Може ли некој на кратко да ми ја раскаже содржината на Повикот на дивината? Денес ни кажаа а ни треба за утре... ја имам читано ама не ја памтам баш.
Црни овци лектира за осмо старо важна тема хелп може ли некој да ми помогне да ми ја раскаже или накратко да ми каже за шо се работи ја барав у карпош ја нема а ме мрзи да идам у сити мол аман
Ако ти помогне нешто... Ако си ја прочитала ова мислам дека ќе те потсети. Спојлер Повик на дивината од Џек Лондон Белешка за писателот- Џек Лондон е роден во 1876 година во Сан Франциско. Во младоста работел различни работи, дури бил и трагач по злато. Известувал како воен дописник во Руско-јапонската војна. По уверување социјалист, бил чест говорник на разни социјалистички собири. Поет на природата и бунтот, ги слави силните и бунтовни личности кои не се мират со околностите во кои што живеат, туку ги совладуваат препреките со борба. Познати дела му се: „Морски волк“, полуавтобиографскиот роман „Мартин Идн“, „Повик на дивината“, „Белиот очник“, „Месечева долина“, „Луѓе од дното“, „Железната пета“(визија на фашистичката опасност во Америка), и дуги. Во романот „Повикот на дивината“ ги претопил своите доживувања од Аљаска во приказна во која луѓето и кучињата се борат за опстанок во потрага по племенитиот метал. Умрел 1916 година во Глен Елен. Тема- Животот на кучињата во запрегата, во Аљаска. Време и место- 1897-1898 година, Санта Клар, Аљаска. Поука- Во животот треба да се биде истраен и храбар. Треба да се пружи помош на сите, а особено на блиските. Главни ликови- кучето Бак, Џон Тортон и други. Кучето Бак- Бил големо и силно куче. Имал богато и густо крзно, бела муцка, широки гради и продорни очи. Бил величествено и храбро куче. Го спасил животот на својот господар. Поднесувал големо студенило и влечел големи запреги. На Аљаска го почувствувал повикот, кој го влечел во дивината меѓу неговите претци. Џон Тортон- Бил копач на злато. Го спасил Бак и го засакал. Му помагал и го негувал додека бил болен. Бил висок, со смеѓа коса. Благодарение на Бак и опкладата заработил пари со кои купил опрема за копање на злато. Го пронашол, но настрадал несреќно со своите пријатели. Кратка сорджина- Во големата куќа во долината Санта Клар живеело кучето Бак. Тоа било величенствено животно. Бак живеел со лагоден живот. Со измама на еден слуга, Бак бил продаден на некој непознат човек. Непознатиот го качил Бак во воз и го однел далеку од неговиот дом. Бак повторно го продале. Неговиот нов сопственик бил владин службеник кој што превезувал пошта меѓу оддалечените места во Аљаска. Таму Бак за прв пат почувствувал снег и многу ниски температури. Влечел санки со останатите кучиња, превезувајќи пошта. Со оглед на тоа што бил храбар, успеал да се избори на чело на запрегата. Повторно ги сменил господарите. Новите господари не биле запознаени со терање на запреги со санки. Ги измачувале кучињата. Запрегата застанала покрај Џоновата куќа. Бак бил изнемоштен. Запрегата тргнала понатаму, но пропаднале во езерото. Бак останал да живее со Џон. Тој го чувал и негувал, а Бак му ја возвраќал љубовта. Еднаш му го спасил и животот. Благодарение на Бак, Џон заработил илјада долари на облог. Џон и неговите пријатели со тие пари купиле алат за копање злато. Тргнале во дивината во потрага по злато. Пронашле злато, а кучињата за тоа време се одмарале. На тоа место бак го почувствувал повикот на дивината. Нешто го влечело се подлабоко и подлабоко во шумата. Тоа чувство го оддалечувало од неговиот најдраг господар Џон. Отишол во шумата и таму запознал помлад волк. Во него се разбудил нагонот за лов, па така уловил ирвас. Додека бил во шумата, логорот го нападнале индијанци и го убиле Џон. Кога се вратил Бак и видел што се случило, ги нападнал индијанците, а овие се разбегале од страв. Бак бил тажен и осамен. На езерото стигнал чопор волци и по куса борба Бак им се придружил. Се вратил на природата и бил потполно слободен. Но сепак, се раскажувала легенда во која ловците повремено можеле да видат голем пес-волк као седи до колибата на езерото и тагува по својот господар, а потоа се враќа во шумата.
Ве молам ако има некој што пишува проектни задачи ако може да ми пише во инбокс ми треба малку помош. Итно ми е
Mi treba pomos analiza na pesnite Ezero 1 Ezero2 i Ezero 3 od Mateja Matevski no kako za pismena rabota mi treba ke pravime pismena a ne mi ide analizata ve molam za pomos koj znae neka mi pise inbox
феминки ве молам за мала помош ми треба вовед за проектна задача натема Важноста на домашната нега за добра кожа .. незнам како да почнам..
domasna zadaca Ako moze nekoj da mi dade nekoj dobar primer za neetcko/eticko odnesuvanjee nekoe !! Za domasno mi treba
може некој да ми помогне ми треба информации за учебникот по македонски јазик и литература за 2 година, која година е издаден, автор, издавачка куќа.. ми треба да наведам за користена литература, фала однапред
Ако има некој што прави проектна по социологија со наслов Малолетничка деликвенција,или има материјали нека ми пише
Земав проектна со наслов „Поважни соѕвездија“ па сакав да ве прашам дали би сакале да ми пратите литература или пак на интернет линк кои информации би можела да ги искористам за правење на проектната. (по можност да се на македонски јазик). Благодарам однапред.