1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Помош за ученици и студенти

Дискусија во 'Образование' започната од Avril.09, 19 октомври 2011.

  1. DaRkWiZzArD

    DaRkWiZzArD Активен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2015
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    како да направам проект по козметика со темата: подготовка на работно место и козметичарот за масжа
     
  2. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.212
    Допаѓања:
    56.854
    Пол:
    Женски
    Епа пишувај за тоа како се подготвува работното место и козметичарот за масажа. :D

    Вака: прво ќе најдеш многу извори на интернет, ќе ги организираш и ќе решиш кои од нив ќе ги искористиш. Забележувај ги, затоа што ќе треба да наведеш информација од каде се изворите.

    Потоа направи план на проектот. Што планираш да напишеш во воведот, што во 'телото' на текстот, што во заклучокот. Пример, во телото пишуваш за различни видови на масажи - како треба да се подготви за таа, како за друга. Пишуваш како ги мести маслата и реквизитите за да му се на дофат, како мора да обезбеди реквизити за хигиена, да ја доведе температурата на просторијата до левел пријатно... не знам како одат тие работи, ти сигурно си знаеш.

    Не ги повторувај истите мисли низ пишувањето и користи кратки, разбирливи реченици. Подели го текстот на параграфи и различните делови издвој ги со поднаслови. Изворите би требало да ти дадат идеи што да пишуваш, а и темата е доста јасна. Веројатно си во козметичко училиште па веќе знаеш како оди постапката - треба само да ја напишеш на хартија.

    На крајот, седни и напиши. :D Не заборавај да провериш 2 пати пред да предадеш.

    И сигурно се’ ова веќе ти беше јасно, ама нема друг начин за да напишеш проект. Друг не може да ти го напише. ;)
    Интересно е, седни и направи го добро.

    Во врска со анкетата, гласав за 1000 :rofl:
    Сега ја видов, ти изгледа се зезаш а јас се распишав овде. (facepalm)
     
    На jovanovska94 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. My_Vezilka

    My_Vezilka Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2015
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    170
    Пол:
    Женски
    Луѓе кажете ми рима за срце?
     
  4. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.322
    Допаѓања:
    28.990
    Пол:
    Женски
    Кога не ти текнува рима за некој збор, размести ги зборовите во стихот и последен стави го оној кој има некоја рима. Конкретно за срце не ми текнува моментално. :) Напиши го целиот стих и за што се работи во песната.
     
  5. FairyGirl

    FairyGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 декември 2011
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    8
    Пол:
    Женски
    Во врска со планинарењето на Водно за бруцошите. Јас не отидов а ставале печати во индекс...Ќе ми прават проблем кога ќе пријавувам испити или семестар? И да не знае некој каде можам да ја најдам докторката што ставала печати? :/
     
  6. tamche995

    tamche995 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2015
    Пораки:
    1.078
    Допаѓања:
    2.617
    Пол:
    Женски
    Од кај тоа дека ставале печати, прв пат слушам?
     
  7. FairyGirl

    FairyGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 декември 2011
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    8
    Пол:
    Женски
    Да, така ми кажаа колегите
     
  8. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.102
    Допаѓања:
    163.577
    Пол:
    Женски
    Ставале печати во индекс или на ливче, да, и мене така ми кажаа, ама еве од кај нас ни третина од групата не отидоа, од други групи пак кајшто имаат слободен ден во петок, тие што не се од Скопје дома си отидоа уште во среда... така да не се секирај, мислам дека не може ради таква глупост на толку многу луѓе да ни направат некаков проблем околу испити/семестар, само на хартија изгледа се рачуна за задолжително тоа :)
     
    На FairyGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  9. FairyGirl

    FairyGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 декември 2011
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    8
    Пол:
    Женски
    Уфф се надевам :) Фалаа ^_^
     
    На Someonespecial му/ѝ се допаѓа ова.
  10. lolo1166

    lolo1166 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2013
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    22
    Пол:
    Женски
    Ми ја украдоа студентската легитимација и сега дали може да ми дадат друга од студентски прашања и дали треба нешто да доплатам ? п.с индексот го имам.
     
  11. DaRkWiZzArD

    DaRkWiZzArD Активен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2015
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    дали некој ке може да ми помогне за темата " Животот е единствен дар кој не ја знае цената " стварно сум мн лоша во текстови или слично па не надевам некој ке ми помогне ^_^ фала однапред <3
     
  12. Фемина_форумkaaa

    Фемина_форумkaaa Нов член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2015
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    feminki pomosh. mi treba kratok raskaz na germanski jazik.ve molam pobrgu.blagodaram
     
  13. СС18

    СС18 Активен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2015
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    37
    Здравоо..Дали некој знае да ми помогне во врска со песна за Св Климент..Доколку некој знае да напише песна или можеби има да ми помогне..Песната може да има до 4 строфи..Песната за Климент ми е за утрее!!!
     
  14. MayDiamonds

    MayDiamonds Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2013
    Пораки:
    1.759
    Допаѓања:
    2.064
    Мала помош, дали знае некој кои се 4 вариетети на македонскиот јазик?
     
  15. borjan4eto

    borjan4eto Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 август 2011
    Пораки:
    164
    Допаѓања:
    305
    мислам дека на угд се плаќа исто како да си извадила нова, за уким и другите не знам
    прашај си најубаво на студентски прашања
     
  16. Notsosmart

    Notsosmart Нов член

    Се зачлени на:
    6 декември 2015
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Машки
    Дечки ми треба есеј по граѓанство на тема јас како дете моите права и моите обврски фала однапред
     
  17. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.090
    Пол:
    Женски
    Па ако јас напишам во мое име ти нема да се пронајдеш и наставничката ќе ти каже дека не си го пишувала ти.
    Тоа е твоја тема треба да си го загрееш столот и да напишеш.
     
  18. any5

    any5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2012
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    1
    Здраво.
    Феминки ми треба ваша помош доколку некоја од вас знае и може да ми одговори на прашањата
    1.Кога цената се зголемува при едновремено менување на понудата и побарувачката?
    2.Кога цената останува иста при едновремено менување на понудата и побарувачката?

    Благодарам однапред
     
  19. Angelina11

    Angelina11 Активен член

    Се зачлени на:
    11 август 2015
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски

    Па душо сигурно си 3год. и мене баш тоа не ми беше јасно па и јас ќе ве замолам кој знае да ни помогне
     
  20. FotoLina3

    FotoLina3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2014
    Пораки:
    90
    Допаѓања:
    43
    Не сум сретнала досега вакво прашање, ама сепак ќе пробам да го одговорам (студент сум на економски)

    1. Цената расте ако понудата се намалува или ако побарувачката се зголемува. Ако станува збор за истовремено менување на понуда и побарувачка, најверојатно треба да се намали понудата и истовремено да се зголеми побарувачката за да расте цената, макар што може да расте и само ако едното се смени а другото остане исто.

    2. Иста ќе остане ако се намалат понудата и побарувачката истовремено, или ако се зголемат истовремено. Пример: се зголемува побарувачката (цената расте), но во исто време се зголемува и понудата (цената се намалува) со што ќе се елиминира влијанието на порастот на побарувачката и цената ќе си остане иста.

    Ова го одговарам по логика.
    Ако грешам, некој слободно нека ме поправи.