Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Помош за проектни задачи

Дискусија во 'Образование' започната од Victorya, 5 февруари 2010.

  1. IamSexyAndIKnowIt

    IamSexyAndIKnowIt Популарен член

    Се зачлени на:
    18 април 2012
    Пораки:
    1.669
    Допаѓања:
    2.922
    Пол:
    Женски
    Хитно ми треба за Проект по бизнис

    Организации во светот кои најмногу трошат за истражување и развој. Земји со потекло на компании кои најмногу трошат за истражување и развој.. :talk: :talk: :talk: :talk: :wasntme: :sweat: :* кој знае нешто нека пишува
     
  2. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.752
    Хитно ми треба за Проект по бизнис

    Незнам дали ова нешто ке ти помогне ама еве види

    Милениумските развојни цели се осум меѓународни развојни цели за коишто сите 192 земји-членки на Обединетите Нации и најмалку 23 меѓународни организации се договорија да ги постигнат до 2015 година. Тие вклучуваат искоренување на екстремната сиромаштија, намалување на стапката на смртност кај децата, борба против смртоносни болести како што е сидата како и развивање на глобално партнерство за развој.

    Целта на Милениумските развојни цели е да се поттикне развој преку подобрување на социјалните и економските услови во најсиромашните земји во светот. Тие произлегуваат од претходните меѓународни развојни цели и официјално беа воспоставени по Милениумскиот самит во 2000 година кадешто сите светски лидери ја усвоија Милениумската декларација на Обединетите нации, а од кадешто произлегуваат и осумте цели предводени од групата на Џефри Сакс.
    На Милениумскиот самит беше презентиран и извештајот на Генералниот секретаријат под наслов „Ние луѓето: улогата на Обединетите Нации во 21-от век“. Милениумскиот форум подготви и дополнителен влез кадешто се собраа претставници од повеќе од 1.000 невладини организации како и организации на граѓанското општество од повеќе од 100 земји. Форумот се одржа во мај 2000 година со цел да се затвори двегодишниот процес на консултации којшто ги опфаќа проблемите како што се искоренување на сиромаштијата, заштита на животната средина, човекови права и заштита на ранливите групи. Одобрувањето на Милениумските развојни цели е веројатно најважниот исход на Милениумскиот самит. Во областа на мирот и безбедноста, усвојувањето на Извештајот на Брахими се смета за правилно опремување на организацијата за спроведување на мандатите од страна на Советот за безбедност.
     
  3. EMILI1999

    EMILI1999 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 септември 2012
    Пораки:
    377
    Допаѓања:
    52
    Пол:
    Женски
    Девојки, дали некој ја има прочитано книгата "Островот на скриеното богатство" од Роберт Л. Стивенсон? Ако да, ќе ве замолам да ми ја прераскажете на кратко. Лектирава ми е за во среда, а јас почнав да ја читам вчера, па незнам дали ќе стигнам да ја завршам. Како и обично, лектирите ги читам за летниот распуст и веднаш си ги прераскажувам, ама оваа ни ја дадоа пред 2-3 дена како замена за "Црни овци".
     
  4. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.752
    Книгата е позната по самата приказна, но и добриот опис на атмосферата, ликовите и акцијата која се одвива низ целиот текст. Исто така, романот вклучува добар опис на моралните вредности на самите ликови, особено на главниот негативен лик и ова се смета за чуден елемент кој е вметнат во една детска литература. Препознатливо за романот се пиратите, картата со скриеното богатство, бродовите и убистават, како и тајните договори и преговори за опстанок на островот и враќање во Бристол со здраво тело и дух, но и богатство во џебовите.

    Островот со скриеното богатство е еден од најчесто драматизираните романи во светот – во филмови, телевизиски серии, театарски претстави, па дури и пантомима. Тоа е една возбудлива авантуристичка приказна раскажана од момчето Џим Хокинс, кој станува бродски готвач. Сѐ започнува кога во гостилницата „Адмирал Бенбоу“ доаѓа како потстанар еден стар морнар, пијаниот Били Коските. Него го посетуваат многу необични луѓе, поранешни другари, кои сакаат да го потсетат на една неизвршена обврска... Додека момчето Џим се грижи за него по претрпениот мозочен удар, поранешниот капетан му раскажува за еден далечен остров на кој има скриено огромно богатство...
     
  5. dolly.doll

    dolly.doll Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    594
    Допаѓања:
    505
    Пол:
    Женски
    Знае некој да состави елегија ?
     
  6. love-222k

    love-222k Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 август 2011
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    31
    ќе може ли некој да ми помогне за есеј: Македонскиот јазик постоел и ќе постои
     
  7. IamSexyAndIKnowIt

    IamSexyAndIKnowIt Популарен член

    Се зачлени на:
    18 април 2012
    Пораки:
    1.669
    Допаѓања:
    2.922
    Пол:
    Женски

    Fala, pred toa najdov jas nesto, ama sepak fala sto si se potrudila, sega vidov :) Pozz :*
     
  8. SnowWhite8

    SnowWhite8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    1.275
    Допаѓања:
    1.620
    Пол:
    Женски
    Јас имам писмена во понеделник македонски.. и тест физика уфф незнам што попрво. А незнам и што да напишам за писмената малку по тешка е..
    Темата е: "Животот е апсурден само кога нема цел, смисла, надеж и верба."
    Да има од 250 до 300 збора (свашта |( )
    Ја обработувавме лектирата Странецот од Албер Ками па изгледа нешто во врска со таа книга треба да се напише.
    Ако знае некој нешто да состави така набрзинка многу ќе му бидам благодарна а во меѓувреме и ја ќе пробам нешто иако тешко ми оди. Подобро физика ќе учам :D
     
  9. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.752
    Eve ti nesto no ke moras da go sredis i po tvoe da si go napises nesto da vmetnes nesto da izfrlis

    Сведоци сме дека во изминатите дваесетина години службениците на меѓународните организации од една држава се обидуваат на најразличен начин да ни нанесат штета на и на нашето достоинство и идентитет. Колку и да се обидуваат реалноста на постоењето на македонскиот јазик не можат да ја променат.



    Македонскиот јазик е неизбришлив, постоел, постои и ќе постои се додека постои и последниот Македонец кој ќе зборува на македонски јазик, порача вицепремеиерот Наумовски, одоговарајќи на новинарско прашање по отворањето на Глобална недела на претприемништво.


    Тој посочи дека Република Македонија има намера да гради добрососедски односи со сите свои соседи.


    - Преговорите се водат во рамките на Обединетите нации и ние немаме намера да ги водиме преку медиумите, туку онаму каде што им е местото во рамките на оваа меѓународна организација, рече Наумовски додавајќи дека Министерството за надворешни работи веќе поднело известување до ОН за исправање на пропустот.


    Евроамбасадорот Ерван Фуере, пак, прашан за коментар за предлогот да се прекинат преговорите со Грција поради бришењето на придавката македонски во графата за јазик во ОН, изјави дека дијалогот е најдобар начин за да се решат недоразбирањата.


    На прашањето дали зголемувањето на бројот на азилантите во земјите од Европската унија ќе ја доведе во прашање визната либерализација за земјава, вицепремиерот Наумовски рече дека повеќепати досега им е укажано на граѓаните дека шансите да добијат азил во држава членка на ЕУ се еднакви на нула.


    - Апелирам македонските граѓани да престанат да наседнуваат на манипулациите на определени поедници и групи и да бидат свесни дека барањето азил во држава членка на Европската унија не само што нема да се искористи, туку ќе им донесе штета на нив и на нивните семејства.
     
  10. Justice

    Justice Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2011
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    91
    да ве замолам ако може да ми помогнете за есеј во врска со темата пеколот во современото општество......што отприлика да напишам? :) итно
     
  11. mileystar

    mileystar Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2011
    Пораки:
    741
    Допаѓања:
    2.101
    Пол:
    Женски
    девојки мене ми треба помош.Дали некој може да ми каже 3 песни од лектирата Македонска Народна Поезија.Фала однапред :D :*
     
  12. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.892
    Допаѓања:
    4.896
    Пол:
    Женски
    Милке душо.Еве ми ти една љубовна.
    Ти наместо да прашуваш,земи ја книгата разлгедај ја ќе најдеш.
     
  13. Steff.Unique

    Steff.Unique Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    564
    Допаѓања:
    270
    Пол:
    Женски
    Дали некој ја има читано книгата?

    Ја има некој читано книгата Демјан од Херман Хесе? Ми треба итно кратка содржина! :) please, anyone? :D
     
  14. RainBow19

    RainBow19 Активен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2012
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    Влијание на климатски промени врз живиот свет и врз квалитетот на земјоделските производи ако има некој нешто за ова нека ми пише лп
     
  15. Hanna9.9

    Hanna9.9 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 септември 2011
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Дали некој ја има читано книгата?

    Дали ја има некој читано книгата Мизантроп од Молиер? Ми треба итно кратка содржина.
     
  16. TeaB

    TeaB Популарен член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    1.868
    Допаѓања:
    543
    Имам една другарка што многу добро пишува есеи, семинарски, проектни и сл. Не е многу скапа, па ако сака некој нека исконтактира со мене, ќе ви дадам нејзин број.
     
  17. posvoena

    posvoena Активен член

    Се зачлени на:
    7 март 2012
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    0
    Хемија

    ри дена на раце те носевме збрана,
    со тага и болка на погледот срцен,
    и секоја капка на твојата рана
    ко крвава жар ни капеше в срце.

    Другарите беа и морни и гладни
    со згорени грла и свиени плеќи
    со тап бол се впија во очите ладни
    и жалеа оти не ќе пламнат веќе.

    Но јас знаев оти пак ке вивнат в жарој
    и борците под нив ќе цветат и раснат,
    в студените утра ќе греат ко сонце
    и никога нема да стијнат и згаснат.

    Последната вечер в планинското село,
    кај борците беа со дрипава дреа,
    со пликови жешки на стапал тешки,
    и смрштени чела - згасени, мразни
    ко нивните пушки укочени, празни,
    и нечујно, глуво, ко здушена реја
    се точеше шепот од уво до уво:
    "Утре, друже, в зори, страшен бој не чека,
    а ние сме малку, - сал неколку души..."

    И кога ко игла ти прободе уши -
    ти растресе снага и размолска тага,
    со лунјени очи широки и волни
    ги расече в ноќта здивените молнји!

    Ко тогај, ко тогај, о другарко, помниш -
    в смрзнатата вечер на пролетта рана,
    кај нашата младост и првата радост
    ја косеше луто куршумната слана,
    а ти чело збрчка, ко тигрица рипна
    и летна во ноќта крвава и црна, -
    со своите очи што ригаа пламен
    ги растопи чашкум челичните зрна...

    И после! И после - в последната вечер...
    јас нејќам да мислам што потаму стана,
    прошталниот шепот ти замрзна в усни,
    ти гореа очи под веѓите густи!
    Со нивниот пламен и со клетва света,
    на заседа тргнав сред мојата чета.

    А утринта кога зрив чела ни спраши
    ти не беше веќе в редовите наши,
    но скипеа борци со одмазда жолчна,
    и видов! о видов - кога бојот почна
    развихреа сите со твојата сила -
    ко елени брзи и лесни ко птица.

    А твоите очи се искреа гневно
    во нивните потни, распалени лица...

    Три дена на раце те носевме збрана,
    со тага и болка во погледот срчен,
    и секоја капка од твојата рана
    ко крвава жар ни капеше в срце.
    Ve molam analiza na pesnavaa za utre mi trebat do 21:00 chasot
     
  18. Smurfette.M

    Smurfette.M Популарен член

    Се зачлени на:
    13 септември 2011
    Пораки:
    1.072
    Допаѓања:
    621
    ^^каква анализа? од кој аспект? :wasntme:
     
  19. dolly.doll

    dolly.doll Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    594
    Допаѓања:
    505
    Пол:
    Женски
    1. Мотив
    2. Тема
    3. Локализација
    4. Стилски фигури
    5. Вид песна ( според содржина и создавач )
    6. Повторен приказ на суштината ( синоними ) ;) ;)
    Едит

    Сега ми текна песнава се вика очи во 8мо се обработува .
     
  20. mileystar

    mileystar Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2011
    Пораки:
    741
    Допаѓања:
    2.101
    Пол:
    Женски

    wao фала што ми кажа да си ја земам лектирата,не знаев.А еве нешто за тебе,ти под хитно треба да одиш на очни бидејки јас не сум Милка туку малји ;)