Некој да ми објасни убаво која е разликата меѓу симбол и метафора? Премногу слични ми се, а некаде за исто зборче негде пишува дека е симбол за.., а некаде метафора за нешто.
Дали некој ги има учебниците по хемија и биологија за средно гимназиско образование во pdf? Нели порано ги имаше на е-учебници, но пред некоја година ги тргнаа.
Ми треба помош со книгава Александра од Томе Арсовски, неможев никаде да ја најдам а ми треба за на училиште за утре. Ве молам некој ако може да ми ја прераскаже во chatot.
Ги има на сајтот на мон,јас нешто си симнав бидејки ми требаа за на факултет,баш пред некој ден симнував од е-учебници
Ми треба малку помош. Единиците што се бајт (B), килобајт (KB) мегабајт (MB), гигабајт (GB) и терабајт (TB), не ми е јасно како се претвараат пошто решаваме задачи по информатика и сега во задачата имаме различни бројки со различни единици, и треба да ги претвориме единиците во една иста единица да се сите (најчесто ги претвараме во бајти) за да можеме да продолжиме со задачата. Некој ако знае да ми објасни, како се претвараат на пример од помала во поголема единица и обратно, од поголема во помала?