Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Помош за проектни задачи

Дискусија во 'Образование' започната од Victorya, 5 февруари 2010.

  1. LoStedLOvee

    LoStedLOvee Активен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2013
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    4
    превод

    СЕ НАФАКА НЕКОЈ ОВА ДА ГО ПРЕВЕДЕ , НЕМОРА ЦЕЛО ФАЛА ОДНАПРЕД
    was the god of the grape harvest, winemaking and wine, of ritual madness and ecstasy in Greek mythology. His name in Linear B tablets shows he was worshipped c. 1500–1100 BC by Mycenean Greeks: other traces of Dionysian-type cult have been found in ancient Minoan Crete.[2] His origins are uncertain, and his cults took many forms; some are described by ancient sources as Thracian, others as Greek.[3][4][5] In some cults, he arrives from the east, as an Asiatic foreigner; in others, from Ethiopia in the South. He is a god of epiphany, "the god that comes", and his "foreignness" as an arriving outsider-god may be inherent and essential to his cults. He is a major, popular figure of Greek mythology and religion, and is included in some lists of the twelve Olympians. Dionysus was the last god to be accepted into Mt. Olympus. He was the youngest and the only one to have a mortal mother.[6] His festivals were the driving force behind the development of Greek theatre. He is an example of a dying god.[7][8]
    The earliest cult images of Dionysus show a mature male, bearded and robed. He holds a fennel staff, tipped with a pine-cone and known as a thyrsus. Later images show him as a beardless, sensuous, naked or half-naked androgynous youth: the literature describes him as womanly or "man-womanish".[9] In its fully developed form, his central cult imagery shows his triumphant, disorderly arrival or return, as if from some place beyond the borders of the known and civilized. His procession (thiasus) is made up of wild female followers (maenads) and bearded satyrs with erect penises. Some are armed with the thyrsus, some dance or play music. The god himself is drawn in a chariot, usually by exotic beasts such as lions or tigers, and is sometimes attended by a bearded, drunken Silenus. This procession is presumed to be the cult model for the human followers of his Dionysian Mysteries. In his Thracian mysteries, he wears the bassaris or fox-skin, symbolizing a new life. Dionysus is represented by city religions as the protector of those who do not belong to conventional society and thus symbolizes everything which is chaotic, dangerous and unexpected, everything which escapes human reason and which can only be attributed to the unforeseeable action of the gods.[10]
    He was also known as Bacchus (/ˈbækəs/ or /ˈbɑːkəs/; Greek: Βάκχος, Bakkhos), the name adopted by the Romans[11] and the frenzy he induces, bakkheia. His thyrsus is sometimes wound with ivy and dripping with honey. It is a beneficent wand but also a weapon, and can be used to destroy those who oppose his cult and the freedoms he represents. He is also called Eleutherios ("the liberator"), whose wine, music and ecstatic dance frees his followers from self-conscious fear and care, and subverts the oppressive restraints of the powerful. Those who partake of his mysteries are possessed and empowered by the god himself.[12] His cult is also a "cult of the souls"; his maenads feed the dead through blood-offerings, and he acts as a divine communicant between the living and the dead.[13]
    In Greek mythology, he is presented as a son of Zeus and the mortal Semele, thus semi-divine or heroic: and as son of Zeus and Persephone or Demeter, thus both fully divine, part-chthonic and possibly identical with Iacchus of the Eleusinian Mysteries. Some scholars believe that Dionysus is a syncretism of a local Greek nature deity and a more powerful god from Thrace or Phrygia such as Sabazios[14] or Zalmoxis.[15]
     
  2. nikiiii

    nikiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2013
    Пораки:
    1.370
    Допаѓања:
    942
  3. EmilyScherzy

    EmilyScherzy Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2011
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    Жената видена преку перото на Бокачо... состав има ли некој ???
     
  4. EmilyScherzy

    EmilyScherzy Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2011
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    Жената видена преку перото на Бокачо... состав има ли некој ми треба хитно!!!! помагајтее
     
  5. EmilyScherzy

    EmilyScherzy Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2011
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    Жената видена преку перото на Бокачо... состав има ли некој ми треба хитно!!!! помагајтее!
     
  6. Marchy13

    Marchy13 Активен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2013
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    2
  7. Big.girls.never.cry

    Big.girls.never.cry Активен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2013
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    0
    Кочо Рацин-Утрото над нас

    Здраво феминки! ми треба помош околу песната „Утрото над нас“ од К.Рацин :sweat: ,односно ми треба помош околу прашањата:
    Зошто Кочо Рацин го нарекуваат поет на обесправените?
    Што опишува поетот во првата слика(во кои строфи се наоѓа првата поетска слика).
    Кои се тие робја и зошто селата и градовите се гробја?
    Чија е таа мака пуста?
    Чија снага крвари и нема радост никогаш?
    Каква бура се спрема?
    Вид на строфи,стихови,рими и видот на песната?
    Фала однапред :* :* :* :* :*
     
  8. MiaJ

    MiaJ Активен член

    Се зачлени на:
    27 август 2013
    Пораки:
    87
    Допаѓања:
    18
    Ај ако ти треба уште или на било кој пишете ми ЛП, најјака бев стално по натпревари македонски :* :* :* :*
     
    На ForeverInShadow му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.920
    Пол:
    Женски
    Колку се движат цените за проекниве задачи? отприлика колку би наплатиле вие за да направите проктна задача?
     
  10. thecrazyoneortwo

    thecrazyoneortwo Нов член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    Да не случајно некој има семинарска или било што за поделба на менторството во образованието или категоризација на менторството. Благодарам однапред. Поздрав! ;)
     
  11. MiaJ

    MiaJ Активен член

    Се зачлени на:
    27 август 2013
    Пораки:
    87
    Допаѓања:
    18
    Зависи за што, може да ти напраам ја ако сакаш ако не е многу голема не треба да ми даваш пари :)
    I love to help :))
    Пиши ми ЛП
     
  12. Mosquiita

    Mosquiita Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2013
    Пораки:
    240
    Допаѓања:
    663
    За проектна за матура се одлучив бизнис до петок треба да изберам тема но немам никаква идеја..
    Некој предлог? :)
     
  13. disaster

    disaster Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 септември 2013
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    4
    Ми треба есеј за ефектот на стаклената градина :)
     
  14. mar.i

    mar.i Активен член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2013
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    1
    Ми треба анализа итно

    Ми треба анализа на некоја песна од Данте Алигиери. Ако имате ве молам дајте ми ми треба за утре за оцена :)
     
  15. ceca-1

    ceca-1 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    2.083
    Допаѓања:
    5.093
    Ако има некоја било каков материјал што можам да го вметнам во врска со бизнис логистика или потрошувачка вредност?Било што,и малку да е би можела да го вметнам како вовед или заклучок.Ви благодарам
     
  16. girl-directioner

    girl-directioner Нов член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2013
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    Метали и неметали

    Може некој да ми каже како да најдам некои метали и неметали на пример цинк, калај, олово, алуминиум, магнезиум, сулфур....? најдов фосфор од кибритчиња
     
  17. ForeverInShadow

    ForeverInShadow Активен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2013
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    2
    "Сердарот"-Григор Прличев

    Ве молам ако знаете нешто за "Сердарот"-Григор Прличев да ми кажете. Јас ја имам читано, но не ја разбрав баш. За писмена ми е не барам да ми пишувате состави и такви работи туку само да ми помогнете со тоа што ке ми кажете некои информации :)
     
  18. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    5.926
    Допаѓања:
    89.753
    Пол:
    Женски
    "Сердарот"-Григор Прличев

    Сердарот“ е историско-јуначка поема; историска балада.
    Темата е борбата на Македонците против насилствата на Гегите, или поопшто, борбата за слобода.
    Идејата - да го прикаже макотрпното минато на својот народ и стремежот за слобода.
    Поемата е напишана на грчки јазик (бидејќи се пријавил на конк*рсот за поема во Атина).
    Мотивот, Прличев го зел од народната песна за Кузман Капидан, а бил инспириран од тешкиот живот на Македонците од западните делови на Македонија кои биле изложени на терор од страна на Гегите. Па дури и турската власт за да го заштити населението од грабежи, за да може после да им земе даноци, морала да организира заштитнички единици. Кузман Капидан бил водач, сердар на една таква единица.
    Поемата е сочинета од 228 строфи со по четири стиха (катрени), од кои првиот и третиот стих се петнаесетерци, а вториот и четвртиот осмерци. Во неа мотивот и версификацијата (градбата на стиховите) се под влијание на народната македонска поезија, додека стилските особености - сложените епитети, мотивите и ликовите од грчката митологија, опширната епска нарација, описот на оружјето, на двобоите и градењето на ликовите се под влијание на Хомер.
    „Сердарот“ започнува со потресна слика за положбата на македонското население во Галичник и Река, каде е лоцирано дејствието на поемата.
    о познатата словенска антитеза, карактеристична за нашето народно творештво (но и за Хомер, види го извадокот за разделбата на Хектор и Андромаха - употребена е истата стилска фигура), Прличев нè воведува во понатамошниот тек на поемата.
    Гласот за смртта на јунакот се шири со голема брзина и тој предизвикува болка и страв кај населението, зашто ќе нема кој да го заштитува.
    Од тој ужас и немир што се шири меѓу селаните, Прличев се префрла на тивкиот и мирен дом во кој мајката на Кузман - Неда е осамена и во исчекување да се врати синот. Таа претчувствува нешто страшно, бидејќи сонувала како се руши куќата и потпорната греда (Кузман) не издржува. Со смирен тон и многу сликовито, Прличев ја опишува мајката:
    Од голема почит, тој ќе вети дека Гегите никогаш нема да ја нападнат и навредат мајката на јунакот, дека таа секогаш ќе биде заштитена. Но, храбрата Неда не прифаќа да ја заштитат само неа, таа сака заштита за сите Македонци.
    Прличев потоа го опишува ритуалот на капењето на мртовецот, тажачката на Неда, како и историјата на семејството, дека и Кузмановиот татко исто така се борел и храбро загинал.
    На крајот од поемата, сосема кратко, но многу сугестивно е прикажана Марија, свршеницата на Кузман, која од силна љубов знае само за верност до гроб. Таа го презира својот убав лик, ги распушта косите и фрла пепел врз нив, сосема се отуѓува од животот и убавините што може да и ги донесе, па затоа се закалуѓерува.

    ...Румената лика од болката свенала многу;
    лицето — восок и стана...

    И почна од луѓето да се отуѓува; веднаш
    в мисли да потоне знае...
    Си шепотеше сама...И сите ја сметаа, бедна,
    за поулавена да е...

    Гробот на Кузман е секогаш осветлен со кандило и на него цвеќе има, бидејќи таа не го заборава, а не треба да го заборавиме ни ние.
    Ликови

    Со особено мајсторство и во хомеровски дух, Прличев ги насликал ликовите во неговата поема. Сите ликови се длабоко сугестивни, силно впечатливи, носители на возвишени, но и реални особини.
    Неда е централен лик во поемата. Таа е мајка на јунакот, но и самата јунак. Таа е храбра - гордо ја поднесува смртта на синот, бестрашно им се спротивставува на непријателите, подготвена е и самата да се бори и да ја поведе борбата - да стане водач. Јасно е изразена нејзината решителност и чесност. Но, освен овие возвишени атрибути, таа е сепак мајка, чувствителна, која безмерно го љуби своето единствено дете. Нејзиниот крик и плач е мајчин, зашто нема ништо пострашно од смртта на детето. Но, и во таа болка Неда не мисли само на себе, туку и на целиот нејзин народ кој останал незаштитен и кој треба да преземе дел од таа болка.
    Во ликот на Неда, Прличев го насликал и ликот на својата мајка кон која чувствувал голема љубов и почит.
    Кузман е загинат уште на почотокот од поемата, затоа за него дознаваме преку раскажувањата на другите ликови, ретроспективно (преку навраќања). Тој е олицетворение на возвишено јунаштво кое е почитувано дури и од непријателот. Силен и храбар во борбите со него. Тој е заштитник на народот и својот живот го жртвува за доброто на сите. И кај него се гледаат обичните човечки особини како - љубовта и почитта кон мајката, како и љубовта кон девојката Марија со која сакал да го минува животот и да создаде семејство.
    Гегите во поемата не се негативни ликови. Тие се непријатели - пљачкаши, немилосрдни, убијци, но и тие ги носат возвишените атрибути на чесност - носејќи го со сите почести мртвото тело на Кузман во домот на Неда, ризикувајќи да бидат убиени од гневното и желно за одмазда население. Тие и самите борци, имаат респект кон борецот, така ја покажуваат својата човечност. Особено се истакнува стариот Албанец, со својата мудрост и желба да ја утеши ужалената мајка, величајќи го неговиот смртен непријател.
    Марија, свршеницата на Кузман, иако е опишана сосема кратко, е исто така впечатлив лик. Таа е достојна на љубовта на големиот јунак, верна до гроб, бескрајно вљубена, тивка и искрена. По смртта на својот љубен, таа нема повеќе за што да се радува, се повлекува во калуѓерство, посветувајќи му се целосно на споменот на таа љубов.
    „Сердарот“ има врвни уметнички квалитети. Поемата е симбиоза (обединување) на фолклорот, Хомеровиот стил и сопствената силна уметничка дарба на Прличев. Богатството на јазикот, стилските изразни средства, силината на претставувањето на ликовите, фабуларниот тек (со ретроспективни навраќања) ја ставаат оваа творба на највисоко место во периодот на Романтизмот, но и денеска.



    Оваа го најдов набрзина , се надевам ќе ти помогне :)
     
    На The Drifter и ForeverInShadow им се допаѓа ова.
  19. SouthParkFan

    SouthParkFan Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2013
    Пораки:
    86
    Допаѓања:
    24
    Дали некој може да ми даде неколку реченици во врска со оваа тема за состав, за до среда ако може некој да напише после немора (за у чет ни е :/)

    Наслов: Храброст и херојски лик опеан во поемата сердарот на Григор Прличев
     
  20. ForeverInShadow

    ForeverInShadow Активен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2013
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    2
    Viktorijaaa5 фала ти премногу :D