1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Помош од стручно лице

Дискусија во 'Образование' започната од LegallyBlonde00, 16 октомври 2019.

  1. LegallyBlonde00

    LegallyBlonde00 Активен член

    Се зачлени на:
    6 март 2019
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    36
    Пол:
    Женски
    Ве молам за помош од стручно лице или адвокат .
    На мојот син кој сега има 10 години и е во 5 одделение , уште пред 3 години му е дадена дијагноза дислексија и дисграфија ( добиена од Симпо со документација ) со тоа што и пелтечи и учењето многу тешко му оди. Документацијата е однесена во неговото училиште и таму е напишано да оди кај училишен педагог и дефектолог два пати во неделата да работат со него . Еве три години јас мака мачам со нив затоа што за тие три години они го имаат викнато само 10 пати . Одам кај директорката и таму пусти ветувања а и директорите таму се сменија секоја година некој нов со ново ветување . Одделенската наставничка работи со него али ретко и она затоа што има 34 деца па додека посвети внимание на сите .Лани потпишав ИОП каде е напишано како ќе му се посветува повеќе внимание , дека ќе одговара повеќе , темите на часови ќе му ги праќала по маил за да може повеќе време да се спреми али ништо ни од тоа . Од оваа година општината додели асистент кој ќе им помага на часови на тие деца за кој и поднесов молба лани но и од тоа ништо ,асистентот седи цел ден со дете за кое родителите му ги нашле преку врски во општината . Дали има некој правен основ да го тужам училиштето или каде да барам чаре ?