Дали некој може да ми помогне со задачиве (математика за II)??? 1.Даден е триаголник ABC,конструирај квадрат PQMN чии темиња лежат на страните на триаголникот 2.Конструирај триаголник АВС со дадени:збир на страните а и b (a+b),аголот бета и аголот гама 3.Конструирај триаголник АВС ако се дадени страните b,c и тежишната линија ta 4.Конструирај паралелограм ако ни се познати страната а, дијагоналата d1=AC и висината hb и последно како да поделиш кружница на 6 еднакви дела?
мислев дека ќе можам сама ама ај помош више 3 саати пишувам состави и ми остана уште темите поврзани со книгата "Александар Македонски" од Жан Расин нешто поврзано со љубовта, силата, моќта и славата во делото. ЗА УТРЕ ми е
Сакам да поништам еден испит од февруарска сесија имам 7, сакам да полагам во априлска за повисока оценка, асистентот ме прати кај тој од студентски прашања и тој ми "објасни" дека постапката била да се поднесе барање и административна такса. Какво е тоа барање? Што би напишала во него?
Правопис Дали ќе може некоја девојка да ми објасни за формирање акцентска целост со полнозначните зборови (именки, придавки, заменки, броеви, глаголи)? Денес ги учевме, но професорката повеќе внимание обрати кон објаснување на формирање акцентска целост со енклитики и проклитики. Утре имам тест, а ова со полнозначниве зборови воопшто не го сфаќам. Ако може и да дадете некој пример, би ми помогнале премногу!
Јас кога поништував однесов на студентски прашања молба (кратка и јасна дека го молиш деканатот да ти ја поништат оценката за да можеш повторно да полагаш за повисок просек бла бла) и уплатница од претходно уплатени 500-600 ден мислам (ама ова зависи од факултетот, не секаде е иста тарифата за поништување, некаде можеби и не се ни плаќа). Се чека само неколку дена за да ти ја одобрат молбата и ти ставаат печат во индекс.
Општи прашања Ми треба некој креативен Имам проект ( на хамер ) за КОЧО РАЦИН и го напишав насловот. Ама некако ми е многу празен странично. Дајте идеја што да поднацртам од страна
Општи прашања Можеш Раца да ја нацрташ Куќата во Велес или слична стара куќа можеш,некои делови од таму,стари слики или украси,и 'демек' насловот на некоја негова книга на пример Бели мугри и некоја книга нацртaj
ako moze nekoj da smisli voveden del za Sveti Kliment -neumoren ucitel, nadaren pisatel i stolb na pravoslavnata crkva ? fala mnogu
Moze nekoj da mi pomogne vo vrska so Ulogata i znacenjeto na Kliment i Naum Ohridski za makedonskata knizevnost i kultura ? fala odnapred
Семинарска Органска хемија - САЛИЦИЛНА КИСЕЛИНА Девојки ми треба помош, пишувам семинарска на тема "Салицилна киселина"... ми треба материјал од органска хемија за ароматични хидроксикарбоксилни киселини како вовед и сцалицилна киселина!!! Ве молам пратете ми линк доколку знаете некоја страна од каде можам да најдам информации или напишете ми текст од книга ( ако е од книга напишете автор, издание и од која година е, за да ја напишам во користена литература). Ако го направите тоа за мене многу ќе ми помогнете. Однапред благодарам за оние кои ќе одделат малку од нивното драгоцено време и ќе помогнат!
Девојки за прием за на еден Универзитет бараат да се напише есеј до 600 збора. Е сега дали тој треба да биде како состав по мак.јазик на одредена тема или академски есеј поткрепен со литература и рефернци? Е сега бидејќи е краток есеј претпоставувам дека треба да е како состав. Вие што мислите?
Славица-Убавица, ако стварно немаш одговор на моето прашање тогаш немој воопшто да се трудиш и да го трошиш твоето скапоцено време на мене. Сепак фала за одговорот. Колку за информација, прашав кај што требаше да прашам и добив соодветен одговор. На форумов очигледно нема друго што да се прави, освен да се оди контра на секое мислење што е поставено. Жалосно во секој случај....особено за 30 годишна женка како тебе
Ми треба помош,од училиште ми дадоа да пишувам за есеј за "каков бизнис сакам да отворам"...Ви се молам ако има некој есеј за "каков бизнис сакам да отворам" или некаква идеја,најкасно до вечер да напише...ви благодарам однапред
Па на пример, размисли што недостасува во твоето место, што знам еве на пример салон за венчаници, училиште за странски јазици, продавница за кафе и слично. Напиши што те привлекува од таа област, како мислиш да го развиеш бизнисот, да ја зголемиш вработеноста во твоето место
ВЕ МОЛАМ кој знае некоја од следниве хемиски задачи нека напише решение тука или во лп: 1. Кога во кислород целосно ќе изгорат 5g алуминиум во прав со околината се разменува топлина чија вредност изнесува -82,4 кЈ. Напиши ја термохемиската равенка. 2. колку топлина ќе се ослободи ако согориме магнезиумова лента чија маса е 500мг? 3. Колкава ќе биде вредноста на ослободената топлина ако во кислород изгори сулфур чија маса е 16г? За колку притоа ќе се измени досегот на реакцијата запишана како: S(s)+O(g)=SO2(g) 4.Знаејќи ги двете термохемиски реакции: C(s) + O2(g)=CO2(g) deltaRH1=-393.5 kJ/mol CO(g) + 1/2 O2(g)= Co2(g) deltaRH2=-283.0 kJ/mol Обидисе да ја напишеш термохемиската равенка чиј стехиометриски дел е: C(s) + 1/2 O2(g)=CO(g) deltaRH=? 5. a)Ca(s)+ 1/2 O2(g)= CaO(s) DrH=-659kJ/mol b)Ca(s)+ C(s)+ 3/2O2(g)=CaCO3(s) DrH=-1207 kJ/mol c)C(s)+O2(g)=CO2 DrH=-393kJ/mol да се изведи термохемиската равенка за пиролиза качциум карбонат. ми требаат за тест ве молам на кој му оди хемија задачи нека се потруди да реши барем некоја
значи имам три теми за во четврток под итно ми требаат составчиња за секоја посебно,немора мн долги, опфатено најважното и тоа... -Судбината на јазикот е и судбина на народот -Природните убавини на нашата татковина -Впечатоца од гледан филм (кој било не е важно) ВЕ МОЛАМ НАЈБРЗО ШТО МОЖЕТЕ (пратете ми на лп)