Ако некој случајно има семинарска или проектна на тема уставно право, нека ми пише ЛП ако не му е проблем.Јас требаше да започнам да ја правам, ама братучетка ми никако да ми го донесе учебникот
дечкии може ли некој да ми помогне за есеј по филозофија тема: Вредноста и целта на животот, ве молаааам итно ми е . Фала однапред
Девојки ми треба состав за писмена работа по македоснки за Јоаким Крчовскии..да содржи биографија цитати од негови дела и слично ако има некој нека стави тука... Фала однапред п.с. писмената ми е утре
Јоаким Крчовски!! Јас проверив, имам еден проект ама во пауер поинт е. Ако сакаш пп и скајп да ти го пратам
Мене ми треба помош ве молам ако ви се наоѓа по дома некое составче на тема "Совети за здрава планета"...Ве молам до понеделник треба да го напишам
Доколку не можеш да напишеш состав побарај на интернет како да си најдеш материјали кои можеш да ги искористиш. Ептен ви е олеснета работата и пак се жалете . Јас кога бев средно темите не ни ги даваа или пак кога ќе имавме слободна тема (тема која не е поврзана со материјалот ) ќе ни дадеа 10 теми од која за писмена ќе ни се паднеше една. Мој совет ти е пробај сама да напишеш. Мораш да научиш да се писмено изразуваш многу ќе ти треба за на факултет. Не се за џабе дадени тие писмени.
Благодарам за советот... меѓутоа не ми е за писмена ова е еден проект во кој сум вклучена,и се надевав дека ќе поминам полесно..а инаку за пишување ..тоа ми во крвта..но денес сум малку мрзелива па реков да побарам помош
Теми за писмена работа Ве молам некој ако знае нешто за темиве: 1.Лакомоста губи се, сакајќи да земе. 2.Залудно не трчај, а тргни во точен час. (Се мисле да не трчаме со делата, мислете, одлуките, критиките) 3.Не поминувај го животот во забава, работи и штеди за моменти кога ќе немаш. Ако знае некој ве молам пишете. Благодарам однапред.
Имам англиски проект, Kако мислењето на луѓето влијае врз другите.Тоа ми треба на англиски, но и податоци на македонски би ми биле корисни. Ви се молам многу ми е важно ми треба најкасно до сабота. Благодарам однапред.
акро стих па вака утре правам писмена по француски јазик и професорката ни рече дека ке имаме во тестот акро стих таа ни даде 8 зборцина и едно од нив ке ни се падни ама проблемот е тоа што јас не знам точно како треба тоа да изгледа бидејки ние не учиме македонски професорката по македонски ни рече дека граматиката е глупости па вак знам дека треба зборчето надолу да се напиши и буквите од зборовите да бидат први во стихо ама не знам треба да бидат зборчина или реценици тие стихојте? помошш 1 не ми бега изгледа
Женски да не имате пишано нешто писмена по македонски под наслов- Разеленувањето-моето будење. ?!? Или пак ако можете да ми најдете нешто... Ве молам за утре ми е, секаде барав не можев да најдам.. Ве молам!
Ревизор Ако може некој да ми напише кратка содржина на "Ревизор" од Николај В. Гогољ? Ви благодарам однапред =)
треба да напишам есеј по англиски за тема "wearing uniforms at school" ке сакате ли да ми кажете 1-2 реченици за вовед? знаци тие 1-2 реченици се општи за навлегување во темата
помош за писмена работа ИТНООО !!! еве вака,сакам да му помогнам на едно блиско детенце има писмена по македонски јазик па не бев сигурна околу 3 прашања се надевам дека некој ако знае ќе припомогне со своите одговори 1.во која реченица е употребен сложен прирок а)Тони игра убаво б)Се исплашив од него в)Таа се прави важна г)Сум научил се д)Биба личи на него ѓ)Ние ќе учиме вечерва 2.Дополни ги речениците употребувајќи глаголско-именски прироци а)Јас и Јанко... б)Мирјана кај нас... в)Тие денес... 3.Објасни го поимот Хумористично Фала однапред
ohoho провери на оваа страна има убаво објаснување за прироците http://makedonskijazikiliteratura.blogspot.com/2010/12/blog-post.html, а хумористично е прилог за начин ( пр. Каква е таа претстава? - хумористична) чие што значење се објаснува како нешто забавно, интересно, нешто кое што прави луѓето да се смеат, забавуваат, да им е интересно.