1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Помош за ученици и студенти

Дискусија во 'Образование' започната од Avril.09, 19 октомври 2011.

  1. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.643
    Допаѓања:
    6.470
    Mи треба нешто за стилски фигури во Везилка од Блаже Конески. Најдов реторско прашање, компарација и симбол (она црвен-црн конец, трепетна срна) ама друго неможам да најдам. Па ако знае некоја феминка нека ми пише. :)
     
  2. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.170
    Пол:
    Женски
    Јас најдов само уште епитет, друго незнам ни јас. :wasntme:
     
  3. Sanniii

    Sanniii Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    1.293
    Допаѓања:
    3.114
    Пол:
    Женски
    Малце каснам со ова. :D
    Ние ја учевме Везилка и требаше да направиме Анализа.
    Јас вака ја направив. Незнам вие какви анализи правите, но што ви е потребно земете. ;)

    Основен мотив: Македонската историја претставена на вез.
    Структура: 8 строфи со по 4 стиха ( катрен )
    Литературен вид: Лирска песна.
    Јазик: македонски поетски.
    Рима: вкрстена рима ( напишете си римата, да не ви ја пишувам сега )
    Песната е напишана во дијалошка форма.
    Аудитивни елементи: чудесно блика, горат и капат, ловиш звук.
    Визуелни елементи: срце што води разговор, се шари и чудесно блика везба на синото платно.
    Епитети: проста ( песна ), строга ( песна ), тревога ( бесна ) итн...
    Метафора: ти - морно око на трепетна срна.
    Компарација: авторот како еднолична низа, спомен како цвеќе без боја.
    Персонификација: боите горат и капат.



    Мислам дека е Zugspitze.
    Според податоците на Википедија. :)

    http://en.wikipedia.org/wiki/Zugspitze
     
  4. The-Queen

    The-Queen Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    2.139
    Допаѓања:
    2.424
    Девојки утре правам писмена Македонски јазик, ми треба воведен дел за судбина, за тоа како ако ние сами не направиме ништо, нема да постигнеме ништо....
    Ми треба само помош како би почнала :)
     
  5. LuDaChA22

    LuDaChA22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    29
    ке биде некоја љубезна да ми напише песна на англиски на тема како да ја зачуваме природата. за утре ми е. фала :*
     
  6. Avril.09

    Avril.09 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    737
    Допаѓања:
    892
    Секаде пребарав, но не најдов. Феминките од прва година да не знаат кога и каде се појавиле Лириката, Епиката и Драмата ? Или некој да ми помогне во пребарувањето на Интернет ??
    За писмена ми е. :worried:
     
  7. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.170
    Пол:
    Женски
    Драмата означува дејство. Опфаќа дела во кои се прикажани меѓусебните односи на луѓето и нивните постапки што се последици од некој конфликт. Се развила во синкретичната уметност, се појавила во Грција, кадешто била посветена на богот на виното. Основоположник бил Теспис. Таа нема трагичен крај, но не е ни смешна. Почетоците датираат од втората половина во 18 век, а вистински расцут доживеала во 19 век.Секоја од етапите претставува чин. Според методот на прикажување на животот драмата може да биде реалистичка, натуралистичка, симболична, романтична, драма на опсурдите.

    Епика е грчки збор што значи говор, збор, приказна и др. Во неа, писателот раскажувач е објективен набљудувач на надворешниот свет. Писателот се служи со ретроспекција и интроспекција. Поделба на епските видови: Мали (мит, легенда, предание), средни (повест), големи (роман).

    Тоа само го најдов во тетратка, деновиве баш зимаме за тоа, ама јас сум малце уназад со материјалот, немам препишано повеќе страни. :worried:
     
  8. Avril.09

    Avril.09 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    737
    Допаѓања:
    892
    Да да Елена тоа ми треба. За лирика најдов, за драма еве ова, ама за епика па нигде нема :^)
     
  9. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.670
    Пол:
    Женски
    Епика е еден од трите рода во уметничката литература, кој опфаќа дела во стих и во проза, во кои вообичаено се раскажува за херојски подвизи или настани значајни за одредена култура или нација. Во поглед на традиционалната теорија на литературата под поимот епика се подразбирале раскажувачки дела само во стихови, како што се епските песни, односно поемите и епопеиите, но современата теорија на литература подразбира и прозни дела со раскажувачки карактер како, романот, расказот, новелата и сл.
    Епиката се смета за раскажувачка, претставувачка, односно миметична уметност. Со други зборови едно книжевно дело се смета за епско доколку постои раскажување, односно нарација, раскажува или наратор и ликови кои ги градат дејствијата односно сижето и фабулата. Термините епска широчина и епска композиција заедно со објективноста во раскажувањето се три најбитни белези на едно епско дело. Користењето на сижејни методи, како ретроспекции, заедно со деталните описи на ликовите и настаните го прават делото обемно, односно ја градат неговата епска широчина; развојот на дејството по етапи, од друга страна ја означува композицијата на делото!
     
  10. Avril.09

    Avril.09 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    737
    Допаѓања:
    892
    Знам за тоа, но ми треба точно каде и кога е создадена епиката. :worried:
    Напнав, ама што да правам - тоа ми се бара. :tmi:
     
  11. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.554
    http://www.britannica.com/EBchecked/top ... evelopment

    Повели, на англиски е ама мислам дека е лесно разбирливо. Ако треба помош за превод, тука сум. :)
     
    На thelittle17 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. 343

    343 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2011
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    6
    Ми треба есеј за литература,, ако му се наоѓа на некој нека ми прати.. :worried: :worried:
     
  13. anneyy

    anneyy Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2010
    Пораки:
    1.280
    Допаѓања:
    1.422
    Литература или книжевност, е уметност на пишани дела. Иако двата поими се синонимни, книжевност го опфаќа уметничкиот дел од творештвото, додека поимот литература се користи за означување на каков било вид пишано творештво. Како заеднички поим се однесува на било која пишана форма, како и на целото книжевно дело во постоење, како во светски рамки, така и во рамките на една издвоена култура.

    Литературата се разгледува во однос на еден народ, најчесто вклучувајќи збир од текстови што претставуваат еден народ. И покрај тоа што литературата може да закружува најразлични ентитети, како што се здруженија, философски школи, историски периоди и др., сепак најчесто, употребата на зборот литература паѓа под оваа определба.
    Поопшто гледано, литературата може да претставува збир разкази, песни и драми што се однесуваат на некоја одредена тема. Во ваков случај, расказите, песните и драмите можат, но не мораат да имаат националистички импликации.
    Клацифицирајќи некаков елемент како дел од литература (на пр. македонска книжевност, научна литература, итн.) може да се наиде на неколку потешкотии. За некои луѓе, зборот „литература“ значи било каков симболички запис кој може да содржи слики и ваји, а нормално и букви. За други, литературата мора да содржи само примери на тексуално сложени букви, или некакви други примери на симболички пишани јазици (на пр. хиероглифи). Уште поконзервативна интерпретација ќе бара текстот да има физичка форма, вообичаено нашишана на хартија или друга форма кој овозмошува печатење.
    Различни историски периоди истакнувале различни карактеристики на литературата. Најраните дела, најчесот се осврнувале на религиозни и советувачки пораки. Морализирањето или согледувањето на литературата се спречува од ваквите извори. Средниот век ја носи романста, додека „времињата на причината“ ги произведуваат националистичките епови и философската мисла. Романтизмот ја истакнува популарната народна литература и емотивните ставови, но сепак му даваат отворен пат на Западот, кој во XIX-иот век ја започнува фазата на реализам и натурализам, трагајќи во реалното. XX-иот век го донесува симболизмот и психолошките гледишта, менувајќи го притоа тогашниот вообичаен тек.
    _____________________________________________________________________________

    Ова ти е општо за литературата и за нејзините одлики. Можеш да си дополниш или да извлечиш нешто што е во контекст на тоа што го пишуваш.
     
  14. Butterfly15

    Butterfly15 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.146
    Допаѓања:
    2.620
    Mи треба расказот "Прошедба" од Рајко Жинзифов. Пребарував на интернет го нема, па ако некој го има да ми го прати. Благодарам. :)
     
  15. Avril.09

    Avril.09 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    737
    Допаѓања:
    892
    Треба да напишам репортажа, статија и фељтон. ( Да извадам од весник )
    Е сега, никако неможам да се снајдам во весникот па ја вклучив страната на Дневник. Ќе може ли некој да ме посочи, односно да ми прати линк од каде да извадам за овие три?

    Благодарам. :)
     
  16. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.664
  17. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.641
    Лектира ми е „Басни“ од Иван Крилов.
    Во писмената обработка треба содржински да ја анализирам. Ако може некоја од вас да ми помогне што да напишам. Значи не да ми ја анализирате, туку да ми кажете што да напишам во анализата на една басна.
     
  18. feferona

    feferona Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    166
    Допаѓања:
    94
    Содржинска анализа или целосно анализирање на книгата.
    е сосема друго од првото што си го напишала.
    Потенцирај за што? Би можела да ти помогнам( ако уште не си завршила со писмената ;) )
     
  19. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.641
    Па и јас не знам што точно се бара! Професорката ни рече содржински да ја анализираме, ама не потенцира што! Веројатно книгата...
     
  20. Heydi1221

    Heydi1221 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 мај 2011
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    3
    Јас нешто од хемија да прашаммм, за грмлив гас дефениција или равенка.. колку што памтам беше нешто однос меѓу водород и воздух ама незнам точно може ли некој тоа да ми го објасниии :worried: :)