ДИЈАЛЕКТ дали може некој да ми напише од вас 20 зборови од некој ваш дијалект и да ми ги преведе на литературен јазик фала ви однапред
Дали знае некој да напише елегија??Помош ве молам воопшто незнам да составувам песни кој знае нека пиши тука или во порака
Дали на нет има нешто некој примери за минато неопределено свршено и несвршено време ... итно ми треба .. ?
Прашањето не знам дали е соодветно за во оваа тема , ама ми треба помош. Дали може некој да ми помогне, да ми каже збор -два за јавно право, приватно и облигационо право, неможам да најдам материјал и ми треба некој пример од секојдневието. Однапред ви благодарам
Лош превод Здраво Ми требаат за домашна примери за лош превод, дали би сакале да ми посочите некој? И да наведете од која книга е, и кој е преведувачот.
ИЗВОРИ НА ОБЛИГАЦИОНОТО ПРАВО - Материјални извори и формални извори Материјални извори на облигационо право се општествено - економските односи, односно стоковно паричните односи израснати во рамките на стоковно паричното стопанство и тоа оној дел од овие односи кој се појавува како промет на стоки, услуги и права. Формалните извори се нормите и правилата со кои се регулираат облигационите односи. Нив ги сочинуваат повеќе видови: - Домашни правни акти, донесени од надлежни државни органи или од други домашни правни субјекти. - Одредени видови правила од неорганизирани или од организирани помали или поголеми општествени заедници, до ниво на целото општество како посебна заедница - Стандардите како посебен вид на правила на општествената заедница како држава, како и одредени акти од меѓународен карактер.
Планирам да почнам со пишување проектни задачи и слично за пари, има многу вакви што пишуваат па би сакала и јас да пробам бидејки ме бидува за тоа. хаха па ако му треба на некој велкм
Повели Seashell! - Во поемата "Ракување", Блаже Конески зборува за судбината на македонскиот народ кој е обесправен за време на Бугарската окупација. Конески својата поема ја започнува со опис на собата во која се наоѓаат основоположниците на македонската поезија Коле Неделковски и Кочо Рацин. Неделковски седи на маса и го прелистува зборникот на Миладиновци, а Рацин шетајќи низ собата, во еден момент запира пред отворениот прозорец гледајќи ги светлата на софиските улици. Коле му се обраќа на Рацин со дел од стиховите во зборникот наМиладиновци преку кој ја искажува убавината на својата татковина, нејзините бисерни езерски води кои се преливаат та незнаеш дали е сонце, кладенче или бела гулабица. На тоа Рацин одговара дека тој слуша друг шум, шумот на крвта, шумот на црвени и бурни езера. Во тој шум Рацин го препознава гласот на татковината и нејзината молба за слобода. Тој смета дека за својата слобода требасами да се избориме метафорично преставувајќи ја преку бранување на тревите, лисјата, рамнините, планините и езерата. На тоа Неделковски вели дека во најтешките моменти треба да се остане верен на својата татковината. Тоа се гледа преку неговите копнежи за гнездо на ластовиците, во кое мајката ги храни своите пилиња, нивите со стасана пченица кои се спремни за жетва, како и насмевката на случајно сретната девојка. Рацин заклучува дека и двајцата имаат исти мисли, дека имаат иста желба, a таа нивна желба ја има целиот народ, како децата така и возрасните. Поезијата, сосвојата бескрајност на зборовите, со својата силина, треба да повикува на бунт заослободување на татковината, на страдалниот народ, на тоа „мало и потиснато племе“. Рацин и Неделковски се согласни за тоа што треба да се направи за татковината, но и се свесни и за неизвесноста што ги чека сите оние кои ќе тргнат по тој пат. На тоа ги потсеќа книгата на Миладиновци и зборовите внатре во неа „да видам Охрид, Струга да видам“. Тие зборови го искажуваат копнежот на Миладинов по родната грутка. Во тој момент тие чувствуваат како да е жив и тука со нив присутен.Прегрнувајќи се, Неделковски му се обраќа на Рацин дека можеби еден ден и нив некој ќе ги споменува вака. Истата таа ноќ на 2-ри септември 1941 година при обидот на бугарската фашистичка полиција да го уапси, Коле Неделковски се фрла од шестиот кат на неговата мансарда за да не им се предаде. Книгата на Миладиновци стоела цели два дена на истото место, а нејзините страници биле со крв од ранетите дланки на Неделковски .... Тоа било неговото последно ракување.
Ako moze nekoj da najde 2 narodni pesni so motiv od priroda t.e inspirirani od prirodata.Jas barav na internet ama nema
devojkiii pomoosh :'( Itno mi treba lektirata Sama od Gorjan Petrevski, ako moze da mi kazete za sto se raboti vo nea ili ako imate preraskazano da mi pratite mnogu ke vi bidam blagodarna navistina fala vii <3
како треба да изгледа еден труд (прва страна и абстракт) Дали насловот на трудот и абстрактот стојат на една страна? Дали е задолжително и македонски англиски испишан абстракт и наслов?
девојки ајде ќе ве молам,ако некој може да ми каже нешто за македноското народно творештво,општо така.Барав на интернет но не пронајдов .Ако знае некој нека напише,однапред ви благодарам
ми треба есеј за „општеството денес и општеството утре“ ќе ви бидам многу благодарна ако ми помогните
стилски фигури. Се надевам дека за брзо време ќе ми дадете примери оти ми требаат за сабајле... Пример за асонанца, алитрација, ономатопеја, парономазија, анафора епифора, антитеза, словенска антитеза, иронија, реторко прашање,..
стилски фигури. епа вака: отвори википедија или некои др. страни на интернет и сигурна сум дека ќе пронајдеш, може не се‘ ама доволно за да напишеш нешто
Песна за Рацин Девојки ве молам тие што ве бива да ми помогнете да напишам песна на тема Кочо Рацин? Не ми оди пишувањето песни, а уште помалку на ваква тема... (( Не мора многу, барем насока некоја да ми дадете..