 2009 од robertmacedonia На Григора се надевам. И ти да се надеваш – дај ми клетва оти ќе го праќаш на училиште. Григор Прличев е еден од оние луѓе кои се трудат да ги спојат желбата за личен успех и желбата за национален подем. Заветот на дедото се труди да го исполни паралелно со својот – даден кон татковината. Толку благороден, оплеменет дух – а приморан да чекори по долги патишта за да стигне до целта. И не само долги, туку и криви и речиси невозможни за изминување. Неговиот цврст карактер му помага да се спротивстави на она што не го смета за правилно. Неговото приближување до бугарштината (после одбивањето да се изјасни како Грк) кај денешниот македонски патриот инстинктивно ќе предизвика негодување и разочарување, но тоа , како што пишував и порано, е нешто кое ние мораме да го прифатиме и од кое не смееме да бегаме – зашто тоа е една преодна фаза која морала да се помине за да се стигне до она што денес го имаме и со што се гордееме – македонска нација. Ние кои живееме во ова време на изградена македонска национална свест, ние кои имаме своја држава, јазик, култура не смееме да ги заборавиме, а уште помалку да ги негираме оние кои се најзаслужни за тоа. Патриотите како Прличев не смеат да бидат негирани, зашто ако ги негираме нив ја негираме татковината. Како што вели тој – "Еден човек кој не си ја сака татковината повеќе од татко си и мајка си и повеќе од себе си, тој не може да биде чесен човек.". На својата мајка Прличев и подарил лик во "Сердарот" – Неда, мајката на Кузман е всушност неговата мајка, но на својата мајка Македонија и го подарува своето дело и својот живот – просветувајќи го народот во Охрид. Сцената која ја видел на млади години говори за неговите мотиви – "Пред да го достигнам аголот на Писиновската улица, чув мајчини си воздишувања: Милата носеше на глава еден, уште мокар, болјарски килим, од грамадна должина и ширина, свиткан иноктаво, килим кого маска со труд би го носела. Ми се раскина срцето… – Мајко! дај ми го килимот да го поносам. – Не…не чинит…види…килимот не е тежок: ти можеш да го носиш; но ученици да носат, гревота е…". Прличев е пример за правилно проживеан живот – живот воден од идеали, живот воден според принципи и живот достоен за почит.
Ве молам помош. Имам домашна од француски. Треба да се напише некој вид на состав: Vous ecrives a une etudiante francaise qui aimerait correspondre avec vous et dont votre professeur vous a donne l'adresse. -Introduction:motif de la lettre -Presentez-vous:age,gouts,activites -Decrivez votre region et ses habitants -Demande de reponse et d'information sur votre correspondant -Conclusion:formule finale,simple et amicale
Ми треба помош за завршниот дел на анализа на песна, т.е. заклучокот. Што треба да се напише? Чувствата кои ги предизвикува кај нас или нешто друго?
Ќе може ли некој да ми помогне? Ми треба есеј на тема "Невозвратената љубов не инспирира за големи дела"......
Ќе може ли некој да ми најде дел за тоа каде се применуваат контролни карти.....ако некој најде ке му бидам многу благодарна....
http://www.google.com/url?sa=t&rct=j&q= ... uCvQQ0TIeA Овде имаш нешто за контролни карти, но на бугарски е. Тоа беше се што можев да најдам. Се надевам дека помогнав.
Замисли си ја невозвратената љубов како предмет и почнај да ја анализираш, што мислиш за неа, како ја чувствуваш ти сето тоа со твои сваќања и твои зборови
Проза, поезија, цитати, извадоци Ај ве молам во ЛИЧНА ПОРАКА.. состав на тема.. ПРВИТЕ ДЕНОВИ ВО СРЕДНО ОБРАЗОВАНИЕ или пак ОБРАЗОВАНИЕТО КАКО СПАС, но ве молам побргу..
Јас веќе го направив тој избор, никој ништо не ми имаше спомнато дека се одземале... ти дозна нешто повеќе за тоа? офф ... како што сум збунета за интерните предмети уште ова ми фалеше А како точно го формулираше насловот, само Romeo and Juliet или? Јас избрав проектна англиски за Хамлет и насловот ми гласи "Hamlet - a play by William Shakespeare", но професорката ми рече да сум го преуредила насловот, да го смислам некако поинако... стварно не знам на што мисли ... денес баш ќе ја прашам