Македонски! Што поточно ти треба ? Тема ? Стилски фигури ? Идеја ? Темата во песната е тешкиот живот на македонскиот народ за време на турскоро ропство. Од стилските фигури треба да обрнеш внимание на словенската антитеза. А тоа е стилска фигура кога во една песна , е сега зависи во колку строфи ја има.Најпрво се поставива прашање од еден човек, потоа имаш претпоставка од истиот човек и после добиваш негација и вистинскиот одговор од оној помеѓу кои се води разговорот.Ете мала помош од мене ако треба уште нешто слободно пиши ми
Фала многу,ако може да ми ги одговориш и овие прашања... 1.Која е причината што авторот ја нарекува земјата пуста и црна ? 2.Што претпоставува поетот за да ја објасни тешката положба во својата земја ? 3.Посочи ги метафорите и ономатопеите во стиховите и објасни ги
Словенска антитеза! Ако може да ми кажете неколку песни со словенска антитеза,само да не бидат разболе се девојка ,сердарот или ропство.Фала од напред
ке ве замолам за помош........ ако некој ја има раскажано лектирата за македонцките работи и ако не му е тешко да ми ја напише.. ве молам итно ми е ... фала ви однапред
ке ве замолам за помош........ http://mk.wikipedia.org/wiki/За_македонцките_работи Ако може да ти помогне ова нешто
Пишување апстракт!!! Дали може некој да ми објасни како да напишам апстракт, што треба да содржи, како треба да изгледа. Се пријавив на натпреварот од ТМФ наноматеријали, но никој од групата не знаеме како да го направиме апстрактот да ни изгледа како што треба. Ако некој знае би му била благодарна да ми објасни детално како треба да биде!
Пишување апстракт!!! Вака, во апстрактот пишуваш која е темата на трудот, која е целта што сакате да ја постигнете со изработката на тој труд, евентуално техники и постапки на истражување и сл. Значи, зависи од темата што се обработува. Ова го пишуваш во многу кратки црти, јасно и прецизно. Мислам дека треба најмногу половина страна да биде апстрактот, доколку не е поинаку определено со правилата на натпреварот
Здраво феминки..матуранка сум и имам за тема АУТИЗАМ по психологија доколку некоја феминка има некои материјали и слично би ја замолила да ми пиши лп!
Девојки.. исто и јас сум матурантка оваа година доколку некоја од вас има материјали, податоци и слично на тема "Здрава исхрана" по биологија нека ми пиши лп!
Шагринска кожа Спојлер „Шагринска кожа“ содржи три поглавја: „Амајлија“ („Le Talisman“), „Бездушна жена“ („La Femme sans cœur“) и „Умирање“ („L’Agonie“). Првото издание содржи предговор и „Моралност“ („Moralité“) кои се отстранети во понатамошните изданија.[13] Епилог се појавува веднаш по последното поглавје.. Арапски натпис кој се наоѓа на шагренот и кажува дека споственикот ќе ги „поседува сите нешта“.[14] „Амајлија“ започнува со заплетот од „Последниот Наполеон“: младо момче по име Рафаел де Валентин ги вложува своите последни пари и по нивното губење решава да си го одземе животот, фрлајќи се во реката Сена. Но по патот, решава да влезе во една несекојдневна продавница исполнета со интересни работи од целиот свет. Продавачот, постар човек, му покажува парче шагринска кожа закачена на ѕидот. Старецот кажува дека на кожата има „ориенталски“ натпис, за кој старецот вели дека е „санскрит“, но всушност е арапски.[15] Старецот тврди дека кожата ја исполнува секоја желба на нејзиниот сопственик, намалувајќи се со секое исполнување. Рафаел не слушајќи го предупредувањето на старецот веднаш ја зема кожата и посакува да се најде на кралски банкет исполнет со вино, жени и пријатели. Во истиот момент неколку негови познаници и пријатели го повикуваат на ваква забава. Тие поминуваат часови во јадење, пиење и зборување. Втората глава, „Бездушна жена“, е раскажана како еден вид на ретроспектива од гледна точка на Рафаел. Тој на својот пријател Емил почнува да му ги раскажува своите денови како студент, живеејќи во сиромаштија со постара стопанка и нејзината ќерка Полина, залудно обидувајќи се да го освои срцето на прекрасната но ужасна жена по име Фоедора. Патем бил подучуван од постар човек по име Растињак, кој го охрабрувал да се потопи во светот на високото друштво. Користејќи ја љубезноста на неговите стопанки, Валентин успева да се пробие во кругот на пријатели на Фоедора. Не можејќи да го освои нејзиното срце, се претвора во мизерениот и разочаран човек најден на почетокот на „Амајлија“. Дејството во „Умирање“ се случува неколку години по случувањата во првата и втората глава. Валентин користејќи ја својата амајлија се здобил со големо богатство, но на кожата како и на неговиот живот им се ближи крајот. Целата ситуација предизвикува тој да почне да паничи, уплашен од самата помисла дека следната желба ќе му донесе смрт. Тој го организира својот дом со цел да избегне да посака нешто: неговиот слуга, Џонатан, подготвува храна, облека и посетители секогаш кога е потребно. Некои работи надовор од неговата моќ го тераат да посака уште желби а со тоа кожата станува речиси невидлива. Очаен, болниот Рафаел бара начин повторно да ја зголеми кожата, и оди во топла бања со надеж дека ќе си ја поврати моќноста. Со кожата помала од лист на зеленика, тој е посетен од Полина во неговата соба, која му изјавува љубов. Кога ја дознава целата вистина за кожата и дека нејзината улога во неговиот живот е пресудната, таа се стаписува. Рафаел не можејќи да ја контролира својата желба за неа причинува таа да избега во соседната соба за да му го спаси животот. Тој тропа на вратата и ѝ изјавува љубов како и желба да умре во нејзините прегратки. Таа, во меѓувреме, се обидува да се убие за да го ослободи од неговата желба. Тој ја крши вратата, тие ја свршуваат нивната љубов во жесток момент на страст и тој умира. ако не помогна ова подоцна ке ти ја раскажам и на подолго ако треба мноогу ја сакам книгава
Шагринска кожа ТИ БЛАГОДАРАМ ! ЌЕ ГО ПРОЧИТАМ ПОДОЦНА И ЌЕ ТИ КАЖАМ. ЗНАЧИ ПРЕМНОГУ ТИ БЛАГОДАРАМ . <3
Ако некоја некогаш налетала на некоја статија поврзана со Феминизмот гледно од филозофска страна, би ми дошла добредојдена. Или пак за некои ситуации каде имаат разни ритуали на жените, како обрежувањето кое е доста популарно во западна Азија и Африка...
Феминки вака... Јас имам проектна задача по Македонски јазик и темата ми е руски класицизам поточно за Толстој и како тој го определувал општеството според неговиот најнизок слој. Ве молам ако некој од вас има некоја книга да ми препорача за темава би била многу благодарна. Исто така, мојата другарка има за Достоевски (Злосторство и казна) ако имате некоја книга и за ова да ми препорачате, фала ви многу
Локација е париз, време е почетокот на XIX век,а за тема и идеа http://mk.wikipedia.org/wiki/Шагринска_кожа прочитај го ова кај што пишува тема.Обавезно кај идеа спомени ги може и сака како два глаголи кои водат и до среќен живот но и до несрекен како овој на главниот лик.
Побарај на google,види што има јас моите семинарски така ги правев,остварав различни страни и искомбинирав од секоја по нешто и составив. http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%A1%D0% ... 1%82%D0%B0 прочитај го ова,можеби ке ти послужи,и побарај има сигурно уште вакви информации http://issuu.com/emijalceva/docs/zlonamerens