Верувам дека сите сте запознаени со сторијата на ова семејство кое што беше презентирана вчера во македонските медиуми. Имено станува збор за седумчлено семејство кое што живее на работ на егзистенцијата. Иако почна школската година, трите повозрасни деца не одат во училиште. Таткото Санде вели дека нема пари за облека. 11 годишното девојче денеска заминало во училиште, но само да ги земе бесплатните учебници. Повеќе од една година Санде е без работа, претходно работел како овчар - сега, моли за вработување. Разочаран од животот, вчера 39 годишниот родител се обидел да се самоубие. Верувам дека повеќето од вас ја знаат сторијата и речиси и да нема човек кој што не го потресе оваа потресна приказна. Отворена е жиро сметка за донација па мислам дека секоја една од нас има да одвои барем 100 денари кои што на овие деца многу би им значеле. Кој не е запознаен ќе постирам линк, мислам дека зборовите на овој измачен татко најмногу ќе објаснат за тоа колку им се потребни средства. NLB Тутунска Банка АД Скопје ж-сметка 210700000609005 http://grid.mk/read/news/505720457/4501 ... aratmanovo