Извинете но дали имате материјал на тема "Закон за општа управна постапка" Би ви била мн благодарна фала.
Devojki mi treba pomos okolu naucno istrazuvacki trud na tema E-marketing vo agrobiznisot vo Republika Makedonija i Inovacii vo agrobiznisot vo Republika Makedonija. Dokolku nekoja od vas ima bilo kakvi podatoci i infomacii neka gi isprati na AJmojweb@consultant.com. hitno mi e a cela sum zbrkana ne znam od kaj da pocnam ve molam za pomos
Здраво! Однапред се извинувам ако сум случајно off topic со оглед на фактот што во темава членовите најчесто бараат материјал, ама ми е потребно совет во врска со пишување на апстракт за научен труд. Имено, се прашувам колку треба да биде долг, што точно треба да опфатам во апстрактот и слично. Знам дека во апстрактот содржинската смисла е поврзано со целите и методологијата на научниот труд, но не можам да најдам соодветен пример како сето тоа треба да изгледа како една целина. Доколку некој има искуство и совети во врска со пишување на апстракт, нека ми одговори...
Зависи за кое списание или конференција ти е апстрактот - секаде имаат конкретни (и различни) правила за тоа како би требало да изгледа - во однос на должина, број на клучни зборови и техничко уредување (фонт, проред и сл.). У секој случај, без разлика дали е списание или конференција, речиси секаде имаат темплејт или упатства за тоа како треба да изгледа апстрактот. Во однос на содржината, вклучи ги само основните и најважните работи во него - што, зошто и како е анализирано - ако се работи за труд во списание, изостави ги заклучоците ( т.е. остави ги за делот "Заклучоци" од трудот), а ако е конференција или постерска презентација, напиши ги и нив. У суштина, тоа е.
Се работи за моја критичка анализа на концептот на Кули која би требало да биде објавена во списание како труд, инаку многу ти благодарам за одговорот
Ми треба проектна задача за некоја тема поврзано од социологијата, ако има некој да ми помогне, да ми прати стара проектна Спојлер: пример теми - Семејство - Стереотипите во сваќањата за улогата на полот што се од значење за комуникацијата - Етнички групи - Виртуаелни заедници или мрежно опшество ? - Девијантни појави - Културата на Македонија - Урбаноста како социо-специјален систем - Глобализација - Современи социјални проблеми - Етичките ставови на Аристотел - Цивилното опшество и политичкиот систем - Култура на сиромашни и култура на богати - Адолесценција во биологијата и културата - Алкохолизам - Контрола на раѓања во источна и јужна Србија - Македонското опшество во транзиција - Етика и економија - Херодот - Антрополошка определба на културата - Приказ на книгата „Works and lives“ - Clifford Geertz - Невработеност - Социјализација - Социјализација, девијација, дезорганизација - Социјална перцепција - Социологија на семејството - Класи и класни борби - Радикална социологија - Социолошка имагинација - Токсикомании - Волонтерство - Основни карактеристики на системот на социјална заштита во САД - Приказ на делото „Настанок и функција на културата“ - Ѓеза Ројхам - Хобсовото дело „Левијатан“ како значаен симбол за теориите за опшествен договор - Демократските процеси во земјите во транзиција - плутализација - Критичка теорија - Вклучување на младите во пазарот на трудот - Политички конфликти - Држава
Ако се работи за списание, тогаш најчесто апстрактите се пократки (на пример, 150-250 зборови), затоа што не се објавува само апстрактот, туку целосниот труд, па нема потреба апстрактот да содржи буквално се’. Во зависност од тоа колку зборови ти се на располагање, ќе видиш и ќе оцениш што од трудот, односно колку информации можеш да вклучиш во апстрактот (ако се 150 зборови, ќе видиш дека и да сакаш, немаш простор за премногу информации ). Повеќето списанија се достапни он-лајн (барем апстрактите, ако не целите трудови), па побарај го списанието во кое ќе објавуваш и ѕирни некои претходни изданија за пример како другите ги концепирале апстрактите. Среќно!
Точно, и јас планирав апстрактот да го напишам пократок и да се фокусирам главно на целите на критичката анализа. Имам неколку битни цели, секоја ќе биде напишана кратко и јасно, односно во една реченица. Уште еднаш многу ти благодарам за корисните совети, навистина ми помогнаа !
раво, ми треба мала помош нешто околу MC Word. Направив анкета со прашања и сега не знам како да направам процентуален приказ на добиените одговорин во вид на круг, и поделено во проценти, пример 35 %одговориле Да, 15% НЕ и 50% делумно. Сето ова да биде прикажано преку тој круг со три различни бои, се надевам ќе ме сфатите што прашувам, не знам ни јас како да објаснам
Некој расположен да ми објасни околу правењее проектна? Некој што баш онака добро знае.. не да ми направи него да ја објасни околу правењето и за во електронска форма и за усмено пишете ми во ЛП <3
Zdravo dali ima nekoj sto sprena diplomski? Dokolku ima ve molam pisete mi? I dali nekoj ja imate knigata Leviathan od avtorot Arno Schmidt ili pak dali ja imate procitano... Ve molam pisete mi itno mi e...
Еве овде има некои правила http://www.matura.gov.mk/data_files/project_task/mk/3551_Proektna zadaca-2009-2010.pdf
Да не има некој случајно материјал за Социјализација..Тема за матура ми е, За да не ми испадне се од википедија и малку материјал би ми бил добредојден