Дали некој некој ја има препраскажано лектирата ''20.000 милји под морето'', ако некој ја има прераскажано нека ми слика или нека ми напише овде.
Еве за кого му требаат вакви писмени: Везилката опкружена со црвената и црна боја - вистинска приказна за едно бурно време Македонија можеби е единствена земја во светот која поминала низ најтешки периоди и во тешки услови се борела за својата слобода и мир. Историјата на македонскиот народ е опеана и опишана во многу песни. Така во песната "Везилка" поетот ја прашува везилката како да напише проста македонска песна за маките и страдањата на македонскиот народ низ вековите. Везилкаата и самата била сведок на се она низ што поминал македонскиот народ и му дава совет да провлече два конца од срцето. Едниот црн, а другиот црвен исто како и конците со коишто таа везе на ленено платно. Црниот конец ја симболизира тагата, темнината, стравот и смртта на илјадници македонски чеда. Додека пак црвениот означува повик за револуција за борба за бунт. Му помага да напише песна чии зборови ќе допрат до сечие срце и ќе предизвика чувство на бунт и револт. А, од тоа зависи и судбината на народот. Поетот ја храбри дека се ближи слободата штом ќе се појави синилото на небото и синиот конец на дебелото платно. Но, везилката е упорна да ја доврши песната и му помага зборувајќи му за своите спомени. Му укажува на фактот дека клучот е во двете бои црвена и црната. Тие две бои се инспирација за опишување на македонското ропство и македонската храброст за продолжување напред во животот. Орото - растреперен поглед кон минатото Македонија можеби е единствената земја во светот која поминала низ најтешки периоди и која се борела во тешки животни услови да ја добие својата слобода. Историјата на македонскиот народ е опишана и опеана во многу песни. Една од нив е и песната "Тешкото" од Блаже Конески. Преку неа на симболичен начин се прикажани страдањата и измачувањата на македонскиот народ низ вековите. Ударот на тапанот и пискотот на зурлите побудуваат потресно чувство на жал и болка за нешто изгубено низ вековите. На почетокот орото го започнуваат старците, а на нив им се придружуваат младите. Тие се храбри и издржливи како соколи и ќе ја продолжат борбата за слобода што ја започнале нивните предци. На тој начин се споредува орото со судбината на македонскиот народ. На почетокот старците орото го играат со побрз чекор и орото се раширува повеќе. Значи народот трпел со векови крвава болка и робија клета. Но, наеднаш македонскиот народ добил исконска сила и повел бунтовничко оро, го прекинал синџирот на ропство и се изборил за слобода и мир. И денеска по многу векови штом се слушнат тапаните и зурлите извираа бура од емоции од кои навираат солзи во очите. Љубов во срцето мое Љубов колку убаво звучи овој збор. Овој збор составен од пет букви е мал, но има многу големо значење. Љубовта е двигател на се во животот. Таа е највозвишеното чувство во срцето на секој човек. Без љубов животот нема смисла. Љубовта е движечка сила која не признава граници. Се она за кое вреди да се живее, диши, да се радува,... Најсебичното чувство кое ни дозволува да бидеме многу себични. Дар од Бога, светост. Нешто што ме исполнува максимално позитивно, кога ми трепери срцето. Кога зборовите не можат да излезат од уста, кога погледот кажува се, кога ме обликува топлина... Едноставно за мене љубовта е најподвижната сила која ме води во животот. Понекогаш ми нанесува болки, но тоа се слатки болки...
Здраво дали некој се разбира повеќе во решавање задачи доколку би можел да ми помогне, за утре ми е ? Благодарам однапред.
Луѓе хелп, ја имате ли Островот со скриеното богатство прераскажана, немора да ми ја пиштете може и да ја сликате ве молам ми треба за на крајов од месецот
Неможам да ја најдам во ниедна бибилијотека. А ми е за во понеделник. Ве молам некок ако ја има нека ми ја прати или нека каже. Ве молам, хитно е
А ако на некој му треба некоја лектира, прераскажана од 1-9 одд нека ми се обрати, ги имам сите, освен Споменка. Сеуште можеби има добри луѓе кои што не се себични и ќе ми ја сликаат прераскажано споменка.
Дали граматички е исправна реченицава" Ако се зборнеше за тоа, тој веднаш го прекинуваше разговорот."?
Граматички е исправна, ама зборнеше го нема во Македонскиот литературен јазик. Би било: Ако се зборуваше за тоа, тој веднаш го прекинуваше разговорот.
Ја има некој раскажано лектирата; Том Соер? Ми треба за отприлика 10 дена. Ќе сака некој да ми ја прати у порака? Ја имаш Том Соер?
Значи ве молам итно ми треба лелтирата том соер прераскажана. Ве молам која ја има нека ми се обрати итно ми треба за во понеделник ми е ..хелп
Јас можеби ја имам ако ја чувам тетратката по лектири пошто мн време помина.. Ако ти треба пиши ми во порака. Може ќе ја најдам