Дечки,дај олабавете малку.Гледате дека за џабе си пишувате тука некои смешни и детски состави кога барате за петто одделение,од типот,,Како го поминав летниот распуст,, ,,Омилена славна личност,, ,,Екологија,, и слично.Никој нема на вакви теми да ви напише состав и да ви го прати за најбрз можен рок,пошо секако,на вас ви е итно.Плус од кај некој друг знае како сте го поминале летниот распуст,колку е вкусен ајварот на баба ви и сл. Утре,другиден кога ќе дојдете средно или на факултет ќе видите што значи да си го испотиш г'зот и да седнеш и сам да научиш и се потрудиш,оти сега барате да ви напишат есеи,и смешни составчиња(повеќето). Оставете ги оние што стварно имаат нејасни задачи или проблемчиња да си помогнат,и не ја тупете за џабе. Гледам многу страни наназад за дечиња од петто одделение кои бараат состави,седнете и смислете вие нешто,нека е лошо и нека не е на висок стил,ама нека е ваше,оти ние овде и да ви напишеме,се познава какви реченици може да состави детенце од 4то одделение,или пак некој од 20 години.Наместо да кисните на интернет и да кукате итно ми е,итно ми е,помачете се малку вие. Не ми е поентата да ја изругам денешнава младина,и не ме сфаќајте погрешно,оти понатаму ќе видите дека сами ако не си се потрудите за вас,никој нема тоа наместо вас да го стори. Да не бидам оффтопик,мислам дека за задачава заслужува да се побара тука помош,оти не е од оние од типот ,,2*5+(3-2)=?,,.Па хемичари,ќе ви бидам благодарна. Се бара досег на реакција ако 5,8гр,железо се спои со кислород од воздухот и се добие Fе2О3,притоа два грама железо остануваат неизреагирани.Благодариме однапред.
Zdravo znaci imam domasna po makedonski da ja obrabotam pesnata Rabotnik od Kole Nedelkovski ama mi treba malku pomos dali nekoj ja ima obraboteno ve molam itno mi e
век по век што трупал сè попуст и мрачен од крвава болка, од робија клета, век по век што нижел од корава мисла за радосна челад, за слободен свет, која стилска фигура е застапена во стиховиве? Македонското име нема да загине
Дали некој знсе некој професор по физика. Учам на електро и ми треба помош, освен професорката споменка
За утре ми требаат 2 строфи по 4 стиха со обгрлена рима во идно време.Неможам никаде да најдам,ако некој најде ако може да ми прати,Фала однапред
дали некој може да ми ги објасни овие правила (или незнам како ги викате таму) по геометрија за 2ра гимназија не живеам во мк (америка) и незнам дали некој ќе може да ми објасни ( сериозно 40 луѓе прашав овде , и пак не ги сватив) ама сигурна сум дека таму се учат истиве работи овие овдека ги викаме proves и треба да потврдиш statement значи погоре тоа се одговорите transitive property , corresponding property ...
Електрична отпорност (или специфична електрична отпорност) е мера во која еден материјал дава отпор (се противи) на текот на електрична струја. формула за ел.о. ρ е статичната отпорност (изразена во ом метри - Ωm) R е електричната отпорност на еднообразен примерок на материјал (изразена во оми - Ω) l е должината на примерокот (изразена во метри - m) A е пресекот на примерокот (изразен во квадратни метри - m²) Електричната отпорност може да се дефинира и како E е величинатаа на електричното поле (изразена во олти на метар - V/m) J е величината на густината на струјата (изразена во ампери на квадратен метар A/m²)
Може некој да ми каже што може да значи LMS? имам семинарска да направам за ова по информатика а не знам што значи. На маил ни ги прати проф темите, а неможеш да го прашаш, нема да ти ја прима после, ќе ти рече јас ти кажам треба сама да знаеш
Здраво.Сакам да прашам нешто за медицинскиот факултет во Тетово.Дали конкуренцијата е голема за запишување на тој факултет?Дали може само 1 семестар од првата година да се студира таму и потоа да се префрли во факултетот во Скопје?Дали на префрлувањето имаат значење оценките од средно или само факултет? 100% ли е загарантирано префрлувањето?
Може ли дефиниција ама баш дефиниција за електричен капацитет? По формулата це е еднакво на количество елекртичество врз напон.....
Здраво, ќе ве замолам ако некој знае или има нашишано песна:елегија односно: Елегија е лирска песна во која се опеани тажни чувства и расположенија. Името го добила од грчкиот збор elegion што значи тажаленка. Причини за тажните расположби на поетот можат да бидат смртта за некој близок, жал за младоста, загубена љубов, осаменост и слично. Во елегиите се опејуваат тажни чувства поради состојбите во татковината , изгубената слобода или слично. Ве молам некој да ми помогни..Песната ми е за утре по македонски јазик треба да има 2-3строфи или повеќе но да не биде препишувана од интернет,списанија и сл...
Не пронајдов ваква тема доколку има преместете ја или ставете и клуч на оваа.. Јас сум 3 год фармација и за прв пат учам бизнис..Значи според големината постојат мали,средни и големи бизниси и имаме табела вака : Мали Средни Големи вработени 50 250 повеќе од 250 годишен приход до 8000 просечни бруто плати до 40,000 пр.бруто пл. сметковотствена вредност на активата до 6000 просечни бруто плати до 30,000 пр.бр.пл ее сега не ми е јасно што се просечни бруто плати(а тоа што го прашувам го нема во учебникот),што годишен приход,што е сметководствена вредност на активата( а само знам дека активата е имот на некое претпријатие ) Ве молам за помош.. Благодарам однапред.
средно сум и професорката по педагогија ни даде задача за дома поточно да напишеме на тема ,,науки кои ја обележаа промената во светот,, ... Прогуглав али слабо се снајдов , ако може некој некоја мала помош?
Вака сега, имаме предмет виртуелна компанија и содаваме компанија, делиме работни места кога делеле работни места јас не сум била на училиште, и мене ме ставиле менаџер на логистика, сега треба да го опишам своето работно место, кои се моите работни задачи, барав на интернет нема се нешто друго излегува. Ако некој знае да ми каже, однапред благодарам.